Душава цветна градина ( - - - - - ). И ми е гајле. Некако останав рамнодушна на тоа поле. Го слушам Џастин... и го осеќам како лузер, не знам зошто. Некако се осеќам супериорно над него иако има милиони продадени цд-а и незнамвеќеколку пари, ама небитно нели. Јас сум Хипица од Фемина и баш ми е гајле. И чекам да заврши песнава каде што тој се обраќа на рандом женска (со претпоставка дека тоа е Бритни) да му исплаче река за да ви го пуштам ова, во согласност со денешново мое расположение. http://www.youtube.com/watch?v=hwMZ0gseWXA Pa sta bude neka bude...!
Не ми се станува Ама ајде, многу другарка ми ме чека, ме раскапа на мобилен Оправдано, се немаме видено дооолго, доооолго време
Утрото ми почна бурно, па решив ништо веќе да не допира до мене, така да сега сум супер... планирам и да останам така подолг период
Од каде ми навреа овие солзи? Зошто сум станала ваква? Отсекогаш ли бев? Зошто толку прашања? Вреди ли главата да ме боли? Ќе ми ги оттргне мислите ветрето ако излезам надвор? Тешко е... Мене ми е... Глупава сум што се нервирам, не велам не. Ама понекогаш не можеме само да не се нервираме, како што би ни кажале блиските нели? Само ние си ја знаеме маката на душичката и колку таа тежи. Не, не се чувствувам добро денес...
Денес ми се изменија стотина располозенија од утрото до сега, утрото се разбудив изнервирана до максимум сонував дека сум се смирила со бившиот, а од тоа најмногу се плашам...Потоа ми помина др.нервоза која ја дозивеав пострашна отколку што беше реално, зошто така си го стартував денот, па заминав на работа каде на колешка ми и признав дека често ме преплавуваат некои „напади„ ми се плаче или смее неконтролирано, некогаш од глупави причини некогаш и без причина,таа ми призна дека и нејзе и се случува по што се осетив малку понормално . Попладнето помина и така и така-потоа вечерва си пуштив музика и се „зуркав сама со себе „ така да ја „убив„ нервозата од утрото...
Оптоварена со грижа на совест. Мразам кога нема да си ги исполнам поставените цели и секогаш се разочарувам од самата себе...
И овој ден какао и секој друг... Го живеам под притисок...во затворен круг Денес се подготвувам за интервју за на работа,се надевам ке биде успешно. Ја спремив гардеробата,го успав малиот,и сега уште да си ја испеглам косата....
Немој да ја пронаоѓаш вината во себеси,сигурно околу тебе има многу повиновни што ама воопшто не се замараат,насмеј се и покажи му на светот колку вредиш
Не знам колку години имаш,ама е нормално тоа да се случува во човечката психа. Уживај во тоа да си девојка,слободна. Зашто кога ќе дојде време кога ќе нема да можеш да имаш такви супер напади...
Очиве НА! толкави ми се од учење на компјутер. И тоа не по моја вина, ама тоа е. Бар некои работи ми се појасни. И се надевам наскоро ќе си оди дома колегава од брат ми. Не за друго, собата кај што треба да спијам ми ја окупираа, а МОРАМ за брзо да си легнам ако сакам да станам сабајле. Сите на испит со Господ напред, Хипица со убавите чувства кои ги има благодарение на Фемина. Феминки, ширите чудна енергија, убава. И вие сте убави. Бре сите сме лепотици од ред!
Кога станав бев во добро расположение, а сега сум нешто уморна . А плус и некоја мрза ме фати и овиe моменти најмногу ги мразам . За утре имам многу планови, па се надевам се ќе средам и нема веќе да одлагам за "утре"
Deneska stanav vo 7 sabajle piev kafe i samo za eden saat pak legnav i go prespav cel den se razbudiv nakaj 8 navecer ccccc! se cuvstvuvam kako nokna ptica
Паааа, прилично добар ден. Дури и се изненадив, не очекував дека ваков ќе ми биде, со оглед на тоа што станав раничко, ептен раничко, па долг ми дојди денот. Ретко кога на полна месечина ми е тип топ, мислев дека сум некој потомок од врколак, ама за среќа еве се докажа спротивното Можам да си се шеткам и додека сјае лимончето горе на небото Е па цел ден онака, кулирање. Кафенце со другарки, еден мал шопинг (не баш мал, али медиум беше ), убав жежок туш како што и си љубам...................... и на крај љубов Ахх, страсти, љубов.... мхм, мхм.... ааа да, и еден хамбургер ама знаете колку од хамбургерчето? Први ред го изгрицкав, и јас веќе бев прејадена. Па и на сето тоа прво јадење денеска, хммм.... и лошо ми беше после тоа Еден ред од пупката ме прејади Бројчето треба да се лече!!!! Сума сумарум, продуктивно ефикасен ден, со заклучок дека си имам проблемче