На овој прекрасен, сончев ден јас се чуствувам ужасно, катастрофа. Немам желба, ниту инспирација за ништо... кога станав пола час така блеев во една точка не разммислувајќи за ништо. Ова не личи на мене, не знам што ми се случува
Ме боли овде бутчево кај шо ми бапнаа инекција вчера Освен тоа, добро ми е. Недела = добар ручек (едвај го чекам )
Многу кретенски Дали дека недела .. не знам .. Само сакам да заспијам , ништо друго . Дека ќе се расположам со тоа што ќе пишувам нешто домашно не верувам Денес не знам што да правам , не дека немам него не сакам ништо . А бе не знам ни јас
Досадно!! Имам неколку обврски што ми стојат над глава, а јас ни да мрднам. Си дремам како глупава и незнам што чекам Да одам да испијам едно мераклиско неделно кафе! Да, прво прошетка, па после работа. Ете, требало да си ги ставам мислите на хартија - на екран де, да ги видам, па да ми текне што сакам.
денес сум многу одамна не сум била расположена наутро како ова утро... иначе денес летам до среќа и го враќам сеќавањето што се случуваше синоќа и колку беше убава таа вечер со моето срценце...
Лошо. Ми дојде од сабајле и стомакот ме боли. А имам еден куп за учење за испитот утре.. Оф како ли да почнам да читам?? Зошто мораше баш денес да ми дојде??
Денес денот ми почна многу весело, среќно, исполнето ... Се надевам дека ќе продолжам со истото темпо и волја.
Денот ми го разубавија две убави бебчиња. Се чувствувам прекрасно. Ма неможам да ви опишам колку ми е убаво. Ја сфатив намерата и ќе терам инает. Да видиме кој ке победи!
никако мајка ми се разболе, во петокот, брат ми се зарази од неа, а мене ми се одзема гласот и поткаслувам изгледа дека ке бидам ко немата девојка, ама се надевам дека ке закрепнам во наредниве денови
денес преморено. сум завршила работа колку што немам работено цел месец. денес беше ден посветен за работа покрај гушкањето. сум направила ручече кај свекрвами сработив нешто по дома али се капнав. леле толку сум преморена но се завршив. денешниот ден можам да си го обележам како работен ден
лошо. збунета сум. неможам да престанам да мислам на него. и на сето тоа што се случи вчера. лошо ми е и загрижена сум. што понатаму?
Тапа, благо речено. Ме умреа, ме умреа од работа. Овој мојов во петокот ми се налути што скапувам на работа, како да ми е ептен убаво тука! Ми пиша СМС: дали планираш да се вратиш од работа, и кога? Јас му вртам, а тој не ми крева. Прв пат во овие речиси 13 години откако сме заедно да не ми крене. Веројатно стварно сум претерала Work-life balance policy??? А бе ај бркајте работа! Па уште се насобраа проблеми, по ѓаволите, одговарај за ова, за она... Проклет да е капитализмот и официјалната стапка на невработеност од која човек не може да мрдне. Ми фали нечие присуство страшно многу. Макар и он-лајн. Веројатно и тоа ме прави уште понервозна. Мачно е, многу е мачно!