Прекрасно... Празнично сум расположена,но и уморна и на моменти чувствувам некаква напнатност и нервоза.
Уморно, малце нервозно за непотребни работи и поспано . Изминативе денови сум во очекување на нешто добро...кај и да е деновиве ќе го дочекам долгочекуванио тлефонски повик
Ептен уморно...претепано цел ден не мрднав од кревет та дури сега станав да видам што има...се разболев..оф каде ми е крајот?!
Уморно станам легнам цел предручок сум во креветот.Торбата од нова год не ми е распакувана се вратив на полнок и уште не можам во главата да си ги средам впечатоците,со паметот сум уште на дочек.Ов колку убаво беше.
Денес? за разлика од претходните денови,денес СУПЕР одспано,насмеано,без некоја желба за јадење (тоа е добро покрај празничните полни трпези)...само криво ми е шо пак сама пиев кафе...кога мене ми се пие на никој друг не му се пие и ајт самичка...али нема веза уживам и така
Чувствувам дека оваа ќе ми биде досадна година... Некако нерасположена сум, мрзлива, досадно е. Ништо не ми е погодено
чувствувам мрза - ДА имам куп обврски, а јас дремам безцелно на интернет чувствувам вина - затоа што не испочитував доволно некои личности чувствувам некои измешани љубовни чувства, надополнети со копнеж, воедно и лутина и бес.....ах хаос ми е во срцето и во умот Сакам да САКАМ некој.....така едноставно, искрено, најсилно....да ги излеам сите овие чувства, а за возврат да добијам само силна прегратка и сладок бакнеж
многу,многу осамено и конечно решив да затворам една врата која ја држев подотворена надевајки се дека некој ке се сети дека треба да ја доотвори,ама ништо.па велат дека кога една врата се затвора друга се отвора,јас небрзам ке ми треба многу време да се средам ама надеж никогаш не губам,ама сега во моментов душичкава ми е многу тажна и си плачам за да не ми пукне .живот-селави-тажно
Заљубено како и првиот ден кога се заљубив и носталгично за дечко ми кој со душа чекам да си дојде да се видеме