Имав веќе некое време товар што го чував во себе . Дојде и овој ден .. вчера не можев да спијам од што се тресев цела .. Помина и тоа од кое се плашев . Ми олесна ама па и разочарана сум од самата себе ..
Се чувствуам мамурно, уморно и недонаспано... Уффф, барем вредеше вчерашната искачанка, инаку денес може и ќе тепав
Ми истекоа очиве цел ден висам на столов. Никако не се чувствувам, ама баш никако ! Баш вака, цел ден пред РС, мора да се прочитаат сите статии што ги пропуштив за време на испити )))
Разнежнето По прв пат не убивам луѓе кога ми е прв ден од циклусот туку советувам се живо и диво со една реченица „се ќе биде во ред, не се секирај “ Одамна не сум била толку милно размуабетена со милата ми другарка, денов ги има сите предиспозиции да се штиклира како одличен
Супер супер супер. Имам едно најпрекрасно суштество дома што знае како да ме расположи. Моето самоједче. Само да се мааази, сончко
Како - јако. Нешто ми вели дека мојата рамнодушност овој пат, не е случајна. Убаво се бакнуваш, драги мој! Во сабота вечер, ќе пеам во Хавана, кој сака нека дојде. Кузнае како ќе звучам. Сега, дремам со чај од липа пред лап топ, ми брмчи системот нешто, а еве уствари и што сум пуштила! http://www.youtube.com/watch?v=QrzGpVOPcTI Сите си имаме по некој, нели? Друго... Силна сум многу некако, не можам ни да објаснам од каде доаѓа ова чувство. Слобода, би рекле философите, мошне чиста состојба. Драго ми е што, си се имаме, а сепак сме индивидуи. Одам сега да си гледам нешто од Ларс Вон Трир. Си ја
За на училиште станав ос помислата дека денес е петок . Тоа ми даде малку воља. Лееле, па кога напнале првите часови со тестови и испрашувања! Добро имавме време за учење, ама сепак .. . Цел ден ми се спиеше и така поспано си поминав до 14ч. Гледав филмче со другарките и малку се расположив и до сега ме држеше тоа убаво расположение, а сега пак ми се преспа, стомакот ме боли и се замислив за тестот по физика (Господе, помогај!). Сега да си се релаксирам малку со музиче, да се измијам и освежам и во кревет! Не можам веќе. Ајде, па од понеделник со повеќе сили и со подобро расположение.
Сабајлево бев со расположение 10 на скала од 1-10. Како минуваше денот, така ми расположението ми паѓаше... И ете сега е на мизерно ниво 3!!!
И јас како Блонд, сабалје преубаво расположена, си учев, се убаво, али денот не е ден, ако на крајот не се изнервираш заради личност од посилниот пол. Моментално никакво расположение..