Изнервирано! Плукам (или пЉукам) на продавниците во Охрид!!! Бреееее да излезеш по долна облека и да не можеш да си купиш. Или нема многу избор во единствената квалитетна продавница, или се’ е кинеско и смрди. Пу бре! Редактирам: зедов си ги погалив четките и се смирив. Таман сум
Веќе звучам како Катакомба Спојлер со извинение мала, ама да се насмееме малку Ама морам да кажам, уште денеска барем, дека се чувствувам за никаде... дека преку такво ми е од се'. Дека не чувствувам никаква еуфорија... и дека кај и да е ќе се појави ангелот да ме прошета низ минатото, сегашноста и иднината (се сеќавате на тој филм? ). Е така и мене ќе ми направат дека не знам да се радувам на секој нов ден, а најмалку сега кога треба да ги потиснам моите болни чувства и да продолжам понатаму...
Денес за две работи кои мислев дека ќе ми го разубават денот тотално ме разочараа. По не знам кој пат ја замразив државава глупава и жалам што живеам тука. Се ме нервира и посакувам да можев да го преспијам денов.
Ја знаете од Колдплеј-Фикс ју? Е баш така се чувствувам. И не само денес, уназад цела недела. Толку демотивирано и разочарано од случувањата, некоја блага депресија, монотоно опкружување, напнати професори што ќе те сјебат во 5 до 12 и нема да ти кажат зошто, глупи, зајадливи, неблагодарни суштества, напнато дома, јас напната, просто предновогодишна магија. Извлеков поука од сето тоа, дека колку и да се трудиш, се додека постојат иживљатори е залудно. Така да братче, нека иде се у пичку материну, нема да дозволам ништо и никој да ми ја уништи утрешната ноќ! Плус 24 дена ќе се спасам од карантинот со хиени, долго време дишев на шкрги, се мислам дека овој одмор ке ми биде повеќе од заслужен.
ете Никако. Нема една година да ја испратам среќно. Нема една година да ја дочекам среќна и да не сум под дејство на некои апчиња. Зарем сум такво неблагодарно суштество. Ги мразев оние кои се жалат, Оние кои го мразат животот. Наеднаш депресија, црнила пред моите очи и јас си го мразам животот. Пошто ги мразев таквите се мразам значи и себе. По некоја логика нели. Плачи плачи плачи плачи плачи. отвори се затвори се. Срцето распрачено од се и сешто што прретрпело. Се чудам како сеуште чука. Можеби длабоко во него има надеж. Можеби знае дека се ке ми помине. Останува само на можеби. На некого ке му дадеш се. Ке се препуштиш цел. Во некоја врска. пријателска,љубовна, роднинска... небитно. Ама зошто по ѓаволите толку боли кога ке излезеш како губитник од битката? Боли боли. Знаете како ... сипај нек боли још јаче. Таква сум сега ... таква бев и синоќа. Кога за прв пат дозволив алкохолот да ме понесе се смеев па плачев .... истурав бес .... Бес долго држен во мене. Затоа што ќутам. преќутувам на се и секој. Мекуш. не еднаш милион пати сум си кажала. И ми кажале. Ама кој да ги отвори очите? Кој? Чудо како можам да речам аха добро а до мене не допира ниѓто. Т.е допира ама само за момент ... После бледее. Сметав дека на човек му се верува дека е невин додека не се докаже спротивното. Сметав дека вреди да си добар. Сметав дека луѓето знаат да ценат. Сметав дека нема пак да крварам од нож. Сметав дека се се врти. Сметав дека не е убаво да си лош. Сметав дека како што се однесуваш така ке се однесуваат. Сметав,мислев ... очигледно се било погрешно ... Можеби не сум толку созреана како што мислам. Можеби сеуште сум на патот кон растењето. Ми фали детето во мене. Го убив. Зошто го убив зошто ??? Лесно дозволувам некој да влезе во мојот живот, лесно помагам, лесно давам се од себе за нечија среќа. Е затоа сега јас пак плачам. Не некој друг. Лично јас. Човек сум да. Грешам и јас да. Ама јас во мојот речник го имам зборот извини и простими те молам. Некој го нема. А тоа боли уште повеќе. Во случаите кога знаете дека немате трошка грам вина а сте најкриви за сите ооооо колку боли. Што е најтрагично не се ни обидувате да докажете дека сте во право ... едноставно совеста и душата ви се чисти ... Зошто би им докажувале. си викам да ме знаеше некој вистински барем малку ... барем трошка... Барем еден човек да познаеше кога позади мојата насмевка се крие толкава тага. барем да знаеше што кријат моите очи. Можеби за некого ке дадеш се. Можеби ... А можеби и не .... Имаме надеж и оп паѓа во вода .... До после или утре ке напишам скроз различен пост .... Ама сега ... сега се осеќам како ваљак да ме прегазил ... Сега плачам цел ден .... гнетам благо па после се нервирам .... Никаков заклучок не можам да донесам а ни сила да соберам за да би излегла од ова неподносливо црноп меурче кое ме опружило и не можам да ја видамс ветлината во мојот живот. Како се би дала мама да не работи по цели денови ... Како се би дала тато да оздрави и да најде работа ... како се би дала да имаме доволно пари ... Како се би дала за пак да ја почувствувам вистинската среќа не само онаа површинската ... Како се би дала да се сменат некои работи ... некои пречки кои сум решила да ги заобиколам. Можеби е сега вака. Утре сепак е нов ден ... без ваквите периоди нема да знаеме да ги цениме оние веселите. На крај краева не постои среќен живот. Постојат среќни денови .... На се доаѓа крај ... тажно но вистинито .... Боли кога боли а мораме да одиме ... кога крвариме а не смееме да запреме да чекориме ... стоиме на рскрсница ... каде? каде да одам ... ваму или таму ? Запамтете секој избор е добар. Се се слчува со причина ... Се што сме ние е заради нашите избори и одлуки ... Нашите грешки и искуства ... Тестови на издржливост ... не знам само до кога. Тоа не го знае никој ...
У пм напето ептен, се изнарикав ко луда очиве ми е подуени ко на жаба, ама морав убаво да се испразнам за се ружно што ми се деси годинава АААА вриштев, за среќа сама бев дома и неморав да притресувам никого. Бито се испразнив сега можам убаво и со нови надежи да ја дочекам новата утре, се надевам ќе биде многу многу подобра ов оваа!
Тапа. Ужасно сум расположена и мило ми е што сум сама дома, инаку само ќе давав некои саркастични забелешки и сите ќе ги нервирав. Вака само самата си се нервирам и никому ништо.
Весело,слободно,задоволна од себеси,ми падна еден мал товар! Се надевам дека ќе останам до крајот на денот во вакво расположение освен ако не ме изнервира дибекот мој,а ми мати нешто....
Денеска се чуствувам многу среќна затоа што утре е Нова година..Мислам дека на секоја тема го имам ова напишано ( што има врска за Нова година ) ама ајде..