Ја сум ОК..ништо посебно одморена и наспана ама и покрај тоа многу мрзлива ги извадив алиштата од шкаф да ги средам и еве чекам сега сами да се средат се заседнав на фемина, си се читкам со дечко ми и си пијам капучино...некако сум баш онака ''не се замарам сакам да одмарам'' а имам еден вагон за учење али јбг сабота е нели
Се чувствувам добро. Ниту тажно, ниту еуфорично, ниту скокам од среќа.....туку добро. За прв пат во животов не отидов во крајност и се чувствувам Год дем добро Колку било убаво да си едноставно добро!
некако чудно...денот е прекрасен а јас сум на работа заглавена...ми почна со голема кавга со еден невоспитан дедо и цел работен ден ми се за*ба ....а маж ми гарант си шета со децата .....уф ке пукнам :evil: :evil: :evil:
Незнам дали му се случило на некој,ама мене ми се има случено,така се чуствувам некако,штознам,не ми се мисли,нити па ми се збори,нема некоја причина но ете така од ништо,надвор е тооолку убаво мерак,го гледам времево,сонце,како пролет да е,и едноставно не ми се прави ништо ама баш ништо.Некако смирено,релаксирано се чуствувам а воедно како што си кажав ништо не ми се прави,нити ми се мисли,уста не ми се отвара со други зборови.А секогаш се некои работи ги правиме онака рутински,како ради реда,како роботи некои сме,и малку ете да неправам ништо ама цел ден,просто е невозможно.
Се пронаоѓам во ситуацијата :? Едвај цекам да помине овој период, барем да знам на што сум. Ме убива неизвесноста
Се чувствувам исполнето... не знам, можеби затоа што конечно после толку време имаше сонце... а ветровиве промени носат - барем така мислам... имам се - не дека животот ми е совршен, ама убаво ми е, среќна сум... зошто да барам повеќе? Иако сум уморна од барање работа и постојани негативни одговори и одбивања, не губам надеж, веројатно ќе дојдат и моите пет минути...
Никако...затоа што знам дека и нему му е тешко, ама инаетот му е преголем...дури и по цена на неговата среќа...
Оптимизам молам јас сум онака релаксирана,мирничка,најадена,благичко и телефонот до мене со wallpaper од дотичниот ми господин .Тоа е суперрр,мислам.А и вие бидете ми арни :up:
Ма шта да ти причам кад све знаш... Добив бесплатно фенирање денес од прекрасново време.Воспалени синуси,плус! Се гушкавме,се стискавме,се душкавме,си ручкавме,си пиевме кафе...ми дојде бокс да му стегнам на неколку пати кога извади некој незрел елемент од себе,ама добро,за љубов се воздржав. Мразам кога случајно сме облечени во исти бои од глава до пети,ама ете колку сме исти...така и денес...како брат и сестра-близнаци.Бљак! Центаров градски денес преполн,а пак го чувствував како празен. Имав потенцијал за средба со една личност,демек случајна.Баш ќе ми годеше. Мизливи свеќи,книга,релаксација...што беше тоа?! Стерилно,сконцентрирано,кофеинизирано,замислено,стресно...колковиумска!Ми го умртви романтичниот и уметничкиот дух... Пмс,пмс,пмс!Уште малку и хартија ќе почнам да јадам. И да,мразам што прават атракција од нешта кои се во размери на катаклизмична катастрофа,каде човечки животи се во прашање и сите секундарни последици со сето тоа.Новинарот се смее,сите пуканките во раце и чекаат цунами...језиво,а друг момент Армагедон на а1...премногу адреналин за мене на едно место.Не сакам неубави нешта. Лили без т!
Лелееее колку ми се спие само :? Спиена сум околу два саати и тоа едно никакво спиење...се некои лоши соништа упм.
Денес хмм како и времето..облачно со повремени сончеви периоди...баш ми се спиеше ама ме разбуди татко ми се растрескал нешто пргав е уште рано насабајле и веќе неможев па да задремам па решив да станам и да видам што има по фемина и да ви дадам една задачка за сите шо се расположени едно проблемче ке ставам сега во тема Лјубовни проблеми и совети па ќе чекам одговори
Se cuvstvuvam od den na den se povznemirena imam nekoj nemir vo dusata tesko mi e neznam sto mi se slucuvaaaaaa delikatno se cuvstvuvam
Некако ама стварно ми е тапа денов се осеќам како преморена и нерасположена за ништо,се ме нервира ај можеби ќе се смени до после...како и да е ...ТАПА! hock:
Само д не се урочам-неколку дена наназад-ПРЕКРАСНО.Доста беа црни периоди,вака е супер!Секогаш велам дека најубаво е да не се нервираш за ништо,само иако понекогаш не се издржува. Јееееееее,хепи сум и тоа без некоја посебна причина
денес сум пак болничка ама расположена посебно за учење чудно чудно чуднооооо и си велам да станувам побрзо од компјутер дури не ми поминала желбата што се јавува два апти годишно