Да ви кажам право и моево хормонче на среќа ја покачи денес живата на мојот личен ресположение(термо)метар, а уште повеќе се смеам кога ја читам оваа лудава Дафне. Луда му доаѓа нешто како комплимент сестро Ајмо феминки живо, живо! На бунт против здодевните и тапа недели!
Ненаспано. Телефонот на секои 30 минути ми ѕвонеше. Спијам луѓе, спијам, што друго ќе правам во 4 часот наутро?!
Денес сум ти нешто како Прити Уаман вокинг даун д стрит! И још боље! И не се осеќам само како Џулија РОбертс туку -како неа, Меган Фокс и Одри Хепберн У ЕДНО! Немогуќе...А -бед хер деј ми е...Замислете во оние добрине како се осеќам....
многу ме боли глава,не сум наспана,се секирам за многу работи.се прашувам што би било кога некои работи воопшто не се случеја?и кај мене и во блиската оклоина?
Видов сонце и од сабајле залепив една насмевка на лице од шестка до шестка Малце сум нервозна, ми се пуши цигара, де ги оставам, де се предомислувам...јбг вага - неодлучна
Ко тужи-баба. Готово, не можам веќе да сокривам нечии грешки, нечија непосветеност и невнимание, па ајде да го папаме заедно, полесно е кога ни се издераваат на двајца, место само на еден виновник. Мхм, секако. Ако треба некој да си оди, моја нога прва нема да стапне од тука. Преку таквото веќе. Освен делот во кој што сум осудена цел живот да работам со вербално неспособни, срамежливи, плачковци и лигави мамини мази, јас сум сосем ОК. И повеќе од ОК, порачав нов мебел за мојата клаустрофобична собичка, нов кревет кој ќе биде моето ново легло на блуд и перверзија. Да, грешна сум, со фабричка маана. Од раѓање. Мозокот ми брмчи 24/7, ресет не прави никогаш, а просто умирам да го одморам и да избришам некои лица и случки.
пааааааа............. евентуално шала ....опуштено....ме мачат две три работи...ама тоа е...мора за да знаеш дека си жив инаку баш опуштено како за овој период од денот + на работа
Лошо, ми се плаче зошто се разочарувам самата себе. Сите мои очекувања, сето она за кое мислев дека вреди да се борам, не било така
Колку за информација 17ти јануари според истражувањата бил најдепресивниот дел во текот на целата година. Така да сите што сте тажнички и нерасположени отспијте утре е нов ден ќе ви биде подобро. И јас ќе бидам подобро, овие 2 дена ме убија јајнициве, аман од тој мензис. Ама затоа од утре како нова Па уште кога ќе се сетам дека среда е неработееееен! Ах абе ќе пукнам од среќа
толку прекрасно ми почна денов си земав оценки си се порадував и сега си размисливам добро бе кој мозок треба да си кој морал треба да го имаш и кое самопочитување за пред еден тииит асистент што вчера плачел да десетка да ти се прави господ да се фрцкаш????? не ми е јасно стварно не ми јасно какви луѓе има се на светов ако не ти се учи кој те тера да идеш на факултет најди си работа и крај на приказната нормално дека е полесно да облечеш тесна прозирна блузичка и да се тртиш па да добиеш поени а јас идиот нема да спијам и ќе учам по цели ноќи уффффф светот не е фер место навистина не е
брумкиииии зошто морат да постојат? Eдна баба ми има кажано дека ќе ми се исчистат кога ќе влезам во брак, затоа што тогаш ќе имам односи. Xааааа па не чекам до брак, ако тоа е цената што треба да ја платам за да ми се исчисти лицето, ќе се жртвувам, ќе имам секс. ццц бабини глупости...