Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    е за разлика од вчера денес сум во супер расположение излеговме со мојот човек седнавме кафенце цигарче сонцето си пече убаво потоа се прошетавме и задоволна си се прибрав дома сега е ред на турските серии.
     
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    5.150
    одлично, конечно ја исчистив прва година
    јеееееееееее
    Сеа ќе се веселам :rofl: :rofl:
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Мислев дека ќе се подобри денот, ама се влоши :doh:
    Од досадна ден премина во болна ден, и веќе преку глава ми е :fubar:
    И кажувајте жени некој лек за имунитет оти опасна е работата, не се издржува повеќе ;(
    Плс хелп ми ;(
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Бројче дали пиеш ти некакви витамини,минерали итн?Дали јадеш зеленчук и овошје многу?Дали пиеш течности?
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    едит Шо почна лошо, почна, ама фала Богу излезе дека е лажна тревога, дел од лошотилакот од баксузниот 17ти ќе да е, последните сили пред да си замине скроз :lol: Се чувствувам прекрасно, опуштено, со елан и енергија за утре :)
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Чувствувам како ми снемува сила, што физичка, што умствена.
    Ми се скратуваат сите шеги и саркастични коментари со кои некако ги туркам најтешките денови.
    Тешко ми е да признаам, ама лазам по дното.

    Не можам ни раце да кренам од што сум уморна, буквално претепана, исфрустрирана, изнервирана и разочарана.
    Не можам да се помирам со околностите во кои сум пикната, ниту да ги променам засега.
    Ко да сум приклештена помеѓу тоа напред и назад.
    Ми го иситнија сиот ентузијазам во машина за мелење, ми го згмечија еланот и сега им остана да си играат уште со надежта, која грижливо си ја штедам за вакви црни денови, а чувствувам - полека ми се лизга низ прстињата.
    И така некако лепливо ми е во душата, просто несреќно, кај и да се јавам , од другата страна на слушалката само тажни и загрижени гласови...

    Уморна, во секоја смисла на светов и животов, ете така се чувствувам.
    Со спуштени раменици, немам ниту сила да заплачам еве баш сега, барем да си се олеснам.
    Бесна сум, зашто не остана ниту грам бес во мене.
    :|
     
  7. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    340
    Бројче, најдобри имуностимуланси ти се витамините А, Ц и Е, Б комплекс, од минералите селен и цинк. Исто можеш да си земеш и препарати на природна база. Гел алое вера, матичен млеч, пивски квасец, после имаш многу имуностимулирачки чаеви - прашај ја апотекарката ќе ти препорача некој. Послее многу битно, спиење навечер, а не преку ден п после дежурање цела ноќ, не седење во загушливи простории, повеќе физичка активност и повеќе прошетки во природа. Исто мноооогу важно за храната не заситени масни киселини, не прженици и нездрава обработена и конзервирана храна, туку повеќе здрава природна храна, леб од цело зрно (интегрален, ама прав интегрален не оној само со кафеава боја ), свежо овошје и зеленчук, помалку кока коли, цигари и алкохол... Тоа е тоа, си знаеш ти ;)
     
    На julie77 и 2468 им се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Не знам вие мене како ме сфаќате со тоа дека јас не јадам ништо, ама не го кажувам тоа со некоја метафора, туку јас НАВИСТИНА не јадам ништо :^) Значи има период (тоа е од една недела кога јадам ептен, замисли колку е за мене многу, и тоа кога сум во пмс), е после таа една недела, јас 3 недели скоро ништо не ствам во уста :x
    Немам апетит, посебно за месо, салати, за благо веќе да не разговараме.....
    Овошје колку толку си подапнувам, ама од што морам да внесам витамини.

