Уморно...цел ден правам три работи јадам,учам и спијам Ама затоа вечер ќе си го подобрам расположението со некој добар филм, или добра прошетка низ градот
Ми се спие ми се плаче... ама нема да дозволам ОДРЕДЕНИ особи да ми го расипат расположениево. А и така ми се покачи самодовербата по колоквиумот преска
На почетокот на денот еуфорично и празнично расположена, ама нели секогаш мора да се најде УТКА која ќе ти го расипи расположението (во мојов случај се две утки ) и поради нив ќе си седиш со фаца и со споени веѓи !!!
Развеселено и хистерично Ми годеше еден муабет па сега фрлам пуфки насекаде! И толку многу обожавам да го кажувам она што најмногу мразам да ми го кажуваат: „ти реков“
во дилема сум! И Достоевски би имал проблем да ме опишит.. И преуморна сум..најуморна buuuuuut every little thing 's gonna be allright
Смирено и сакано..Убаво е кога знаеш дека некој ти го чува грбот постојано и мисли на тебе. Беше време да се средат некои работи..
Нешто убаво во мене се скрши. Не знам како ке си го залепам. Сериозно. Се мразам себеси. Не само надворешноста туку и внатрешноста. Кога најмногу требада искажам чувства јас ќутам .... се нервираат двајца и ке дојде до кавга. ма не е дека јас не сакам ... Некако не можам да ја отворам устата. Можеби е полесно човек да се исплаче отколку да каже што носи длабоко во себе. Како да се плашам ... Како срцето да ми трепери.... Страв од непознато. Боли тоа што толку се здебелив. не е битна причината. Јас дозволив да дојде до тоа. По долго време треба да одам во град ... Само знам дека немам ништо да облечам ..... Ништо од лани не ме собира. Верувајте ми не знаете која болка е таа. Ми се искина срцето на парчиња. Сега се мразам. И што ? Пак ми е страв да превземам нешто во врска со тоа. Страв од неуспех. Зошто сум толку мека? Глупачка сум. Ете тоа. Можам да изнајдам сила да ги слушам другите а не си ги слушам своите желби и сонови. Сакам хармонија меѓу мојата душа и тело. Нажалост ја немам. Не се чувствувам убаво. Искрено најискрено од длабочините негде на мојата душа го пишувам овој пост. Паѓаат солзи по моето лице.... Неретко кога ке поминам покрај некои машки се прашувам што мислат. Не само машки. Општо група на луѓе. и во автобус кога ке влезам. Толкав комплекс имам не знаете колку боли. Често се прашувам и зошто тој е сеуште со мене. Може да си има некоја девојка слаба и пониска од него. А не дебела и висока колку него (малце може повисока) ... Сигурно сака да го гледаат со убава девојка покрај него ...... О колку само кавги предизвикав ... Наместо да му кажам што ми лежи во душата јас барам рчки ... Колку само плачам ... Нема вечер да не ми текне колку бев послаба ... Кога можев барем со мерак да излезам да купувам знаејќи дека ке најдам нешто. Никогаш не сум сакала шопинг ама сега ептен го мразам. Од дома имам поддршка. Што ме кочи толку? Што? Ништо. Тедимече ти си мекотел. Тоа е единствениот одговор. Си мислам дека крактерот ме вади. дека прави луѓето да ме сакаат и ценат. Но секогаш се осеќам поинаку ... поинаку полошо ... Како еден дел да ми фали. Еден дел од мене. Од срцето и душата .... Кој знае... Никој. Човечката психа е тешка ... Мојава е претешка ... А ова ги премина сите граници ... Денеска се осеќам толку бедно .....
Никако. Денес ако ме дирне некој богами ќе настрада (во приватен живот) Незнам зошто но нешто не ми е денов. Имам вишок енергија која колку и да ја трошам повторно не се исцрпува... Мразам да го кажам ова, но едвај чекам понеделник
Интересен ден, во нова средина, нов град, нова куќа нови родители и маженцето мое до мене, малку збунето непривикнато на новото, ама ке биде и тоа, убаво ми е
Стомак ме боли кај ме боли од што треба да дојде теткава,уште тоа фали и вчера исто и денес, незнам што е,да не е грип мака ми е
Како да ми лази цистерна по живциве..нагоре надоле нагоре надоле нагоре надоле... Ко да ми се иде на пиво. Пјаца, хир ај кам.