http://www.youtube.com/watch?v=ThbMaq8hDEo - ваков златен прав над глава ми правиш. Романтично или не. Тоа е! Како може да има човек таква карма? Појма немам! А интересот расте, правопропорционално со сите забрани. Пијам какао, довршувам семинарска, блаботам со Тањ, вечер во Менада ќе нурнам длабоко во ритамот наречен среќа, и ништо не ми е важно. Доста беше дезинтегрирање, време е да се приберам во купчето плусеви. Инфицирана околина, мхм! Имам нови менѓушки во облик на виолински клуч, и кога ги купив, жената ми рече - нека ти носат многу среќа и музика. Јас и реков - нека ми донесат само љубов! Се изненади, ме гушна, и ми даде амајлија, малечка нота, направена од глина. Да, и улични ангели постојат. Вчера се уверив во тоа.
Прекрасно...за разлика од вчера некако исполнето, среќно. Доаѓам од предавања и по пат се радувам на секој мала ситница која ќе ја забележам, а не е до времето затоа што и вчера беше убаво. Не знам некаков душевен мир, буквално со пеење си дојдов дома како веќе да ми е врачена дипломата. Дали оваа промена се должи на тоа што за разлика од претходните денови кои ми беа исполнети со многу луѓе, некако денес си издвоив малку време за себе и да уживам во денот не знам...има вистина во познатата мисла на Далај Лама дека за да функционираш беспрекорно во социјалната средина, секој ден барем 15 минути треба да посветиш на себе и само на себе. Се надевам сите вие сте во вакво расположение денеска и дека ќе ве држи што подолго. Голема среќа што постои Фемина да си ги искажам овие емоции затоа што сум таков човек кој има силна потреба да сподели убави емоции со другите. Убав ден на сите.
Денес НЕ се чувствувам. Имам некои симптоми на ненајдени невротични испади, онака врз некој мил кој воопшто не го заслужил тоа. Не се чувствувам никако! Како? Епа така, денес одбивам да почувствувам што било, подобро ми е да не чувствувам отколку да чувствувам тага! Денес кулминира моето НЕрасположение, ама... Ајде барем тоа е добро, кога ќе се треснам од дното ќе се упатам кон достигнување на нов екстрем. Се надевам следниот ќе биде максимум, а оној минимумот нека го земе приамтот на најголемиот минимум до сега. Ете така. Како што ќе решам, така ќе се чувствувам. Посакувам да беше така. Ајде можеби утре. сега за сега петокот ми значи колку снегот што падна пред две недели.
Кога станав се ми беше супер и се чувствував одлично. И на училиште ми беше вака - забавно, весело, интересно .. Е на крајот некои личности ми го расипаа денот. Потоа пак се расположив велејќи си дека се и супер, ама упорно продолжуваат да ме прогонуваат себични, дволични, лицемерни, љубоморни лица. Ама ако .. се ќе се среди.
Пред се се чувствувам живо. Се сеќавам на спомените. Среќните и тажните. Потоа се прашувам: „Да се смеам? Или да плачам? Што е ова?“ И повторно се сеќавам. Ја гледам лузната и го чувствувам ударот. Ја гледам дланката и го чувствувам допирот. Ги гледам другите, но не можам да се видам самата. Знам дека живеам. Не знам како живеам. Сепак се чувствувам живо.
Убаво...Максимално ги искористив овие два дена Се изнашетав, се изнасмеав, ова моево ѓубре малку ме изнервира, ама потоа ми надокнади со неговата способност да ме насмее од срце
Грозно. Кратко и јасно, не можам да најдам поопширни зборови да ви опишам колку многу грозно, глупаво и тажно се чувствувам!
прекрасно сонцето го искористистив мак. со мојата најдобра другарка се нагостивме со убав ручек потоа кафенце па купување се изнаоговаравме па додаток потоа со дечкоми денот ми беше турбо пополнет
Ии многу ме натажи постов на Вајлд . Инаку, јас денеска онака без никакви посебни емоции, си го истерав денот .. колку да помине .
Со оглед на тоа дека денеска станав порано од обично што ме радува бидејќи неможев да се освестам и ме пречека сонцето уште со првото отварање на очите , со оглед на убавиот Валентајнски шопинг со другарками, со оглед на прекрасната вечер што ја поминав денес сум ама баш СУПЕР.