^ Cheer up малечко. http://www.youtube.com/watch?v=gSPUoTCnMyA За да бидеш како мене. Додуша после Доли не можеш да не се насмееш
Леле и јас денес сум тажна многу, не знам како ќе ми помине ова, али сега за сега..... мислам дека одма ќе заплачам ако ме прашува некој што ти е
Денес навистина можам да се пофалам со расположението Нема некоја причина за да бидам вака посебно расположена, но ете нешто од внатре ми иде не сум допрена трчам наваму натаму, како да мора се да се заврши во еден ден
АЈ ФИЛ СЕКСИ Си купив нова долна облека за нова година....фустани и други глупости не купувам (тоа на попуст после), ама долна облека мораф.....па да тргне годината, може ќе има и кој да ја гледа во иднина Како да отидов да купувам кило портокали....таман исто такви и ми се градниците полнети (пуш ап) налик на портокали Влегувам кај тетката во продавницата, пребарав по закачалките и и велам еден од црниов со чипка и еден кремав со сатенска лентичка Таа ме гледа и ми се чуди, вели...девојче да си пробаше или барем види ја големината.....не бре дај ваму две 75-ки и уживај си ја знам јас мерката Ладно е да се соблекувам и пробувам бе алоооооо После тоа влегов во месарница и дечкото ме измерка од глава до пети, среќа кесичето со долна облека беше шарено па не се гледаше многу што има внатре....купив пак кило мевце и кило ќебапи.....ми тргна со КИЛО. Уште некоја ситница и се пробив меѓу еуфоричните граѓани кои купуваа пакетчиња од оние турските и правец дома. Сега си се фрцкав пред огледало со градниците и сестра ми ми се смееше....ми вика НОВИ СИЛИКОНИ СИ КУПИЛА Убаво ми е и ме фаќа позитивна вознемиреност некоја, а незнам зашто Имам и куп обврски ама се правам како да ги немам
Вака во главичката среќна и мирничка, ама телото ми е истоштено, немам физичка енергија за ништо. Ме мрзи и рака да кренам. Ме мрзи и со очињата да трепкам. Мрзелива, до немајкаде. Замислувам кревет и ќебенце, да си се мушнам и да си траам со топло кафе или чоколадо до мене. Зевам и ми студи, леле колку ми е досадно. Ем досадно, ем мрзеливо = убиствена комбинација. Како шлакната со мокар чорап сум денеска. Ете баш таква.
Денес како цел воз со 20 вагони да поминал врз мене..ептен се осеќам утепано и ме мрзи за се...само мрчам...
Расположено Бев на шопинг на секси долен веш облека(Гоу да не сме се виделе ) Од тоа што ми се свиѓаше не ме собираше во градите. Па добро мора ли на се корпа да се стави? Се напнав едно време, ама на крај си најдов што си барав. Сега ќе го скријам убаво од мажето и спремна сум
Стрелец Ќе бидете полни со позитивна енергија и ќе чувствувате дека имате поддршка од околните за сè што сте наумиле. Поради тоа, денес ќе се чувствувате посебно самоуверени. Можете да се погледнете во огледало и да си кажете дека сте задоволни со вашиот изглед. Признајте колку е убаво кога имате вакви денови. Баш вака!!
Тешко на маживе со олку долна облека ^^^ Јас, арна сум еве Вие како? Куртулив од уште еден предмет, имам причина да бидам ваква .Ааа, и добро е се, освен тоа што настинка ме нападна. Новогодишната еуфорија ми скока до таван, дедо ми купи пакетче. Па знае тој, убаво кажа, дека си голема не јадиш чоколадца? Спојлер Хм, едно ме мачи...поплавата меѓу моиве нозе, нека се суши ај...
Сеуште под импресии од концертот Изцрпена до максимум. Уживав. Се дерев. Пеев. Се смеев. не ми е гајле дали е сељчки или не. Јас ги испразнив батериите до крај. Засипнав пошто нели бев болна, и зборувам како кокошка, ама тоа не е битно. Битно е јас правев муабет со тато а мама спиејчи ме слушна и верувале или не жената ми држеше предавања Ама признавам во право е. Што си дробев тоа ке сркам. ако де убаво ми е на душичката. И така ова ми се случува еднаш годишно. Она мене Се си знам јас
среќна...зошто имав утринско мазење со колата... Нервозна ...зошто не спиев убаво... Поспана...зошто ми се спие ( немогуЌе) Се мразам кога сакам нешто а не знам ни јас што сакам ни зошто, ни од каде па баш тоа го сакам, и зошто ли тоа не ме сака мене кога сакајќи ме би ме засакало уште повеќе....?