Собава смрди на чад подот ко некој од нива да дошол и да газел со чевлите...Креветите што да кажам,еден куп садови за миење...али ГЛАВАВА КЕ МИ ЕКСПОЛОДИРА...али нека боли убаво ми е
се чуствувам многу убаво заради прекрасно поминатата вечер но и малку се лутам на себе си заради некој глупости што ги направив се на се добро беше
Многу прашалници се вртакат во мојата глава! Излгеда само јас сум негативно расположена во првиот ден од Новата година! Плус мајка ми ко без осет и без разбирање на моето нерасположение ме тера да и помагам во приготвувањето на свечената вечера...а јас едвај газот го кревеам од стол.... Ме мрзи, безволно се чувствувам, не ми се прави ништо! Оти така бе?(ситуацијата делумно ја отежнува и пмс кое се трудам да го игнорирам,ама безуспешно) Аххх само колку посакувам да го отспијам овој ден.... Всушност јас немам ништо против празниците , напротив...ги сакам и уживам во нив ... но годинава таа дезораганизација ми ја намали еуфоријата и воопшто празничното расположение! :roll: Не дека се чувствувам лошо...ама не се уклапам во домашната амосфера!
Одлично! Малку поспано, но среќно и опуштено. Има некоја леснотија во воздухот, мирис на празнична храна (уште да ми се јадеше супер ќе беше), и мили гости со ведар разговор. Ги прескокнувам сите марктвеновски постови на форумов и протестирам против тоа да се чувствувате мрачно!
Прекрасно... Изгледа кога не очекуваш нешто посебно од нг баш обратно излегува. И вчера огнометот на плоштад беше
Супер се чувствувам...најблиските и саканиот околу мене, топла домашна атмосфера, топло чајче и љубов насекаде...СРЕЌНА СУМ
Поспано. Рано станав, јадев, легнав. Пак станав, пак јадев, пак си легнав. Сега пак станувам, ќе јадам и се мислам дали да си легнам со некое убаво филмче или некоја од книгите кои ги добив на подарок. Изгледа ќе ја одбегнам традиционалната "втора вечер" за Нова година, некако не ми се мрзне пак, а и онака вчера ги видов сите во комплетно побудалено издание... а и они мене. Уморно, но среќно, така се чувствувам.
Кога мислиш оти се е отидено во неповрат....БУМ...обратно е! Оваа година ми почна убаво, е сега дали ќе потрае ќе видиме Сега се чувствувам типично празнично новогодишно, прејадена, препиена, со болни табани и затнати уши И со блага вознемиреност, не знам од каде тоа чувство Како и да е, празници се ближат, да сме здрави и живи!
Ме болат нозете - сега сфатив дека синоќе 4 саати скокав на штикли од 12 цм Имам модрица на лактот - се утепав вчера, зашто еден нестабилен пијан луд од што сум му мило мало ме малтретираше и така си западнавме двајцата Ме боли и глава - од виното бело што ми го замати паметот Ама многу ми е убаво ете ваква сум ни на небо - ни на земја Не сум затрескана, ниту заљубена.....само сум си среќна со самата себе и со тоа што полека но сигурно нештата се менуваат, јас се менувам.....и тоа се надевам на подобро.
Се надевам дека годинава нема да продолжи така како што почна. Душата ми е стегната. Една од моите најдобри другарки се пресели. Не е крај на светот, разбирам јас и виртуелно комуницирање и се, ама трешко ми е бре, тешко ми е!!! Ми недостасува и некој друг, макар и виртуелно. Порака, глас, што било, само контакт да има. Ајде, уште неколку дена, ух, како ќе се издржат... Годинава ми почна со болни деца. И после стегната ми била душата... е да. Башка и на вага се качив сабајле. Не знам што ми требаше, после толку прасе, руска салата, кифли, вино, и не знам уште што се' не. Знам што ме мачи, ама не си признавам. Т.е. си признавам, само не сакам да кажам. Ми недостасуваат драги луѓе. Ми недостасува, многу ми недостасува. Морав да редактирам за да упатам поздрав со песната: Туѓината пуста да остане
после преубавата вечер се чувствувам најубаво.спиев цела ден до 3 часот-нормално кога си легнав во 6. огнометот беше феноменоменален цела ден шетав по градот и насекаде се чувствуваше празничната атмосфера.сега се спремам и вечерва пак на журкање во македонија се враќам за 2-3 дена
Уморно, мамурно и прејадено..а во исто време и со огромна насмевка на лицето..обожавам кога непланирано ќе си поминам најубаво на свет