За разлика од двеве дами горе. Јас сум ненаспана ич. Исфрустрирана од пензионери. Нервозна. Пмсоидна. Нездрава. Омалаксана. Не гледам ништо. Ме боли глава. Мобилниот го треснав ненормално. Името Велија кошмар ми стана веќе. Ништо не решив на колоквиум. Би му дошло блок делит. Чао материјалче. Пред разболување-се надевам нема убаво да залегнам во кревет. и тако то.
Ме демнее фазата во која се пронаоѓам себеси, ја наоѓам, оформувам и зацврстувам вистинската Вајлд Чајлд. Не знам колку ќе трае, ама сакам да заврши што побрзо пред да спобудалам од нередов. Сакам перфекција, симетрија и совршен ред, ваков животот да ми биде рамен __________, без ниту едно мало, ситно и глупаво проблемче! До пред два-три дена се` беше тооолку убаво.
Денеска сум си мирничка, со сите завршени обврски и тоа успешно, исполнет ден, одличен почеток на последниот викенд
Паааа,се чувствувам онака..добро е зошто не би било? Си пијам нескафе и уживам. Сеа прошетав по Скопјево,као демек да ја видам улица Македонија како била украсенааа god damn,јас да ја китев,10000000% ќе беше пубо. Идиоти..ко на заебанција се ставени сите сијалички..а Охрид уште не го иам видено како го украсиле..само на слики Ама добро де,ние охриѓани скромни сме..зато и да не е нешо посебно,немат гајле..lol! И сеа кој филм да го глеам ?
Прво, се изненадив во последниве 20 секунди. ^ Уште една наша тука Пред час-два да ме прашаше некој ќе му речев дека светот ми се руши. Дека поддршка од тие што најмногу ми треба јас НЕМАМ и дека сакам за инает да им пишам некоја самоубиствена порака (ова блефирачки) за да ги стрефи малце, да промозгаат со тие нивни мозоци што прават и до каде ќе дотуркаат со ваквиот однос.... НО Сега ми е подобро. Откако ја отворив скриптава и видов дека светов не бил така црн како што мене ми се чинел, подобро ми е. Па добро, знам дека сакам да претерувам. Еве сега баш ми текнува на двата часа поминати преска во тоа НИВНО (ви се молам) бифе со три личности за кои не ни верував дека ете така ќе ми тргне муабетот со нив. Си се сеќавам што убаво ми беше и I'm looking forward to да пијам со нив уште 584665 кафиња, се разбира и по завршувањево на нашава факултетска дружба. Многу битен елемент од мојата пред-двочасовна депресија е помислата дека Новогодишните празници ќе suck, дека ќе терам инает магарешки, дека и Божиќ (мојот прекрасен Божиќ) ќе го преседам под јорган планина во собата моја северо-западна. Дека на најлудата ноќ јас ќе сум накурчена до Плутон и назад, ќе бидам смуртена (колку нетипично за мене, нели?) и ќе си одам дома во еден часот. Ама мојава цветна спретна природа не ми дозволува такви грди мисли да ми се мотаат низ паметново главче. Си имам едно пријателче кое ме дрецка од земја (камо во буквална смисла да го правеше тоа, ефектот би бил подобар) и сите ѓубриња од главава ми ги носи право в петици, за да ги згазам кога одам, од нив прав да направам...
Искористена! Како некој да страдал за љубов, бил жеден па застанал и се напил од мене, и пак заминал. Е ова е најгрдото чувство што може да постое!! Да сакаш да истепаш некој, а тој не е до тебе да го ошамариш
спокојно,радосно,но и замислено. размислувам длабоко за средината,околината и никако да ја прифатам.....се е испревртено па тоа влијае и на мене.не сакам ,ама не сакам да бидам ваква,секогаш сум оптимистички расположена и денес е така,само една трошка во мене се сомнева за другите околу мене.ми мириса на цинизам...
Ко да не е сабота. Ко да измислиле нов ден во неделата пошто не се осеќам како во ниеден друг ден. Ко да не е Нова година за една недела . Ко да сум му лута на дечко ми . Ко да сум гладна. Ко да не требаше да пијам вчера . Ко да станав у 9х а легнав у 4х.. А уствари ништо од ова нема да се истркала низ устава моја, пошто за еден саат многу веројатно ќе се осеќам оратно. Освен тоа со заспивањето и легнувањето. Е тоа стејс д сејм.... I'll keep you updated my ladies!
Буквално онака. Шарлатански. Малку со ужасна главоболка и со огромни крајници ама не им се давам. Покрај тоа може да се рече и убаво ми е. Но малку сум на нервна база. Ама знам се ке помине. Сега така се чувствувам. до после ке сменам расположение.Тука нема дилема
Денес...позитивното расположение и денес ме мава во глава,ме посети без никакви причини...Се надевам дека ке ме држи цел ден сакам да си останам расположена Станав си апнав јаболко во потрага по појадок си пронајдов таан алва со какао си апнав и заборавив на појадокот а кафенцето ми дојде како црешка на врв од торта сега гласна музика анд енџоинг ин д деј вит . ...уште еднаш се докажа дека после ДОЖДОТ довага СОНЦЕ...(синоќе денес сонце ...
Некако нервозно без посебна причина. Се надевам за кратко време ќе помине. Кафенцето денес не ми пропадна баш, немаше кој да ми прави друштво. Сега сакам само да се опуштам и да се подготвам за прошетката која со нетрпение ја очекувам
Изморено и ненаспано. Неможам да сватам зашто не спиев добро нокеска. Накај 5 часот се разбудив и останав будна до 9-10саат па станав. Она се обидувате да заспиете али неможе..не ми е јасно и сега уморна сум нормално...мислам дека ми фалат витаминчиња
Шарено. Таков џемпер и ќе облечам! Одам на предавање за здрава храна, а после тоа се збираме сите 4 другарки со мајките и ги водиме на топла чоколада. Е тоа вреди да се има во животот. Мајка, другарка, и ум. Срцето, кој го врти. И онака само пумпа крв за да пишувам и пеам. Скарана денес со бинарната љубов, мхм. Ја слушам Елизабет Фрејзер како вели дека треба да си ја погребеме гордоста. Ај да видам.
Меланхонично, депресивно.. абе за никаде. Срцето ми е полно со болка па уште и забрзано чука, ми го одзема здивот.
Божиќно расположена. Кај нас дома денес се е среќно. Поклони, муабети, топлина, абе најубаво. Си го сакам денов. Си го сакам семејствово.