како. Сега никако. Цел ден не ги видов моите и сега ми здосадија со прашања. А јас пукам од нервоза. Заспав во ниедно време па и станав во уште пониедно време. 5 и пол. Дремев и се шуткав како удрена низ дома и јадев во 6 сабајле. ДА. Како стока. Што да се прави тоа е. Отидов на глупавиот факултет и трчкав по потписи. Додека дочекав мислам дека реума ми фати газот од седење на клупа. Дојде и паузата од три саати каде дремев на кафе. Јас непушач. Околу мене сите од еден до последен пушачи. Да не се изразам.... абе ке се изразам простете ми Ама ми ја е*аа мајката со цигарите. Со чадот. Не можам веќе жими се. 7 кутии. Дали знаете што е тоа за три саати. Пукам. Пукам. Жими се. Па дојде досадното предавање. Сте ја гледале рекламата со колите кога професорот збори 400 на саат. Е таков е нашиов. ме поремети. Да не зборувам па за шоферот во бус на вракање. Си ги отчашив рацете држејки се да не паднам. Се враќам од факултет. Црни темници. Се јавувам кај да речам моето теле што моментално е вол и понадаље секоја животиња не му е рамна. Се јавив зашто темно ми беше да ми праи друштво. И морав да рчкам за глупости. Морав. Не можев јазиков да си го додржам. Абе Боже зачувај. Ајде да не се расправаме на телефон. отидов кај него. Што дека. Демек нешто решив. Зошто нервозата ја истутрам на друг. не поправка. На него. не на било кој. А тој па ме трпи. Божем малку проблеми има. Остајте тоа па и крив ми е накрај. Жени жени. Што да кажам друго. Дојдов дома и сега забележав дека последните 200 денари сум ги изгубила. баба ми што има 80 години не е толку извеана колку јас денеска. Полудев а не знам зашто. Да не го спомнам и фактот што 14 саати не мо*ав. Не можам бе во друго вц. Покрај главата допринесов и Бубрезите да ми пукаат сега од болки. Благодарна сум им само на моите што не се сомневаат дека не пушам иако трујам на цигари. и положив еден од најтешките колоквиуми па и тоа ме држи среќна. па пмс оди си побрзо. Е не си оди вчера дојде чекајте. Врти сучи не може се да е розево 24 саати. ама се ке биде добро. Утре е нов ден. А ова не сум јас. Некој друг е. Ке се вратам јас набрзо.
Е во 6 сабајле никогаш подобро не сум се чувствувала Обично во 6 сабајле не се чувствувам НИКАКО затоа што спијам, или евентуално сум ни на небо - ни на земја затоа што тогаш сум се прибрала од некаде, нозете ме болат од штикли а во крвта се‘ уште имам алкохол (браво Хипицо, за фалење си ). Но денес нема да дозволам НИКОЈ, разбравте?, НИКОЈ! да ми го зезне убавово расположение. Си имам ете и јас така некои фини убави денови и ги искористувам до крај, ептен ме ЌЕФААТ (леле зборов ).
Станав во 7х...не по избор, по обврска.. се oблеков, трчајќи онака.... Панталончиња...сако... штикли ...па се плеснав со малото прсте во врата (нормално) ... и брзанка накај работа... Вчера имав непријатно искуство со Мистер Икс, па едвај чекав да заспијам да ми се разбие нервозата на милион парчиња..Кој да ти знае дека таа се кумулирала...Добро бе што човек ќе бев! И станувам сабајле, со моите се срчкав за СЕ ШТО МОЖЕВ пошто ако не ова ќе го правев во соба ...Одозгора на овие пријатности, лејди ин ред дојде да ме посети овие пет дена, подуена сум како да сум у 3ти месец, не можам сама себе да се поднесам па се загрижувам понекогаш како ме издржува Дотичниот.... Уатева...
Добро утро на сите, денеска супер ни се погоди временцево. Ајде сите на шетање. Зимава ретко ќе гледаме вакви денови. Убаво се чувствувам си се стокмив убаво и после постов фаќам магла Имајте убав ден
Лошо, ненаспано... Оваа црвенава тетка цела ноќ не ме остави мирна. И да, станав отпорна на сите можни апчиња против болка
Би сакала да можев да дефинирам како навистина се чувствувам, ама не можам. Нешто ме мава, некаде во мозоков, немам поим што ме фаќа... дали претпразнична депресија или еуфорија, не знам. Ама како да сум во некој лош филм влезена, те весела, те депресивна. На моменти не можам да престанам да се смеам, а веќе следниот момент ми се плаче. Што ќе беше ова чудо од расположение....
Жал ми е што си дозволив да ми го расипат убавото расположение од по сабајле. Сега сум напната, несигурна, па згора на се почна и носот да ми тече Гледам сите сме напнати со колоквиумски, испрашувања, писмени....ајде ќе помине и ова само малце повеќе да го загрееме столчето и ќе биде ОК. На сите ви ја испраќам сета среќа за да положите или да добиете петки, па после ќе славиме
Среќно. Еден збор изразува многу чувства. Уште една недела за нова година. И да.. возбудено. Чекам да одам на тренинг.. Само за да го видам омилениот во бус.што незнам ни како се вика ни од кај е..
Значи само јас и Speechless сме комплетно среќни. Убо ми е тргнато во последниов период, немам навистина од шо да се пожалам