Прекрасно. Повторно почнаа да летаат пеперутки кон детето кое не го заборавив, никогаш. После долго време пак да се почувствувам заљубено. Не, сега сум сигурна дека ова е стварно тоа што го посакувам една година. За неколкумина за кои сум кажала дека се убави, не сум почувствувала ништо како сега. Заљубена, со надеж и оптимистички мислења.
Да ти кажам право, одлично. Еден ден сум на ролеркостер, друг ден, у подрум. Ама така забавен е животот! На работа цркнав денес, ама се осеќав продуктивно. Од наредната недела лаптопецот у ташна, и правац читална. Мора да се средат испитите, срамота сум, сме. И ја и Иван. Во Менада станувам инвентар, ама убаво ми е. Виното ми станува пријател, дрвените маси, сестри. Си изнакупив куп радости од плата. Качкет, фармерки, фустанче, дезенирани хулахопки, јогурт од цимет и круша, слушалки за компјутер меѓу другото, и една мини книгичка за јога положби. Се мрднувам, и гајле ми е! Сандра ми се смее дека сум драма квин. Најдобро е да си драма, а уште подобро од најдобро е да си кралица. Е баш ми е жал што не можат да бидат сите такви. Слушам Hurts и мислам дека ќе почнам да ѕенѕам. Пар чудни особи ми се ставија у животов. Отворена врата. Ќе видиме дали знаат каде дошле. 2011, добра си, добра. Само чувај ме, здравствено. Се’ друго, можам и знам како. Среќна Нова на сите феминки.
Исцрпена од постојаното кашлање и кивање, аман вака ли требаше да ја почнам новата 2011?? Бронхиите ми се затнати и едвај дишам..Матичната ме израдува вчера-имам бронхит со опструкција. Што "убаво" !! Еден куп апчиња, сирупи пијам..само да ми помине..
денес се чуствувам топ денет ми почна со ми заврши ако се заљубам има сама да си плеснам една вакво чуство не сум имала долго долго време
Како НЕ се чувствував денес, од распеано, до нервозно, па имаше момент на и на крај убаво, со насмевка Сеа сум изморена и одам да спијам !
Праубо. Гледам оваа мајка ми изнакупила чоколатца за децата за Коледе утре , викам - ма ова не треба посно да е? И се намршти само - многу ти знаеш. Овај, зборот ми беше... Да, ако и денес трета среќа не се фати спортска и јас ќе се исправам на врата и ќе пеам коледарски песни, ама ја известив дека ќе пеам за париче, а не за костенче, јаболче и колаци. И напоменав дека оваа година би било убаво паричето од лепчето да падне еднаш во овој 25 годишен аргатски живот и кај мене ама она рече - застани во редот, татко ти од пред три дена бае дека го чека паричето кај него. Нели општото верување е дека колку повеќе тесто има залепено на паричето, толку повеќе пари ќе има оној кому му се паднало. Лани на мајка ми излезе од лепчето чисто, ко бањато паричево. Ново бре, негибнато од трошки. И женава го глетка, некако меланхолично-тажно и вика - пак ли бе ќе подигам кредит, аман. И јас се чувствувам денеска победнички, има да влетам во Златната копачка како кинеска краљица, ко да сум го ослободила Скопје малтене.
И лошо и убаво. И лута сум и не сум И заљубена сум и не сум. и расплакана сум, па после 3 мин се смеам И не знам што да правам покАсно поубаво ќе дефинирам како ми е, ако можам
Дали е до мене работава, ама во Скопје никогаш не можам да се наспијам? Ама онака, убаво да се наспијам и да станам свежа и одморена! Спиев до 1 после пладне, и мислам дека ако не се развикаше мојот налудничав комшија, немаше да станам воопшто. Мрзлива сум некако. И како што ме боли леваата плешка, ми оди само да лежам и да јадам. Многу ми се безвезе овие предпразнични денови. А уште побезвезе зошто имам за учење.
Убаво, малку заборавено, мрзливо, малку збунето и сосем малку изнервирано. Се недавам до крајот на денот се ке се среди и ке се чувствувам заљубено.
дали само јас имам чувство дека не е ниту зима, ниту нова година??? треба да се учи а мене книга не ми се фаќа ама битно хороскопот ме теши дека ќе ми стигаат пари од сите страни СРЕЌА
Офф: Ооооо, Катенце што ми е мерак кога ќе прочитам вака нешто убаво Он: Пааа, чудничко малку, ама ако... И ова не е лошо
Мммммм убаво, забегано, смрзнато ( а допрва ке мрзнам ) шмрк шмрк и болно. Вредна бев и денес. Малку дома ме изнервираа ама јас ја уклучив опцијата игнор па малку се смирија. Ќе одам попосле на огин. Не ми се оде многу ама љубовта моја е кум оваа година ( се изразив вака љубовта оти не бива во ваков убав пост теле да го наречам ) . Ама нема многу да се задржам и вечер ке урлам Тони ако победи. Е така. врти сучи. Убаво ми е ама у пм многу мо*кам денеска па. не знам оти.
Со оглед на тоа дека кашлам ко пензионерка, добро е. Пијам кафе од шољата што ми ја подари бившиот, после 8 месеци. Не знам и не сакам да знам дали има ова врска и какви симболи треба да предизвика. Надвор трешти турбофолк и има огин. Жив пекол, позади зграда! Точно 5 парови раскинаа пред Нова Година, и уште толку никогаш не се смирија. Во меѓувреме, безобразникот ми пишува ласкачки пораки, а хара со друга девојка наоколу. Епа пенис братче, втора нема да бидам никад. Друго, ете, спомнав машки полов орган, и одма ме фаќа смеа, околу сиот мој хаос прекрасен во глава, хормони, тело. Треба да добијам, спојлерите ми се нишаат од новогодишниве јадачки, и цело време мислам каде да се сместам. На работа добив нови задолженија, и некако ме мотивираа, се најдов себеси поприлично корисна. Сестра ми тажна, јас и купувам фармерки и ја гушкам со машки фат онака, како да сум и брат. Некад сум прав бандит. И бубалица. И све... Ама. Ама! Ќе си дојде моето. Секад ќе си доаѓа. Нарачав улави хулахопки од Љубљана. Сега одам да дрмнам едно ракииче, да се проакам низ градов, да исфлертувам едно шеспати и на крај - да си легнам сама, како и сите ние суштества на овој свет. Шилеа, среќна од немајкаде.
Се чувствувам недоискажано! Големи и тешки зборви ми стојат на грло... се трудам да ги голтнам,ама не можам! Знам дека само одложувам, знам дека ова ќе излезе од мене! Не сум јас трпелив човек кој ќе проголта се’ за само да добие коректен и добар однос! Нејќам долови и затоа ќе ја расчистиме сметаката (во моја полза се разбира )