    Мајка ми цело време вика по мене, и ептен ми е жал кога ја гледам таква нервозна, сега дури и се расплака жената, немала веќе сили да ме гледала таква ;( и ептен жал ми падна за неа ;(
    Плачеше и ми приготвуваше оброк ;(

    Ептен ми е тешко и за неа, и за мене, што навистина немам апетит да јадам....
    И кога викам дека сум се прејадила, знај дека сум јадела 2 пати во денот по едно парче леб, тоа за мене е прејадување :fubar:

    И да, еве ја Нина секогаш кога имам проблемче :*

    Знам дека сте во право, ама не знам од каде да почнам.....
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    ^^ :punch: Е па после сакаш да си здрава,права и силна!?Е не може! :devil: Ќе почнеш од главата твоја...начин на мислење на однесување спрема себе и исхраната...Има да јадеш....ако треба со сила да се тераш или да те тераат да ти ставаат у гуша јадењето.И ќе пиеш витамини,минерали...јадење овошје,зеленчук,месо итн.Убаво кажа Нина ќе престанеш со цигари,алкохол и ќе смениш биоритам.Легнување порано и станување во нормално време...Доручек,ручек,вечера и измеѓу оброци...Значи тебе ти требаат пет оброка дневно за да зајакнеш.Движење на чист воздух...И нормално дечко ти да не те нервира.Без нервози намали стрес...мора да се средиш,ако не сакаш не дај Боже да се случи нешто непредвидливо. :!:
    Те искарав...па сега ти размисли дали ќе ме послушаш :fubar: 8)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Како вчера, ете можда маааааааалкуцка поарно, бидејќи нели почнав порано со учење, па ми се намали грижата на совест дека нема да положам. Ма ќе положам бре! Ама тој пусти просек... |(
    Ми остана уште малку за денеска (нели, да не учам се‘ одеднаш), ама дали тоа е доволно? Море има да биде, па да не се викам Хипи (ха! колку апсурдно, па јас не се викам Хипи! ни Хипица не се викам! ама не сум будала името да си го пишувам, нели?)!
    И така се обидувам да си го покачам колку толку расположениево и да не се секирам што материјалот за утре ми е прилично непознат и тоа не по моја вина. Ама што е тука е, ќе помине и Петок некогаш.
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    како завршува месецов се чуствувам се по исцрпено и физички и психички. ми фали одмор еден убав викенд негде на страна далеку од сите на воздух и слобода за викање и празнење на негативната енергија. вака чуствувам дека ќе пукнам како балон. среќа утре не работам па даземам здив и да одморам во домашна атмосвера со гости и луѓе кој ми значат.
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    по хистерично никогаш...
    Фала на сите околу мене и извинете :)
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Насмеанооооо ахаххххаха :D :D
     
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Денес се чувствувам СУПЕР ( пу, пу да не се заречам :P ). Конечно завршив со полагањата на факултет и си дојдов дома. Се чувствувам опуштено, слободно, исполнето...
     
  15. Isidora-Veles

    Isidora-Veles Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    124
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    денеска сум најсреќна. просто неможам да сознам како моето тело се навикнува на вакви промени и варијации на расположението. но ако ми годи. денес е убав ден, се осеќа чудна, магична еуфорија во моето семејство. сите се насмеани и растрчани море вредни како мравки :lol: :lol: :lol: а јас..... јас сум среќна затоа што се убаво се заврши и на моето мило му се исполни најубавата желба што си ја побара хехехеех. ви посакувам денес срцата на сите да ви затреперат да ве водат само позитивни мисли :* :hug:
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Не тежнеев за промена а сепак ја доживувам.Благодарна сум за тоа.Затоа што можеби јас самата сум оној кој си ја труе душата и си кварам расположение.

    Денес е прекрасен ден.Учам да го живеам со полн здив :)
     
  18. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Многу ми е убаво некако... се чувствувам исполена, полна сум со позитивна енергија и имам некое убаво претчуство. Ако сум смајли, ваква сум од прилика :rofl:
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Денес се чувствувам прекрасно! се најадов школки, мео ми е полн :D Си ги чекам серииве да истепам време, и после книгата во рака да учам биологија, полагам утре :D среќа се си научив уште некоја страна ми остана, затоа и не се ни секирам :)
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Среќна сум.. А не треба да бидам. Длабоко во мене чувствувам едно осамено жарче, тоа што имаш проблеми, а неможеш на никој да ги кажеш..
    Многу ме боли стомачето, од прееска се виткам, како што станав... А само што ми дојде оваа црвена тетка. Стварно незнам како ќе издржам сега со неа. :^) :D