Стандард ми се спие. И тоа ужасно. Па и тоа е стандард. Ама возбуда една ме држи ауууууу, ми доаѓа како волк да завивам
со оглед на тоа што нокеска се тресев од температура, неизнам искрено денес како функционирам и покрај тоа што се обидував да го прикријам кашлањето, оти мајка ми ке паничи ме фати на дело а додека чекорев по улица ми се чинеше како да сонувам(последица на температурата) и ми беше страв да не ме удри кола или да не се сопнам благодарение на мојата полусвесна состојба во која се наогам
Онака многу рамнодушно! Љубов не! Тоа што ми треба е далеку! Ќе одам на некоја си вечера онака рандом луѓе. Добивам пораки со чудникави содржини, изразување на симпатии од луѓе што треба да седат на страна и далеку од мене! И ќе ги држам таму, далеку од мене! Животе смрдиш!!
Ко некоја тиква подуена. Мака ми е да напишам пак дека си имам работа со неписмени глуперди, зашто излегува дека јас саде ум сум, (а не сум, јбг), ама пак за тие од работа... Сум професор по астрофизика, мислам дека можам да склопам и спејс шатл. Ooooooooo, ви благодарам што сте така дебили, па цветам и блескам покрај вас, и без многу напор. Уф, да се смеам ил да плачам од сознаниево - прашање е сега.
Би било убаво да имам некој покрај мене, некој кој ќе ми каже колку му значам, некој кој што ќе ме милува, некој кој што ќе мисли на мене..ми фали љубов, така се чуствувам, се имам ама љубов немам
Убаво Како и повеќето денови, се чувствувам убаво! Валентајн, Трифун, се во едно, секој ден, ако самиот си ги наредиш коцките. Па и моето „трајно“ решение да не ме лази мува за се и сешто, вроде плод- мувите бегаат подалеку
Пијано и заљубено! Ма прекрасноо бее! Мина е пијана од љубов (романтично бее ) и од Далвина црвено вино (конзумирано повеќе од доволно) И убаво ми е, и благодарна сум му на животот за прекрасните вечери во толку опуштена атмосфера, и среќна сум што сакам и сум сакана, и задоволна сум што имам инспирација и волја за уште една таква вечер, за уште љубов и уште пиење (посебно сум расположена за пиење црвено винце) И да...ме завладеа некаква глупава романтика и се разнежнив малце повеќе, ама тоа е!
Сиво! Денов студен и тмурен. Главава ми е сива! Ветрот ме уништува! Рамницава е досадна! Бар една планина да изникнеше! Ми треба возбуда. Сакам да ја поминам пола Европа автостоп, и да наоѓам места за спиење преку CouchSurfing со малото! Совршен е за тоа, со тој негов немирен дух! Колку знае да ме наку.чи толку знае и да ме расположи! Своеглав е ама и јас сум! Со обврска и безобврска.. ама пак некако стабилно..
така-така...не многу располозена ама не и многу тажна....така рамнодушна... се е тихоооооо нема ништо интересно....здодевен ден ке биде...
Вчера не ми беа баш сите овци на број а богами ни јариња. Некој безличен ден со вкус на тофу. Ама денес се чуствувам некако смотано убаво. Бидејќи сум Френдс фрик, ви текнува на епизодата кога славеше Rachel 30ти роденден, и и тутнаа на глава круна, коса бушава, едвај ги влечкаше нозете и секако дека беше максимално несреќна затоа што е постара? Е јас сум смотано среќна, уште само хартиена круна ми фали на глава. И од сабајле ме смеат оригинални повици и честитки од моите најдраги и баш се клештам „Земи си парче темно чоколадо поздраво е, ќе ослабнеш а плус ќе бидеш среќна до пукање, ако евентуално не се чуствуваш нај нај. Ама биди си ти нај нај де!“ „Ало. Еј! 27мица. Среќна нека ни е! И мене де, ама јас уште уживам у 26ка, и јас ќе полнам 27 ко тебе уште малку.“ „Се заљуби вчера? Се начука вчера? Ај сега порасни. Оу па ти пораснато си било! Ај биди ми помладо!“ И како да не се смееш и да не си расположен?!
Лошо Добив,ужасно ме боли стомакот,исто така и кичмата,исто така и раката,исто сум и ненаспана,и треба да учам многу..и уф