Расположението денес вртоглаво ми варираше, просто кога ќе помислам на тоа, глава ме фрка Станав ненаспана зошто работев до 4, ама среќна поради очекуваната средба со некој кој ми значи од животов повеќе. Во меѓувреме не знаев дали средба ќе има или не, па така расположение ми се смени 100 пати, се до мометот кога решив дека ќе одам на кафе, па макар земјата престанала да се врти. Ми се разбуди бунтовнички дух, нека ме пеглаат колку сакаат, слободно и штирак нека ми стават, имам ја приоритети Интересна работа е како некои луѓе те полнат со енергија. Само едно кафе, средба од час и малку, ама доволно да имам насмевка и да поднесам се до крајот на денот. А после фала богу следуваше и пеглање и штиркање, а јас мртва ладна (а ти си ладна, о-о-о-о-о ладнаааа ) Ме фати мака зошто куферот се уште не ми е испразнет од пред 2 дена, а утре пак треба да одам. Им кажувам на децата дека пак нема да бидам тука, ми викаат дека ќе им недостасувам, ама знаат дека морам. По ѓаволите, во вакви моменти ми иде отказ да дадам. А мачно си ја сакам работата, особено сега. Само не очекував дека толку ќе морам да спијам надвор од дома. За мене Македонија е мала, и би возела секој ден од најдалечното место, само да спијам дома. Ама не мислат сите така. Вечерва уште имам работа, утре пак ќе возам и ќе се молам да не ми се приспие пак како во петокот кога буквално ќе заспиев зад волан, и тоа неколку пати. Толку се изнервирав, од добиената домашна која не сум ја ни почнала, што на излегување од работа, 2 саати откако ми заврши работно време, си ја заборавив сопствената ташна. Ништо страшно, ваљда ќе ме чека утре. Важно телефонот е со мене И во едно такво депресивно расположение прочитав нешто што ме лансираше во вселена, пишав назад еден роман кој го пишував саат време, ама знам дека на некој ќе му биде убаво додека го чита И можам уште 10 да напишам. Ех, ПМС... А утре... градот што го сакам како да сум родена таму, па после едне друг што го сакам речиси исто толку... Ајде сега, на работа, на труд. Проклет да е капитализмот, и тој што прв го употребил зборот дедлајн.
Денес...Абе онака. Фино. Кафе,цигара....Факултет,обврски... Е тоа ми боди очи. На некој му убаво без мене. Добро,нема проблем. Така и ќе остане.
Леле како ми се спиееее Епа така ми е кога останувам да гледам филмови до доцна. А утрово станував само за ЕДНО единствено предавање кое не го додржавме цело, а ми го плеснале во прв термин. Уф! Ама па времето поминато со колешките ептен ме расположува. Собрани од неколку градови, се цепиме од смеење кога едната рекла ПАЈНЦИ, другата ВАГАНИ, третата вика АЛЕ, ШО ВИ Е ВАС? Македонија во мало (демек иначе Македонија многу голема е ).
Морам да се одделам од компјутеров бидејќи не сакам да чувствувам грижа на совет заради неодговорност. Кога ќе ја завршам денешната главна задача ќе се чувствувам посреќно и задоволно, сега ме копка нешто и се осеќам како да ми фали нешто. Ај маст ду ит . Лукс се може, се се решава се се учи трам, трам, трам ( ууф ама се мотивирав сега)
па...ништо посебно...омалаксано,ми се спие,малце осамено се чувствувам...незнам дали вечер да излезам
Не се чувствувам, јас СУМ болна Со температура, портокали, лимони и книгиште за учење, се чувствувам никако. Па и ова нешто ми требаше, да не можам да внесам енергија преку храна
После двете 9ки, сосема ок. Веродостојно на она што го преживеав за да ги средам тие семинарски. Баш денес сфатив колку факултетското дружење ми недостасува! Ах! Онака, со воздишка, сите тие дремења по скали, јадење сув ѓеврек, кукање дека животот ни е сведен на скрипти и маки.... Сето тоа денес во флешбек, како мојот шарен шал, оооп. Си се сврте во сферата на спомените. Дефинитивно среќен ден. Цел ден трчкав како дете. Сонце, колеги, Менада, варено вино, кучаци и мачки, цигаре и глупирање на џезот што плампотеше како да е пуштен од стара крцкава плоча. Пишуваме, со колегава ми. Се смееме дека растеме ко брези на росна ливада и лепиме стикери со смешни пораки по влезни врати на згради. Херојот е повредена душа, која сака да слуша. Знае дека сум позер и глумица во маало, така вели. Само да не излезе Ањушка на површина, оти тоа е стравот. Храброста се вика Ана. Можеби. Мирно ми е на душава, по сто години. После ќе си купам Теа Модерна, и ќе го читам Иван. Се гордеам со него!
Аххх, прекрасно бреее топ супер. Денов партали, абе си ги гледам луѓенцава низ градов, сите такви весели насмеани, ми се згреа душичкава денеска од мерак. Што ни прави сонцево еее како не беше ваков секој ден