одлично,си ја слушам јк супер сум,чекам да ми донесе маж ми хамбургер да јадам. еве нешто да ви се поправи располежението во студениве ноќи.http://www.youtube.com/watch?v=Pw7QsAXJ ... detailpage
Додуша малце и ладно ми е, ама има во сите теми да истролам и да изнапишам колку романтични чувства буди во мене овој снег! И нека ме бришат, ма секаде има да пишувам Другата во мене: Хипицо, свести се! Сигурна си дека не беа расипани виршлите?
Толку убаво ми почна денот со две убави вести ..и потребно беше еден збор сето тоа да замине по вода..ахх
Никако ... Сонце ќе огреело како па да не ... Не можам ... Душата ми е парче ... Сакам само да гушнам некого силно и да почнам да плачам колку што можам ... Да врескам и да извадам се од мене ... Ама морам да бидам силна... Со камено насмеано лице за да не ме приметат дома ... Па да се доуништат ...
Теди, на некој близок кажи си се што ти лежи на душа, исплачи се, помага. Ти пуштам од мојава позитивна енергија и те гушкам најсилно, ќе помине! Да не бидам офф топик, јас се чувствувам прекрасно! http://www.youtube.com/watch?v=A7mb102V1F0 Ај блиив, ај блииив.... Spoiler
Несакам нерасположени луѓе и со негативна енергија, а денеска јас така се чувствувам за жал. Разочарана од животот, тажна и изнервирана од нашето здравство и недај боже човек да тропне на тие врати каде што бубашави шетаат и те мотаат од соба во соба...стамота!
Што би рекол К - како блуз. Т.е како кога добар човек се чувствува лошо. 6ти ден на работа, невозможни случаи. Тага, нервоза, многу работи неинформирани, глад, умор, болка во р'бетот, варено вино, греана ракија, зезнато грло, а јас треба да пеам. Се чувствувам како да ќе си правам реквием на одредени емоции. Ако е за така, налет. Соодветно ќе ги испратам. А вчера... Вчера беше меко. Како снегот кога паѓа. "Во тебе е се’ "... Кога го прочитав тоа, само земав длабок воздух. Некогаш ни тоа не е доволно, знаеш. Со ноќта и моќта напред, верувам дека можам. Во прилог - една сликичка за да се надополнам :http://www.nps.gov/pwro/collection/website/rosie.jpg
Психички изморена, напната, тажна, лута... Многу чувства ми се мешаат во моментов. Сакам да кажам многу работи ама гласот ме издава. Емоциите се посилни од мене.
Збунето и чудно. Хормоните преовладуваат. Тажно, тажно, депресивно. Па потоа некоја си носталгија и меланхоличност се провлекуваше низ мене за на крај да заврши со некоја ' плашлива ' возбуда и некоја среќа, но повеќе привидна и моментална.. Сега, што знам. Некоја средина, ама се повеќе тера кон онаа стара носталгија. Момент на каење, па момент на среќа. Навистина не знам што чувствувам. Се надевам дека хормоните ми ја прават целата оваа збрка. И ги молам нека си одат, ајде иш, иш.. оставете ме на мира.
Обично ја мрзам првава смена на работа,но денеска некако убаво ми дојде. Мислам дека сонцето што се трудеше да се пробие низ облачиштава придонесе за тоа, но исто така и вкусното утринско кафе од драг колега Се чувствувам како да после тргам на летовање
Слободна недела,се чувствувам убаво,слободно,опуштено,релаксирано,милина.А уште ми трае и импресијата од синоќешниот секс со дечко ми,го сакам овој ден,супер ми почна.