Ме боли глава, ама уште сум си весела. Едвај чекам да стане другарка ми, да си испиеме едно кафе и да промуабетиме.
иако денес денот го започнав во постелата на мажулето, морав тоа топло гнездо да го напуштам и сакала или не да заминам на работа. ех ме нервираат такви работни места кој не почитуваат ништо на светов. но тоа е си реков малку само контрола и се ќе биде во ред. не дозволувам ништо да ми го расипе расположението што ме држи деновиве. конечно за бадник дома, а со самото тоа што сум дома сум и на фемина да ви ги опишам сите случувања и да си потрачариме. среќна сум, весела ги сакам празниците знам да уживам во нив и сљакам кога успевам кај сите да предизвикам бар мала блага насмевка. денес сум најдобро
Рздразнето, нервозно... А решив дека нема да се нериврам денес, на ваков убав ден. Ама ај?! Кога не можеш ко човек да се разбереш. Од мравка слон направија Кај се парите, па кај се парите? Жено божја нема пари, зошто не било ни продадено, аман разбери.
Убаво роденденски расположена,уште саат време и лепчето ќе го кршиме,се на се убав ден...а вечер ќе ја правам тортата,за утре,за гостите...
Разочарана... Мака ми е од се... Сите се праат командири... Абе не се замарам си го чекам Хари Потер да почне
Не се чувствувам убаво, многу ме боли главата а и мака ми е на душава кога на сестра ми не и се сите овци на број. Душата ја боли (Прекина долгогодишна врска) Всушност не ја прекина таа, туку тој. Ми се кине срцето кога ја гледам тажна, па со тоа црвено носе и мокри долги трепки. Како свенат цвет е. Помала е од мене и цел живот сум заштитнички настроена спрема неа. Сега не можам никако да и помогнам и се чувствувам безкорисно. Го мразам тоа чувство, можеби од тука произлегува и главоболката
празнично ме претрупаа со пораки за среќен божик сите оние кој навистина ми значат. со тоа се чуствувам по среќна и исполнета. го чекам моментот кога ќе започне семејниот ручек. се спрема на големо ќе им дојде зетко а и девојката на бато море ќе бидеме доста луѓе и ќе биде весело. ги сакам празниците ме прават да се чуствувам волшебно и исполнето
Главава ќе ми прсне. Вратот ме боли и незнам како уште успева да не се прецвика. Се чувствувам крајно ненаспано и ќе земам ќе залепам на врата еден лист на кој ќе пишува Ако планирате да влегувате рекла-казала муабети се забранети во куќава. Уште во 10 часот се собрале и се распампориле некои си муабети за некојси. Зрачам негативно уште од кога станав.
Ахх .. не баш најдобро .. грлото ме боли, главата ќе ми пукне, настинаааааав а ми се шетаааа , досадно ми е, најдосадно ми е
Празнично бе, како може? По толку торти, баклави, ролати, се ми е преблажено, така и јас Денес низ вениве ми тече шеќер мене, не крв (и рум )
Збунето, а и досадно ми е ептен , се надевам дека барем вечерва ќе се оди некаде и ќе се случи нешто интересно. Аман веќе се истите приказни !