За некое чудо енергично цел ден учење и само учење, ама пак имам концентрација и сила (пу пу да не се заречам )
секој понеделник за мене е најтежок. како ваљак да ме поминал. моето тело успева да се бори со состојбата наречена умор. како ли јас ќе преживеам. студот ме навјасал а јас уште греалката да си ја гушнам. оф неможам веќе смрт ми се понеделнициве одвај чекам да си легнам и утре да сум како нова
за ралика од вчера кога се водеше вистинска војна,денес е подобро.касно станав од спиење имав грижа на совест и чуство на срам.помина и никогаш повеќе така ветувам
Горда сум на самата себе! Значи фала богу, конечно ми успеа да направам асален појадок без да ја демолирам кујната!!
Ужасно ми фали едно вакво гушкање Еве вакво, да пропаднам во него, да го почувствувам, аааах Времево ме прави ама ваква, не сум јас крива
Болно, а ко некоја треварка се лечам голтам чаеви со мед и лимон, шмукам пастили од жалфија и правам инхалации со солена вода, камилица, босилек и еукалиптус... чекам и ѓумбирот да ми стигне... се', се' - само да не мора да пијам лекови...
Anath , обично сите лица поврзани со медицината се така- даваат совети на други, а тие самите не се лечат така Мој совет, земи си Ефералган шумливи, не се скапи во Зегин стави 2 во чаша од 200мл, испиј ја побрзо и ќе видиш како ќе те кренат. Мене од нив најмногу ми помага и кога имам тепмература и кога сум омалаксана.
денеска цел ден си ласкам си станав уште во 1 часот што е голема промена за мене. Станав оти и е роденден на мајка ми па ајде ручек торта ова она.. да го направиме адетот .. си доби поклончиња ..од мене доби 2 сапуна и регенератор за коса , ос татко ми парфем , од сестра ми чанта што ке ја носам и јас на тие што се болни од некое грипче да оздрават побрзо
http://www.youtube.com/watch?v=E2mXIfA2 ... re=related Како песнава. Празна, и во овој стих : Зошто, нашите усни нема да се љубат засекогаш. И токму затоа сакам да живеам во сништа. И радо да умрам во нив. Можно е да си направи човек сам своја гробница? Многу можно. Не сум тажна, ниту постоечка. Силуета само. И ќе носам црно денес, за инает на целото неприсуство сопствено. Јас, пресилна за да ме биде.
Абе ова теткава пак ми дојде на гости. Немам торта да и дадам и затоа цел ден ми го пукна мешево. Уз пат си се смеев со бабичка. Ем болна ем сака да оди на прослава на Василица. Малку се чувствувам осамено и тажно. Но барем не изгледам така.
Убаво проветреана на овие -2 степена цел ден низ град...а да и ГЛАДНААААААА!!!! така се чувствувам денес
Ух, каков ден! Имам порив роман да напишам, а може и два, на две различни теми, само ептен ми се спие Не знам зошто, се чувствувам и среќна и тажна што немам веќе тајни. Без тајни сум некако сиромашна. А од друга страна, ако некој те знае комплетно таква каква што си и притоа те сака, има ли поголема среќа? Би требало да нема, барем не за мене. Сепак душава ми е стегната. Не заради тајните, туку заради констелацијата на настаните. А не, не сум ни малку депресивна. Само така звучам Ви се случило ли да се разбудите од спиење и да сфатите дека сте биле во тешка заблуда, дека некои работи кои ве учеле уште од мали се погрешни, дека нешто во кое сте верувале всушност не постои? Страшни моменти се тоа. Ама без оглед на се, ги обожавам моментите кога ќе ми се разјаснат некои работи, без оглед на последиците, и без разлика колку е тоа важно и за која тема се работи!