Среќно,исполнето,со многу позитивна енергија,која патем не ни знам од кај потекнува,но не е битно затоа што сепак ја има !
Еден камен помалку од срцево. Хух! Иако малце незадоволна од САМАТА СЕБЕ за прв пат во животов се молам она најголемото да ја собере целата публика, за оние помалечките да поминат незабележани. Ех, камо да е така... Имам садови за миење, ама најважен е каменот. Што веќе го нема, се разбира.
Тмурно...исто како и времето. Ме мрзи да станам од столчево и да идам да направам некоја корисна работа. Во хороскоп ми пишува дека попладне ке ми дојде енергија...да се надевам дека точно ке е
Што е бре ова со хороскопов? Ќе сум имала вишок на енергија..... Па ако вишок на енергија се смета станување во 6 часот утрово за да се напијам кафетин менструал, затоа што ненормално јаки болки ме разбудија од најдлабокиот сон, после тоа неможноста да се освестам до 12 на пладне и еве сега чмаам како некое гревче во ќош од собава стуткана цела како бајата кифла и пијам уште една рака апчиња.....да и тоа е некаква вишок енергија Уште пак ми пишале вечерва никако да не останувам дома, ни под точка разно Јас кутра неможам да се помрднам (со извинение) ни до тоалет да појдам, не пак да се журкам на некој подиум Ништо ништооо.....утка за мојот денешен хороскоп Иако седам дома на топло и суво, се чувствувам исто како некое маче стуткано под некоја стреа, но накиснато на дождов до гола кожа... Викаат кога се раѓа женско и стреите плачат, да се биде жена е благослов и проклетство во исто време
Се чувствував лошо поради мамичка,но кога се има една другарка но вредна која умее да те расположи секогаш е убаво ...
Razocarano, osameno, site me slusaat, ama nikoj ne me razbira... [mod-kirilica:14k7y9ry][/mod-kirilica:14k7y9ry]
Пред се, многу сум нерасположена и поспана! Посакувам овој тмурен ден да си замине и да дојде нов сончев ден!
Напната до пукање бев, сега е се во ред. Уф, мамо, мамо, чекав јас, уште чекав, и се надевав на добри вести, тенкс гад
(вака) Луѓе мили скренав, веќе не знам шта чу са собом! Од Блек Пентерс се префрлив на радио, и ми ја пуштаат Are you gonna be my girl? и се замислувам како трчам надвор на дождот во стил на танцување што го имав во четврто одделение, косата мрсна (од дождот не се приметува додуша) а по улица жива душа нема (практично невозможно). Оф леле, маки си имам јас, никој не ме разбира. Аии како ми се вришти пишти, како на Ла-Чика (чинам беше). Еве оваа како мене иста (само јас поголеми ци**и имам)