ужасно цел ден акам по дождот се мафкам ваму таму се изнафрлав пари ама све купив без кеф имам некое безвезно чуство ништо не ме прај среќна има огромна празнина во мене зошто?
помислив дека денес ќе имаме снежен ден. ок малку се разочарав дека не го добив тоа. но ништо неможе да ми го расипе денот. карак напред можеш ти.... она што го сакам кога тогаш ке го добијам. ме обземаа мали нервози поради средувањето по повод дочекот на нова година од страна на нашиот колегиум. ех колку се луѓето лоши, но сепак успеав да ги победам. сега среќно чекам да дојде часот на таа прослава.... ме исцрпија денес се сите мали нервози и грижата дека моето најмило е настинато а јас не сум до него да го лечам со топли бакнежи
Врти сучи убаво. Подочњациве уште малце под земја ке ми отидат со кртчињата ке се фатат оро да играат ама ако. Само нека е за арно. Јадев рускааа салата и кифлички. Њам њам њам. И ладно ми е пошто зашто болна сум ... Среќа мама е по цели денови на работа нема да ме кара многу Затоа тато па ја мења... И сега бев до вц боса што е нормално од кревет станав и почна со проповедите... Стандард им е за моето неасолно облекување да викаат ама па мене не ми е ладно никогаш. освен кога сум болна или коа ке ме шашнат некои бубачки. И денес бев на роденден. Пак винце. Олку бурен викенд одамна не сум имала. мајке ми моја не ве лажам. Ама денес си бев во патики. Аааа па рани ли да ми се праат. иш не можам. Многу ми се спиеееее тоа знам. Ама срце не ми дава да си легнам без да напишам некој пост на фемина. А и страв ми е да си легнам да не станам утре многу касно случајно
Отсутна во мислите...од сабајле! Се чувствував расеано, се и сешто низ главата ми се мотка од сабајле, но не можам да ја задржам концентрацијата! Некако ми бега секоја мисла и се чудам што всушност сакав да кажам и да сторам! Ако денот по утрото се познава тогаш 100% денешниов би бил тапа ден!
Наспана. Сега гледам колку е важно да сум наспана. Кога сум наспана имам елан дури и за учење. Настрана тоа што сношти и утрово зборував во сон Уствари зборувањето беше сношти во глува доба, а утрово се смеев Да, да... братучед ми ќе ме исфрлеше од собава ми се чини, го разбудив Ама па толку слатко и со ќеф одамна се немам смеено Го обожавам брат ми... кога спие Единствено што окупира тогаш е само креветот Ете феминки според смајлињава можете да заклучите дека сум видно расположена. Бидете и вие денеска. Ве сака Хипи-ипи (што би рекла Теди-Мече)
Ааа ќе се караме Авторот на твоето второ име сум јас! Хипи ипи....Ќе барам авторски права да си знаете
денеска сум некако загрижена а незнам зошто нема некоја посебна причина ама ете таква сум ...сакам да ја поздравам јуле77,исто така ја немам читкано одамна
Добро во 3часот се прибрав по полнок ама не ми се спие убаво си поминав и ме држи расположението. Цел ден си се сама смеам од синокашната запивка женско друштво можете да замислите...... Сакам секој ден вака убавко да се чуствувам
Болна Болна Болна Сега се чудите дека се смеам ... Па се смеам што да правам. Не дека не ми одговара да лежам во кревет. Не мрдам ни со прст а само ми носат те сокче, те благо,па порктокали мандарини абе се што ке посакам Убаво е вака. Нека ме мазат и пазат малку и мене не само јас нив Само нека не се бунат многу кога ке почнам да скитам деновиве зашто и да врне и да вее и бура да коси јас болна не болна ако наумам нешто ке го исполнам Иако за замислување е фактот што одамна олку асолно не сум се разболела ама неколку бактериофаги и еден течен нос и два крајници како ореви не можат да ме рушат. Нека си одат побрзо или тешко нив
СД ти К дека ми недостасуваш - странецу ? Не,нема да почнам со патетика,знам дека ја мразиш - т.е. ја мразеше,а сега .. кој ти знае .. Незнам од каде да почнам - збркани ми се чувствата .. Мислам на тебе - не често али кога и да помислам ме фаќа носталгија - по детсвото можеби .. Кажи ми,дали прво да ти кажувам за мене,за нашите најдраги комшии или пак за тоа како се почувствував кога те видов после 5 години - без ниеден контакт ? Епа да - се одлучив - прво ќе ти кажам за третото .. Најболното ! Беше тоа една,убава летна вечер - како што знаеш и самата,штотуку избањана си ја сушев косата и си читав '' Катерина '' ,кога Ивана ми тропна на врата - '' Дијана дојде,си дојде,на гости е кај тетка .. и чичко ..,ќе си појдат сега - дојди - дојди да ја видиш .. Дали можеш воопшто да претпоставиш како се почуствував ? Срцето ми лупаше 200 на саат,рацете ми трепереа - веднаш се потсетив на денот пред 5 години,на твојата опроштална забава и моето плачење долго во ноќта Денес ќе ја видам ! Денес ќе ја видам ! - беше тоа неверојатно чувство - Верувај ми ! Спаднав до долу и ги видов обувките пред нивната врата - ништо отидов надвор - со Ане и со тетка Динче си разговарав за нашите впечатоци за '' Ќерката на чуварот на спомените '' . Повторно од некаде дотрча Ивана : '' Кика ајде - побрзај - само што не пошле '' . Одам со Ивана - пред мене куп народ - се собрале комшиите да се видат со вас - а јас ја мрдам главата лево - десно и прашувам : '' Каде е ? '' . Добивам одговор '' Ене ја - девојчето во туниката '' . Одеднаш целиот тој лавиринт од луѓе се трга и те здогледувам ... Не - тоа не е девојчето со специфична насмевка и продорен и горделив поглед кое секогаш велеше '' Имам план/идеја '' - кога и да се работеше за некоја смислувалка,ова сега беше прекрасна мома,висока убавица .. Ме прегрна и кажа нешто - ух дијалектот ти е толку различен - еј будало ( си велам на себе ) 5 години во друг град - зар не мислиш дека се сменила ? Чекај - па тоа не си ТИ - тоа е СТРАНЕЦ .. Некој на кого сега му го знам само името и ништо повеќе .. Зарем тоа остана од нас - од тебе ? Заминувате ! А јас конечно се привикнувам на болката - како далечината одздеде едно пријателство Инаку сакам да ти кажам ..Ние сме добро ! Не не - не ние како фамилија - туку ние - твоите поранешно блиски .. Ќе ти кажам за сите по нешто : Еј - Нине замина за Охрид,Цаци мислам дека сеуште оди со истиот дечко,знаеш дека ...е влезе во светот во шоубизнисот - забавно е да се гледа комшиката на телевизија секој ден О па што зборувам - и ти сигурни ја гледаш .. Лили е уште жива - oh yeah - и лае по цеел ден - Марија порасна во слатко девојче - одиме заедно на училиште - инаку вие летово не се видовте пошто таа беше во Франција,за Љупка и Дарко ништо не знам,тетка Боца се отсели па така јас си ги мењавам комшиите како чорапи,ние сме добро - тато има нова работа - две години се изнамачи човекот - Ана е четврта година - сеуште не можам да се навикнам на фактот дека од следната година - ќе бидма сама во собата ,инаку со новите комшии ( што дојдоа наместо вас ) одлично се сложуваме .. Ама одлично! Посебно мама и тетка Ленче , Ане не е веќе толку лоша али Матеј ќе ја замени - замисли цициите купија кола .. Ваааааа знам знам дека паѓаш од столот од смеење и вчудоневиденост.. Еј - Ивана г - почна да излегува во чаршија - порасна,Сање два пати беше за Америка,дедо Раде почина Тетка Суза се прежени ( и тоа два пати од кога си отидовте ) - А Даце има две мали машки дечиња,Кате се ожени за еден познат фудбалер - си има две дечиња,Далибор има сестра,Ивана е иста .. Знаеш дека по Мете лудуваат сите девојчињаво градот ? Ахахаха и јас не можам да поверувам .. Никица си е ист - инаку Аце се самоуби .. Сеуште не можам да поверувам .. Што да ти кажам за мене - дечко немам - ( знаеш ти гледавме слики со Ивана - ти имаш ) - па нека ви е со среќа само незнам само како успеал тебе да те укроти ПС:Сеуште стојам до тоа дека ти го имаше најубавиот хулахоп .. Се здруживме со Зајковци ( не и ние женските '' машките излагоа предавници '' ) - еј се уселија луѓево - јас сеуште не се дружам со нив - не сакам да одам таму горе - во палатата ( нашата секако ).Се усели и Сара - се здружив со неа .. Инаку другата Сара има дечко - и јас не можам да верувам .. Синот на твојата учителка оди со една моја генерација .. Незнам што друго да ти кажам - сепак се испразнив - подобро ми е !
Се чувствувам убаво. И психички, а Бога ми и физички. Џоа мисица, ама не на Македонија Си се шминкам цел ден и си се радувам што убаво ми испаѓа. Ви пуштам еден smokey eyes поглед Башка се шишнав малце денес, да си ја освежам фризурката... Море море, фали ме усто, ќе те раскинам е работава Се шалам бе... Ама сепак, денес е убаво да се биде ЈАС
На работа имав продуктивен но помалце нервозен ден! Се чувствувам повредено од однесувањето на поедини личности, ама стиснав заби за да не речам....но убаво им покажав со оденсувањето дека не можат со секој да се однесуваат дрско! Тие мене дрско, јас нив безобразно иронично ...и на крај еден игнор...мислааам,можев и со зборови да напданам,ама ете се воздржав(овојпат)! Меѓу другото денот и не беше толку лош! После се‘ знаев и да се насмејам од срце, да испијам кафе со мои драги пријатели, да му изразам љубов на либето ми и да му најавам возбудлива вечер А и дома нивото на позитивно расположение се покачило неколку степени поисоко...не верувам дека е празнично расположение,ама што и да е за арно нека е!
Изморена сум,исцрпена,2 дена по патишта натаму наваму.Барем завршив работа со документите,конечно, сега останува да чекам. Но, и покрај уморот, прекрасно си поминав!!