Убаво си се средив фризура,депилација.маникир одличен третман си бев опуштена релаксирана.Сега ке си разгледам што од гардероба да облечам за вечер.Чудно луѓе одма ми се врати расположението.
Полесно за неколку грама прашина. По коренитото чистење на станов лесна ми е душава, а богами и плуќава Се‘ мириса на чисто А и ајм лукинг форворд фор тунајт. Girls' night.
Среќна сум После кој знае колку време конечно ги дочекав моите 5 мин....Ме огреа и мене сонце ова неделново Зрачам После сите депресии,карања,пмс-ци,љубомори, плачки,болки и сите можни негативни чуства Вредело да се чека...преубаво ми е...секогаш е најслатко и најценето она што се чека подолго ! Вреди да се живее за ова чувство....толку магично што ме остава без здив Само нека трае и трае и трае
јас физички убаво си посветив цел ден внимание на себе но ме нервираат личности што не посветваат внимание на мене од кој го заслужвам и така тажничка сум
Како? Како да е Март месец, а јас пркосам на времево со првото сонце Ја исончав мојава бела кожичка, сега сум печната и лутикава Ама сум полна со енергија, и со љубов И со шеќер Сфативте како се чувствувам?
Заплеткано. Ко некое девојче од 1 година што се плетка во нозете јас се плеткам во зборувањето како уште букварот да го немам прочитано Баш глупо, како наеднаш паметот да ми се намали и како да почнав да размислувам на начин на кој го мразам - не јасно и не разбирливо, не сватливо и бес целно.
Ааааааааааа полна енергија!!! Воздух со вкус на костени, ветер жолт како сончоглед, сонце миризливо како мало зумбулче.... ги помешав сетилата? Ма не! Само my time has come. Доста хибернирав, иш зимо! Ау луѓе ова сонце златно ми ја продаде сета енергија на светов за евтини пари, ми ја продаде за две-три насмевки и за 5 минути на студенстки, ништо повеќе Златно тоа, денов ми го позлати. А и драгата професорка изгледа на десна станала, па и неа ја позлатило, море рацете да и‘ ги позлати што ја пиша таа 10ка. Летам, просто кажано!
Сакам да излезам од затвор. Да се ослободам од се што ме мачи и се повеќе и повеќе ми ја гризе душата
Чувствувам јаболко во грлото кое не ми дозволува да голтам, тежина на градите како долгогодишен пушач, убиствена болка во главата од сета бука околу мене и од паметот кој полека пробива низ непцата (умниците) Очајно ми треба релаксација, темпово ќе ме уништи.....не психички....ама физички гарант.....се исцрпувам до крај, морам да почнам да внимавам на здравјето......ништо не е поважно од здравјето Ах да и ми треба ЉУБОВ.....бакнеж и прегратка