Раскашлано, размрсулавено , секогаш во овој период се грипосувам, башка тие полугодишни оценки ме исцрпуваат ПС : компјутерот ми е на поправка и ми го направиле, сега уште да почекам да ми стигне од Скопје и ќе можам комотно да пишувам тука.
лошоооо .неубаво ..тешко ми е ама многу тешко ме боли душава ме боли срцево .. се утепав од плачење ааах
Педагошка мерка? На мене педагошка мерка? За една обична глупост, што сум се скарала со глупавата професорка. Ах колку полоши ги има од мене, али таква ми е среќата. Леле не ми се верува педагошка мерка. А и оваа мама, вика ТИ НЕМОЖЕШ ДА ГО ДОБИВАШ СЕКОГАШ ТОА ШТО ЌЕ ГО ПОСАКАШ. Бре, што јас толку добивам. Какви се ги има, јас сум злато ќерка. Пуууу па и дома под стрес да си. Тензија насекаде. Сигурно е до мене, гарант јас ја создавам оваа тензија оти премногу се замарам. Ќе си траам и ќе си правам од сега па натаму. Ова можеби требаше да оди во испукај се, али ете денес се чуствувам нервозно и напнато.
Убаво си фантазирам како ке ми биде за новата година што изненадување да му спремам на златниот мој.Сама си се смешкам и потпевнувам.Некако сум срекна исполнета.
Со добро предновогодишно располозение. Можда е малку рано ама поубо порано отколку покасно. Цел ден слушам некој песни. За нашкола не ви кажвам. Со еден збор се чувствувам откачено, радосно и насмеано.
Многу сум расположена и се чувствувам одлично со оглед на тоа дека колоквиумска недела ми помина супер и се ќе си положам
Грдо! Изморено од секојдневното молење и дремење пред исфрустрирани будали, кои по некоја „случајност“ ни ја деркаат кожичката Оптимизмот додуша пак ми се искачува, ама да не пукнам пред да ми се наполни?! Хм... Ааааааааах...
Денеск малаксано. Имам големи болки во стомакот и во главата и не отидов на училиште. Ете сеа ќе се досадувам по дома.