Си реков ако по утрото се познава денот отидов јабана станав од кревет а грло ме боли ли боли. но тука е чајчето кое така малку пооладено си го пронајде местото во моето стомаче. па трк по трчањето за на автобус и оп стигнав на работа. и таму уште едно чајче си викам мора некој да му прави друштво на првото и од комшии побарав едно парацетамолче. е сега карак е ок вратена од работа одморена и во нејзе се развива чуство на пријателство и добрина.... вечерва пред компјутер и кафенце може да кажам ми е пријатно
Пријатно. Ни тоа што почна школо не го промени тоа чуство,баш убаво си се смеевме со наставниците.После и на англиски. ќе си гледам Али Риза и така.
многу грдо се чувстувам тешко ми е многу поради караници кои немаат крај а лугето се толку глупи и не ме свакаат дека ми е тешко
На почетокот од денов бев како Сара од „Реквием за еден сон“, иако не земав амфетамини, мајке ми од што се тресев мислев дека фрижидерот ќе рипне да ме брка! Сега веќе се стокмив. Не се изреволтирав поради тоа што грешно ја напишав домашната по англиски, туку решив да ја напишам од почеток, баш убаво ќе ми биде дур пишувам со средениве ноктиња. Целта ми беше да кажам дека престанав да се нервирам за ситни работи... за промена. Станав храбра и почнувам да си ја покачувам самодовербата која до пред некој ден беше на нула... Се` се средува, полека ама сигурно!
По одработување дел од материјалот, по „кратката“ прошетка по Сибирново време и снегот кој се пика в очи, по мерењето километражи во Рамстор, по копија од клуч и светилки од 25 вати, по Јакобс Милка 3во1 со млеко, по филм со пченка.... ...УБАВО!
Пре-кра-сно убаво е кога ќе се разбудиш со задоволна насмевка на лицето, кога ќе ти текне на збрките кои си ги створила вчера и кога го доби резултатот кој го сакаш од нив
Се разбудив среќно со прекрасните сончеви зраци. Се додека не го видов и не ми го уништи целиот ден! Го мразам!
prekrasnooooo!!!! cel den si peam!!! beautifull day!!! [mod-kirilica:1vi10u00][/mod-kirilica:1vi10u00]
Ми се случува нешто што не сакам а не знам како да го спречам . Не можам да се справам со некои мои како да ги кажам .. нови чувства . Во мене се будат такви чувства што не знам како да се справам со нив ..Како да имам кнедла во грлото , како да правам нешто што не сакам а сепак ме тера нешто . Се терам самата себе да правам работи за кои можеби немам волја ни желба .. За прв пат во животот не знам по кој пат да отидам , не знам што е правилно .. Збунета сум .. и сама ..