од пред пола сат очајно се чувствувам...тажно,депресивно,изнервирано,глупо,досадноо.... напрајв уште една грешка....ај за арно нека е!
Убаво. Цел ден со музика. Се во знакот на љубовта. А љубовта фатила магла. Малку заспано и мамурно, ама се држам.
Средно жалосно Се шалам , многу ми е досадно . Прислушкував комшиите што се караа , ко задњи шпиун бев :geek:
цела ден исполнето и среќно а вечерва тажна сум,се потресив после некои работи за животот ама ајде да не бла бала (зборувам) многу јас,на крај се изнервирав со пејачкава од соседната ни мила мајка блгарија и сега уште се нерворзирам
Денешниот ден ми беше навистина прекрасен,цел ден го поминав со моите внучиња.Но вечерва сум навистина тажна истите тие очиња кој цел ден се смееа, играа, пееја на крајот успеаа да ме расплачат........Колку само е слатка, наивна и искрена детската љубов........кога требаше да си заминуваат(утре заминуваат за швајцарија, таму живеат) внука ми која има само 5 годинки со солзи во очите се раздели од мене и ми вика тете јас треба да чекам пуно денови за пак да те видам навистина се прекрасни тие мали човечиња.Во глобала прекрасен ден исполнет со многу љубов, емоции, игри, гушкање и неможам повеќе да пишува бидејќи повторно ми дојдоа солзи на очите и почнаа да ми фалат мојте сакани кој ги гледам еднаш годишно.......
Среќно..убаво...Конечно да мрднам од кревет..Грип еве ти тебе Утре се надевам ќе ми биди уште поубаво и ќе си шетнам повеќе..Ме фаќа некоја шопингманија ..е тогаш ќе бидам топ
Денес се чуствовам мн чудно , некако сум збунета ( дали од времето , или дека магла има ) . Не е од тоа дека треба да ми дојде баш не сум нервозна кога треба да ми иде за разлика од некои девојќи што се многу оселиви и нервозни тие денови ..изгледа ќе земам да ја дошитам книгата, кога веќе на никој не му се излегува..останува книгата да ме дружи ..
Го сакав цели две години,ама го сакав неизмерно и вистински ..можеби не совршено ама како што најдобро знам и умеам А тој цело време ми делуваше палаво и незаинтересирано.Сега кога јас ама баш ништо кон него не чувствувам, тој ми рече ТЕ САКАМ Онака како гром од ведро небо.Е како да се чувствувам и јас не знам
Љепо, љепо, неописљиво... ххх Без разлика на околностите јас сум си океј. Ме разведри детска насмевка. Сега не може да ме изнервира ниту идиотски збор.
Вообичаено, нормално, понеделнички. Сега ме фаќа некоја дремка, немам време да одморам - од работа директно на предавања. Кој ќе издржи!
Топ, мноооогу убаво. Брееј што се смени малиов сеа па на раат не ме остава да дишам, ако ми годи тоа ми фалеше од него... е така се си доаѓа на место, само си ќутам... Плус на колоквиум пројдов топ, се убив од препишување и сигурна сум дека ќе положам, ако не на поправен
Измамено.. Се смеам, но нешто во мене плаче. Не сум способна да стојам на нозе, а и рацете ми се тресат. Јадам благо за да не е нешто до шеќерот, но не.