Ммм.. Чекај да најдам добра споредба... Како скапан патлиџан фрлен под тезга. Обичен, посран ден! Луѓево се помалку ме шокираат. Нема промена. Едноставно, проста маса, без мозок, култура, самосвест, вредности. И после сакаме прогрес? Со кого бе? Од друга страна, си викам - ќе си отидам од овде, баш ме брига што ќе и се случи на оваа наша мизерна реалност. Мојата реалност е во ред. Само јас не и припаѓам.
Што е тоа што прави ние жените нон-стоп да менуваме расположенија??? Кога го гледам маж ми скоро секогаш константен (може понекогаш да биде малку понервозен и пораздразлив, ама во основа е ист), посакувам и јас да бидам како него ... Знам дека тука се во прашање женските хормони кои флуктуираат во текот на месецот, тука се и деновите без сонце (со дожд или студ до коски), ама да не е едноставно менувањето расположенија и дел од женската природа?!? Пробувам да најдам некој разумен одговор за ова, зашто инаку, на моменти, си помислувам дека не сум емотивно стабилна што никако не ми се вклопува во генералната слика што ја имам за себе си Јас сепак сум сосема нормална
Па прилично добро. Песниве што ги слушам ме орасположија. Ми недостасува саканиот, и можеше да ми се јави да поправиме муабет, ама ќе види кога ќе се врати Уф колку го сакам овој БИли Ајдол.... Рок д крејдл оф лав... оу јеа....
Се чувствувам баш мизерно,неинтересно за себе и за околината.Ми треба изолација и ми треба мир. И да...преку глава ми е од другарките што си замислуваат дека можат да управуваат со мојот живот и како да немам свое јас. Ејј за 15 мин ке поминам да те соберам ке идеме на кафе, или ејјј утре одиме ваму и онаму не прифаќам не за одговор :? wtf ? Чекај бе, мене некој ме праша дали можам, дали сакам, дали имам време ?? Аман
ууууууфффффффффффффф.......динамичен ден, исцрпена за сите пари на светот, и едвај чекав да дојдам да се истуширам ...пижамките и да се закачам на форумот.Како некоја зараза.Денот никаков ,врнежливо и посрано со извинување... :? ама сеа со чајчето и фемина....се надевам ке си дојдам при свест....
Neraspolozena.Sonuvav eden uzasen son i se razbudiv voznemirena.....sega probuvam da se raspolozam malku so muzika
Пред сите насмеана,пред дечко ми демек не ми е гајле што сме лути си одам и си свиркам му вртам грб а уствари сакам да го гушнам и да го стисакам цел ден и да му кажам дек ами помина лутината ова е само мојот инает за кој ни јас незнаев дека во толкави количини го поседувам hock: Значи пред сите се ми е пуно и рамно...а душичкава ме боли за љубов
со инает и гордост само си ја труеме душата..мислам дека животот е премногу краток да има место за такви работи...ќе се скараш ке помине..сите сме луѓе сите грешиме..нема потреба од инаетење..јас не сум инает и многу мрзам кога некој ми се инаети
Знам срничка и јас не сум ама дечко ми е огромен инат..и сега тој е крив и свесен е а нејќе да признае и се инате ..а тоа ми е болно неможам секогаш јас да бидам таа што попушта па на глава ми се качи :evil: сега јас сум на ред.... :?
искрено да ти кажам и дечко ми е голем инает..заедно сме три години...и цело време јас попуштав...ама во последно време си увиде сам дека со инает само лошо прави...и сега повеќе он попушта не се инаети си ги признава грешките..значи на машкиве им треба мнгу време за да сфатат некои работи..не знам колку год има дечко ти...ама они покасно зреат од нас...едноставно остај го нека си се инаети не се инаети ти он сам ќе си сфати...не му збори ништо за тоа дека ти смета дека е инает само терај си по свое викај си добро...и не му се замарај кога ѓе се скарате...и се полека ќе си дојде на свое место..тоа е мое мислење..и секако од моево искуство
Фала ти ..ама не се трипи веќе..20 е а право дете...па 2 год сме заедно а се познаваме 6 па нема смисла нели нека свати што ми смета па преку к*р ми е него ај забегавме од тема ние ке не скарат позз
Очи ми паѓаат, ама нема спиење! Фемина ме чека Иначе се осеќам супер, ултра секси (год демн колку е добро кога врвиш по ходник со црна тиролка до над колена, и сите се ѕверат како прв пат да те гледаат во такво издание, а професорот кој воопшто не ти предава наоѓа изговор за муабет ) и полна со самодоверба. Ваљда се приметува, ама и баш не ми е гајле
Ден полн со радости, ма што да ви кажувам.Не усреќија со еден куп нови материјали, дупло поголеми од претходните.Таман си помислив малку преродба, а веќе старт на нов семестар.Повторно барање волја за учење, повторно главоболки, повторно за џабе поминати часови во чекање на некој што ти ја тестира издржливоста, едвај наоѓање време за хепи викенд...ама затоа пак најслатки поминати мигови на дневна кафе шема, тогаш и кофеинот има исклучително посебен вкус.Но, што е тука е! Утре петок, ќе се почестам со добар провод, заслужувам.
Хм! Истото мислеф да го напишам!! Тоа ти е...и јас чекам нешто позитивно...но изгледа не е ова мој период