И јас сакам во пјаца, и јас сум дете па Уф, ама озбилно како би отишла сега на едно пивце, да си ги растерам бригите...Пивце за живце Убав помин Дафне, пивни и за мене некое голтче
Ќе се напијам, едно за тебе, едно за мене, едно за инат на неделава... или евентуално тоа првото ќе го делиме - и за мене и за тебе- не за друго, за да си доползам дома некако.. У 12х ќе славам СРЕЌЕН НОВ ПОНЕДЕЛНИК така да си знаете!!!! СИте да сте ми честитале!!! Факинг недела
Ммммм... како може да се чувствувам во недела? Серизоно планирам да почнам да ја славам Недела, денов само задоволства ми пружа...
Чудно, чудно и чудно. Така ми се плаче, ми доаѓа куќава да ја поплавам, ама пусто не можам ни солза да пуштам. Ќе пукнам.
Како да речам... А да не згрешам? Ми фали, многу. А го нема. Дефинитивно, го нема. Тоа е тоа, драга моја. Ќе пишувам веројатно уште повеќе. И само тоа ќе ми остане - песните.
ден како ден може би малку потопол од предходните. се излежував до 10 30 со моето мажуле, никако да станеме. прегратките кој си ги даваме еден на друг, нежните бакнежи и топлите зборови не ни дозволуваа да станеме порано. љубовта се чуствуваше насекаде и тоа придонесе денеска да се чуствувам потполно заљубена заштитена во прегратките на љубовта. сакам кога сум вака разнежнета, кога имам на кого да го посветам денот, сакам кога можам да дадам насмевка да примам среќа. ете така се чуствувам денес........
Само Вајлд може да се разболи една недела пред Нова Година и никој друг! Тркнав до аптека, се частев на сметка на моите. Парацетамоли, Амоксиклави, Витамини, Б, Ц... Како ваљак да ме преминал се чувствувам попладне веќе една недела. Лимонов низ уши ќе почне да ми истекува. Гаргари, чаеви... Ако бидам приморена да лежам цела недела-ќе цркнам пред ТВ во кревет. Ве поздравуваат Вајлд , и нејзиното другарче-негувалче.
Секогаш кога преспивам денски, се‘ ми е наопаку, а во последно време стално преспивам денски. Ех ова учење ќе ме уништи, ама мислам дека се исплатеше. Фино лепо си ја напишав приказната во рок од 45 минути, на заминување и‘ посакав Happy Holidays на душата мила и едвај чекав дома да си се довлечкам. За прв пат во животов не знаев што ми се прави повеќе: дали ми се јаде или ми се спие. Ама задоволно поспана бев. Некако цел ден ми одеше од рака... кога само ќе помислам дека имам уште за учење... ама си се тешам со тоа што утре завршувам за 2010, КОНЕЧНО!
Грдо, залудно се трудам со пари да си ја пополнам празнината. Си купив се и....што сега пак си плачам, а и се нервирам заради потрошените пари во афект. Сакав да го видов....го видов и сега? Сега пак се од почеток, пак плачење пак афективен шопинг, пак искушение, ох магичен кругу кога ќе завршиш веќе еднаш, се изморив се едно та исто. после дождот доаѓа сонце , но некогаш бурата остава трајни штети
Прекрасно. Цел ден ми е исполнет со насмевки, цел ден ми е весел, цел ден сум расположена. Ех, да беа сите денови како овој.
Абе арно си го почнав денов со супичка и јаболка...си дојдов од школо и мама правела пржени мекици...абе се прејадов па и кафе оххх ке пукнам ..ке експлодирам
Пхх.. грдо. Неисполнето, немотивирано, тажно. Ме маваат бедови. Катастрофа ми е периодов. И баш се тоа пред Нова Година.
Горда сум си на самата себе, си го постигнав тоа што го сакав и се останато ми тргна во нагорна граница...пу пу да не урочам, ама се си дојде на свое место
Не баш најдобро Стомакот почнува да боли од денес па натака ...желудникот ми бара само чоколадо ,и забите почнаа да ме болат од благово .. Ама па не е и толку лош ден,има и убави страни Се почувствував исполнето кога ја добив прекрасната порака од другарката од Њујорк,се уште мисли на мене
Жал ми е што не дипломирав денес ,но нема да се откажам се разбира,и нема да се депримирам и денес,денес ќе си кулирам ианко не е баш ситуацијата за кулирање ама јбг....Друга среча...хихихи
Како и секој ден! Никако! На моменти добро, по само секунда катастрофално! Не ме фаќа ќеиф за ништо, не сакам да правам ништо, не сакам да видам никој, не сакам да ме гледа никој. Дури и средувањето на моиве веѓи, на пример, кои очајно плачат за пинцета, не ме интересираат И даааа, не ми иде во врскава, не, насила денес, утре ќе помине, па следниот пат ќе се сакаме! Ај најдете нзс Влијае и менструацијава, ама, и тоа повеќе е оправдување сега Не чини, е тоа!