цел ден мрзливо се додека потоа дечко ми не ми го крена адреналинот до бесвест и на крај ќе испозагиневме со колата на ова проклето замрзнато време лелеееее колку само силно потоа го гушкав неможев да се одлепам фаламу на бога што господ не чувал фаламу денот ми беше 100 на сат
Лелеее надвор пингвини во несвест паѓаат! Страшно! Се‘ живо на мене измрзна. А, и ДА. Го фрлив и последниот камен, конечно!
Не знам од кога не сум спиела 8 саати во континуитет, легнав во 4, тетка ми ме разбуди во 8, во 9 пак легнав, во 10.30 некој се обеси на ѕвончето, не станав ама џабе кога ме разбуди, и таман заспав повторно дојде мајсторот. И вака со недели...па како да се чувствувам кога го слушнав телефонот се расплакав...и јас сакам сонче
Глупаво. Сакам да одам некаде! Не ми се верува дека ни кажаа повторување со оценување уште оваа недела
Како Кока Кола...ладна, ако ме протресеш ќе ти експлодирам...и имам интелектуална агилност на амди бајрам.
Средно-бедно ,шала на страна,убаво,да не си подречам....нешто имам пак елан за учење :geek: чудно ..можеби ќе поучам малку
Уморно... многу уморно. Да има некој да ме тресне од земја, ваљак да ме помине, било што, само да не се чувствувам безволно. Морам да си најдам некој трик како да се справам со стресов, зошто динамиката ќе ме уништи напросто. Уморна сум од се, а најмногу сум уморна од рутината која ми ја наложува монотониов живот. Уморна сум да ги потиснувам чувствата, и да се смешкам кога не ми е океј, уморна сум од размислување, од ладново, од несоницава која ме мачи недела дена, од проблемите дома, од проблемите на школо, од сопствените зацртани цели, од залудно чекање и лажно надевање дека некои личности сепак ќе се променат, многу ми е преку онаквое..
Добро се чувстувам, во добро расположение сум, но физички се чувствувам како претепана, одвај мрдам. Завчера бевме в теретана и се размрдав малку повеќе за тоа што немав вежбано некое време и сега се ме боли ама ако, само за убаво нека е
Денот ми почна ужасно, со нервози, ненаспана, ме фркна главата... Потоа се напив аналгинче, па кафе и некако се подсобрав, и сега сум добра имам уште некоја работичка да подзавршам, и вечер ќе си се препуштам на уживање
ако е возможно да се променат луѓето кажете ми како зар е можно да бидат толку себични толку безобзирни толкави ѓубриња не можам да сфатам навистина не можам ќе направиш се за некого апсолутно се, ќе бидеш таму секогаш кога си потребен и тогаш максимално ќе те искористат во моментот кога ќе помислиш дека се промениле тие едноставно и ладнокрвно ќе те изгорат толку силно но ти ќе преживееш само за повторно да ти го направат истото не верувам повеќе во втора шанса некој не ја заслужува ни првата *со посвета на личноста која треба да биде тука а не е*