јас се чувствувам чудно и на секоја минута мислам утре е нова година не ми се верува дека оволку брзо пројде годинава
И покрај настинката горда на себе си, добро е кога ќе ти го наградат вложениот труд ти дава мотив да продолжиш и понатаму да се трудиш и работиш со исто темпо.
Депресивно... Последен ден од најлошата година во мојот живот..не знам само да се радувам што си заминува или да плачам што можеби следната ќе биде... полоша И лута сум истовремено Знам дека се знаеме краток период.. и дека треба време.. но: „Помини си најубаво утревечер и многу здравје, среќа, секс, сите желби да ти се исполнат... а љубов не ти треба мала си... “ имам 24 години не сум малааа!! Ме уништи... и како јас да ја дочекам новата година.. Официјално се откажувам од мажите!
Морам да признаам дека расположението ми е сменето за 180 степени (во право сум Сеси? ), за разлика од прегеска. Како што за секунда можете да си го залепите газето на земја, така можете и за секунда да застанете на нозе. И да, верувам во хороскоп Дефинитивно! Ова не беше возможно.
морам да признам дека денес се чуствувам одлично добро друштво муабети луда вожња адреналинот ми е 500 па заслужив една ваква вечер бе
Расположено. И наспано. Па редно ми е така да се чувствувам после целава недела што се зевам. Возбудено за вечерва? Онака. Не ме облива новогодишната еуфорија. Абе не е тоа тоа сите викаат,а што фали?
Баш сум ведра и расположена, дури и самата се чудам КАКО, со оглед на тоа колку сум меланхолична секоја НГ! Ама денес сум
Благодарение на мојата добра мамичка се чувствувам вака Фала ти мајко,немаше досега ден шо не ми го расипа,мислам мораше и овај оти инаку че беше чудно!
И мене мајками ми го расипа денот на почетокот, ама за среќа наместо да се нервирам уште толку баталив и станав среќна, и насмеана сум. Тоа резултат на протест на мојата психа Па доста е веќе, убаво е вака.
па со оглед на тоа што се разболев, ми пука главата и качив температура се чувствувам Баш ми се рамно
Се чувствувам одлично! малце сум нервозна, и стомачето ми игра, но тоа е се од возбуда за вечерва. се надевам ке си поминам супер.
Убаво...Прееска бев нервозна, се потепав се да завршам, ама дојодв дома и легнав да поспијам и сега сум топ
Па пола ден ме болеше глава,изгледа затоа што седам цел ден на компјутер,а и сега цела вечер,се зезаме со другари