Во животот никогаш не ми било полошо. Конфузија, еуфорија, солзи, љубов, чувства. Ах........проклет тесту, само немој периодов те молам........
полека оздравувам но се чуствувам уште малкуѕ омалаксано. болест+ работа + обврски е тоа не оди и малку потешко ми е. но ете собирам сила малку да видам што има на пц и да ме расположат интересните теми и добри коментари на фемина
Ко Восток со ПМС. Не можам да се решам дали сум Восток во славните денови, па ми иде да ме лансираат во вселената, или сум Восток во сегашноста, забутана во некој музеј си медитирам и уживам ставена во зен позиција. Секако сум Восток, вака или онака, во исчекување на инвазија на руската црвена армија
Денес.......... ужасно морам на работа, а утрово ми почна мнооооогу бело перење Не е лесно да си трудна, ама ич не е!!!
одлично расположена,да не се потречам пу,пу,пу добро ми е.релаксирана и задоволна.фала му на господ за миров што ме снајде,на сите ви посакувам да ви биде убаво
денес ок наспана сум за почеток тоа значи дека сум подобра. но ова кашлицата ми ја влече и најмалата зачувана сила. но морам да издржам да си дадам сила затоа што пред мене е цел работен ден а вечер ме чека мажулето. болеста ми ја повлече цела енергија но се борам и не се предавам ќе ја победам јас оваа настинка и ќе бидам старата карак насмеана и луда
Ужасно. Се тресам од што ми е ладно. Ноќе не можам да спијам, се будам во ниедно време. Нит ми се јаде, нит ми се пие. Чувствувам, а не ме боли. Ми се плаче, но не можам да плачам. Ете, така се чувствувам!
Како по обичај, ми студи. Ништо ново. Но, среќна сум што ги завршив обврските, а башка и го подиспразнав паричникот, па лесно ми е на душава Ех, женска главо!
супер, расположено, конечно ми се мавна од глава една мислачка сега на раат да си продолжам, но и малку иритирано да не повторувам пак зошто, али се на се е ок
Тешко. Цел ден ме боли желудникот. Ја претерав со кафе и цигари Ах, како добро би ми дошол еден чај од нане...
Се гнездам, т.е се гнездев таква ми е дијагнозата од интернет... демек тоа што средувам по дома, правам место за новиот член и ги прередувам работите, значело дека сум во фаза на гнездење, и било нормално кај секоја трудна жена. А како ќе биде кога ќе почнам да купувам за малото.... can't wait!
Еве вака: Од што сум нервозна оган ми излегува! Шлаг на тортата беше сето ова. Којзнае уште што се ме чека до крајов на денов глупав.
Хмпх.. па што знам. Онака, ништо посебно. А со учењево ко што приметувам лошо тргнав, па затоа во блиско време ќе се чувствувам лошо. Ама некако безгрижна сум во врска со тоа.. Нека биде. Сабајлево бев весела, радосна и така ' bouncy ', како што јас милувам да кажам. Ах..
Тотално за нигде.Бедно. Уплакана. Смрзната. Преморена. Пренервозна. вријам... Почнувајќи од јсп, па шоферите во јсп, па факултетот па и упишување семестар па и заверување семестар па и земање оценка од прости професори кои се мислат кој знае што па и глупава дрска некултурна арогантна препотентна искомлексирана жена што работи во студентски прашања ... завршувајќи со мајка ми, баба ми и брат ми. Пукам ако ми верувате. Одамна не сум била олку пренервозна.
демаркирано од општеството,полна со интузијазам и полна енергија да сторам се што не сум сторила,се чувствувам волшебно,уживам во секојдневието.....понекогаш обожавам да бидам малку сама и да ги расчепкам фолдерите во главата полни со глупости,денес е тој ден.рисајкл бинот веќе е полн сега ќе го форматирам и одам да спијам