Онака неделно, меланхолично но мирно.Чајчето и топлината од каминот ме тераат на спиење цел ден..Ги сакам неделите..ме потсеќаат на баба и нејзиното миризливо слатко од дуњи..
Преубаво. Ручече со саканиот, релаксирање... моментално си пијам зелен чај и се спремам да се спремам за вечерва.
За никаде И готово не пишувам веќе на форумот до утре Не со некоја посебна причина, чисто онака, да не ширам негативна енергија
Дел ден зевам и се чувствувам како надувана вреќа полна со вода и јогурт, декорирано со танана чај, мешан со камилица и лимон.
Меланхолично.... Онака утепно, со доза носталгичност и каење. Ужасна сум денес. Ни тажна, ни разочарана , ама пак несреќна. Проклет снег!
збунета, ништо не ми е јасно и најверојатно нема кој да ми објасни, а тоа ме доведува во паника и нестрпливост
СЕ ама буквално СЕ си беше во ред до вчера вечерта....Гоу си беше малце мрзлива ама се справуваше некако со тоа, а беше полна со енергија која сакаше да ја потроши некаде надвор, некаде подалеку од книгите. Вака фино звучи, ама ајде си велам стрпи се да поминат полагањата, седи и учи....кога опаааа ете ти ја настинката на врата ми тропа Значи нема поголем ТАЛЕНТ од мене, цела недела си седам дома, немам од врата излезено и закачив некоја вирусна настинка или незнам што е Си се чудам од каде дошла, преку интернетов ќе да е дојдена....слаб антивирус имам Почна синоќе носот да ми се затнува, главата да ми бучи....за сабајлево да неможам ниту да дишам, ниту да голтам, а очите едвај ги отворив после 20 минути обидување да се освестам Сега ме смее другаркава која патем медицина студира.....вели научно е докажано дека седењето дома е поштетно за здравјето отколку шетањето на ладново Тууууу да ми кажеше порано ќе баталев книгиве и ќе си скитав по Скопјево од еден до друг крај Ај отидов чај да си сварам....трет по ред утрово и некој синтетички лек да побарам
Како среќлиа ...по малце збунето... инспирирана сум, со четките во рака цртам на платното...како ги мешам боите така се запрашувам што сум чекала до сега и зошто порано не и се вратив на мојата најголема љубов, меѓутоа и сега не е касно. Ги оставив сабајлешните обврки, ме чека девојката со бел коњ, мојата нова слика.
Што е ова.. сите сме нешто тажни и разочарани или јас грешам? Инаку.. јас во моментов си се чувствувам онака.. океј. Ни добро, ама ни лошо, некоја златна средина. Што знам, може да се рече и рамнодушно, повеќе или помалку.
Штознам.... чудно некако. До времево ќе да е: де паѓа снег, де не и ме буни ужасно, збунка сум целата. Малце и ми се јаде, ама подоцна. Нека почека мешево. По секако не трошам којзнае колку енергија. А да, и за учење имам, патем. Ама ај, се тешам дека не е тешко и дека не е многу. One more stone to go! I'm rolling stones!