Баш онака задоволно, опуштено, зен! Убаво ми е на некој посебен начин. Смирено сум насмеана и сталожено ги прифаќам денешните предизвици. Единствено блага нервоза ми создава песната што ми се врти во глава а не знам од кај се најде таму и зошто?! „Сакам да сум јас детелинка, скини ме...“ What the.....?
Прекрасно, се разбудив со насмевка, се надевам дека и вака ќе го завршам денов. Денес ги сакам сите, денес сум посебно расположена, ви праќам на сите позитивни мисли и по една прегратка за убав ден
„Тотално опуштено, зен“ - и јас исто вака се чувствувам, заради сонцето и топлото време. Сакам пролет, сакам лето! Тогаш сум во елемент, тогаш сум си јас... како не беше Македонијава наша барем во некој суптропски појас - па да уживаме максимално!
Ми се спие ми се плаче... повторно Леле веќе не знам што ќе правам со неспиењево. Ама Сончко златен тој ме расположи максимално, а и новите успеси. Башка и Стојче ми го врати индексот, па сега се чувствувам како прва виолина во Филхармонија
Денес.... Сепак,среќа не е среќен ден. Знаев дека тоа смеењето си цимерката синоќа не беше на арно... Денес,глупаво. Е така се осеќам. Бесцелно. Ко робот. Ништо,ништо,никаква емоција. Архангел - Милион долари. Е баш така се осеќам. Ко типот. Бедно...До бескрај. Ај прашајте ме зошто...Па и јас не знам да ви одговорам.
Може да се каже добро, задоволно и расположено. Баш онака како што треба да биде. Не се жалам, било и подобро, но ќе биде и полошо.
може ли ова убаво сонце да растажи некој?? може ли овој ден да кажам дека не сум ок??? не денес ми е убав ден радосен и среќан исполнет до максимум и без ни минута одмор. турбо уште од утрото турбо до вечерта. сонцето ме крева на нозе, ми претставува зрак живот дека доаѓаат топли денови..............
Се беше во ред и времето и долгата прошетка и третманот на лице и коса.. Се до пред некој час.. Многу сум скршена, уништена, повредена.. Да не е човекот кој несебично ме сака да ме ислуша ќе полудев.. Срцето ми е сронето на безброј парчиња. Плачам како мало дете, глес не можам да пуштам некој да не ме чуе а толку многу ми е тешко
Онака ништо посебно ме фаќа некоја нервоза во последно време ми иде да се качам на некоја планина и да се дерам како ненормална...а и ми фали дечко ми мноооогу леле аман нека дојде веќеее...тапа сум ептен ништо не ми се прави :'( :'( :'(
Што знам...цел ден размислувам колку навистина,навистина,НАВИСТИНА е мал светот.Учев малку,читав из задовољства,мастурбирав на добри чевли,отеков од работа,отеков од трчање и се трескав од земја заради сеуште заебаната бирократија во државичкава.Ах да,стандардно си свирам по нерви,сама сум си крива ради нужната ми потреба да ја мучкам зошто е со фабричка грешка и тотално ограничена.Знаете како оние на коњите што им ги ставаат...ете баш такви си има и е кобила! Сега се чувствувам вампирски!Лезетски си го допивам црвеното ми вино (да,во среда навечер,као пасиониран алкохоличар ) и слушам ова... http://www.youtube.com/watch?v=k1-TrAvp ... dded#at=23 Се удавив во втората,па почнав да заударам на филозофија...колку е е*ано језиво да си го гледаш одразот во машки лик и да знаеш дека си едина до која би спиел мирно,а не од многуте од кои бега после добар провод.Успех,не?!Секогаш ми смрзнуваат и рацете и нозете,а вечерва ми жежат ушите.Се нервирам зошто не доаѓам до израз кога треба,а претходно сум го згазила цел свет со мојата 12ка од штикла(нешто многу сакам во задно време да исчашам зглоб,да се утепам,да скршам колк,не дај боже и глава,ама ај...до кога само ќе се занесувам дека сум 180 висока и јас не знам),сум кренала глас,сум изнудила насмевка!Увек мислев дека имам кец во ракав по тема на некои односи,ама овој ОДНОС нема никакви повратни врски,само збунувања!Абе дава еден глуп звук,како на ептен затегнати жици на гитара! Имам се што барав,сега дали сум среќна?!Па види вака,крадам време за тука,крадам време за читање она што сакам,крадам време да поминам со него...у принцип станав тежок лопов на минути,ама ... веројатно ќе се исплати,а како...па ќе слушнете еден ден за мене на тв! Имам тоа што сакам,немам тоа што не сакав,а сега го сакам,а без тоа ми е далеку поубаво,веројатно со се тоа си ја фатив за врат спонтаноста!Ма каков врат бре,мамата и ја ......!Е ако! И така...вие го испразнивте форумот,а јас,па јас си дрмкам и се трудам да се чувствувам комплетно,иако нема реална причина зошто не би.Утре треба да станам рано,конечен заклучок! Еве нешто за крај... http://www.youtube.com/watch?v=Q3M8s5NG ... re=related
На работ на самата себе. На ивица да станам некоја друга предизвикана и из'ртена од неповиканите делови од мене... Ехото на мојот сопствен глас почнува да ми оди на нерви. Разумот ме застанува, ја влече рачната кочница вриштејќи, а јас одам, горам, палам , уништувам мостови кои плачев да ги изградам. Фурија од бес заради натапкани сопки, едни врз други, едни по други, моето сопствено его ме гуши некогаш, не ми дава да се приберам... Го газев степерот како шизофренична будала додека си го вртев муабетов во галва, и газев, стискав, пустев...Се вцрвенив до пукање.... И тогаш од нигде никаде, типот од теретана ми вика ... „ Девојче ако сакаш да има ефект, мораш малце да се натртиш“ how convinient
Како времево Едвај чекам да дојде пролет, ја мразам зимава! Мразам снегови, дождови, мразови, сакам сонце и зеленило! Денов планирам да го поминам во шетање и да и посветам малку повеќе внимание на мојата мила Тара, која изгледа отприлика вака Само ми е страв да не и се намокри и извалка крзното, ќе гледам да ја однесам во парк на суво
Никако. Не знам. Ама битно се чувстувам себеси, ме грее сонце. Бев да прошетам демек, со новите златно жолти патики и се ушлапав во кал. Мислам на сто и една работа. Вчера, мешавме виски и кока кола и си ветувавме која песна на свадба ќе си ја пееме со Жениве ми. Нешто, нешто не ми штима. Ќе почекам до вечер, да видиме. Веројатно, треба сивилото да се обои, а некои работи да си останат такви какви што се. Нели?
Овие неколку дена ужасно, меланхолично а зашто појма неам нити ми е оној дел од месецот нити нешо слично
Шо убо ми почна денот за да испадне ужас Околу мене само лаги, илузиии,неостварени желби некој си мој свет кој почна да се распаѓа На крајот остана голата вистина дека тоа е тоа узми или остави имам ли избор?
Kako радосно дете што ужива кога сите му обрнуваат внимание Па, да, среќна сум. Ова ме направи уште повесела
Се чувствувам среќно , иако знам дека не треба да бидам.Бев на прошетка на сонцево и видов една сакана личност и оооп насмевка од едно до друго уво