Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Грозно ...незнам оваа глава ке престане ли некогаш да ме боли :(
     
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    24.331
    Пол:
    Женски
    Добро, среќно заради успешно завршената сесија. Малце ме боли глава но ќе помине. :)
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Нервозно! Подготвена сум да се скарам со секого, ми смета и најтивкиот шум околу мене, ме нервира присуството на било кој во мојата соба! :doh: Сакам да сум сама и да не бара никој објаснување од мене! А толку често го бараат тоа објаснување, толку често морам да давам одговори на глупави и еднолични прашања! Она што посебно ме иритира е тоа што можеби се понервозни и од мене, ама (не)вешто кријат и упорно убедуваат дека јас сум нервозната, дека јас повишувам глас, дека јас се муртам! И никако да се разбереме, нити тие имаат разбирање за моето (не)расположеит, нити јас имам разбирање за нивните проблеми!
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Утрово бев релаксирана расположена,кафенце со другарката ова она пред пракса...А потоа :@ бум главоболка и големо ниво на стрес па затоа сега се трудам да се подобрам и подоцна да се наспијам
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Онака исфрустирано ама мирно, со оглед какви личности ме опколуваат! Следна средба знак прашалник!!!! Прокоцка се! Најди си ја грешката! :clap:
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сејм хиар.
    Се гордеам со самата себе и си се сакам, ама ептен.
    По третманот со шампон уште повеќе :D
     
  7. shakira111

    shakira111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    се Чувствувам прекрасно бидејки знам дека ке се видам со мојата лубов. :inlove:
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Фатално :makeup: :D :D
    Имам некоја енергија за лудување до утринските часови, за пиење и смеење...
    Да, да... баш затоа :rock:
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Се утепав кашлајки брее![​IMG]
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    Феноменално!
    Фантастично!
    Френетично фабулозно!
    :lol:

    Ко пијана од Љубов, и будна сонувам, и со отворени очи, та дури и кога мижуркам под оваа неонка и го пишувам мојот извештај.
    И лек и храна, и мелем за мојата болка и што веќе не е,
    се будам секое е*ано утре и во мислите му посакувам добро утро.
    Луѓе, дај кажете некое чаре за оваа опасна вљубеност, упорно чекам интензитетот да опадне и да се вплеткам во замката наречена 15 и кусур месеци, но наместо тоа - расте ко луда, набабрува ко стомак на млада трудница.
    :D
    Имам милион убави мисли во главава и ми се ројат како некои снежинки,
    ако не ги кажам на глас или не ги напишам
    - сметам дека ќе полудам.

    Потпис:
    ВЉубена изгубена
     
    На girl1985, Annath, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    енергично,спремна сум и пирамида да изградам....

    полна сум со самодоверба и интузијазам,гледајќи во сивилото на небото целосно се исполнувам.помислувам на него и тој е до мене,денес сум спремна да направам се со една воздичка,

    чудно е колку само енергично и со голема пулсација сум спремна да размислувам кога не треба!
     
  12. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Се чувствувам грдо како и времето надвор!!!
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Подобро од вчера, тоа дефинитивно. :)
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    :x Песниве за избор на Евровизија!!!! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Ааааааа, самоубиство од прв степен!
    Ахахаха. Неверојатно!
    Јас? Одлична! Можда и вљубена! Во себе!
    Ме фаќа смеа.
    На Бладгруп си се истрескав како лудак, а потем, на Гоце Арнаудов - испоштував еден чочек, со се водолијата што ме брукаше и го гаѓаше мојот бивш со мастики од гелендер горе.
    Важно умревме од смеа, а мене ми се продолжи животот за едно 235 години.
    Иван ми го има во Теа Модерна! :rock:
    Браво, најбраво за него. Ми се јави ексклузивно да ми каже дека ќе го има и како напалени средношколци си аплаудиравме во слушалка.

    А, инаку? Меко ми е на срцево. Мирно. Фала му.
     
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Па искрено не знам .. Размислувам и не знам што да направам .. Ми тежи една работа на градите , како камен ми тежи , а солза една не потекува . Ни солзи немам за да ги пуштам и полесно да е .. Сакам да се врати се по старо , без првиот чекор јас да го направам . И како секогаш си викам , дај нека се среди веќе еднаш .. Ама кој да среди .. :x Знам само дека .. колку време повеќе поминува вака , толку полошо ќе е .. И сепак , не превземам веќе .. хах .. А не дека не сакам ..
    Сакам да се јавам .. да речам не вреди вака да е и да се дешаваат глупости . Нормално е .. пораснавме и не сме истите .. Не сме криви ама ете ми фалат некои работи ..
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Тргнувајќи од тоа дека цело попладне го преспав, мора нешто да не е во ред со мене. Сите периодов имаат температура, Вајлд влегла во минус, 35 со нешто. |(
    Се разболувам, ама убаво и квалитетно. Онака пред викенд, па не иде два викенда поминати супер во еден месец кај мене, нели. |( Во устата имам две пинг-понг топчиња, утре ме чекаат чуда и чудесии по клиниките, па и да ми ги вадат - гајле ми е.
    Олвејс лук он д брајт сајд - може „некого“ ќе сретнам по пат натака. :rofl:
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Како да ме згазил трактор. И после него и камион. И одозгора уште еден ваљак.
    Како крпа стара и фрлена на земја и прегазена.
    Како мастика изџвакана до срж како тегнето месо станата.
    Преморена
    цркната
    Го проколнувам факултетот
    Се ме нервира ... се !!!! И со причина и без причина
    како темпирана бомба сум
    се смеам а не ми се смее
    душа немам од што се осеќам толку изморена
    Едвај чекав да си дојдам и да облечам пижами и да се клапнам во кревет

    и се надевам утре ке биде подобро :!:
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    само што се прилагодив сонцето да ми го помилува лицето дојде ветерот
    само што реков ке бидам одморена ме совлада уморот
    само што сакав да вриснам и да речам здрава сум повторно грлото ме гребе
    само што сакав да те видам ти си на пат
    само што сакав да направам 10000 работи увидев дека немам сила
    моето чуство денес е потполно такво но затоа имам најголема сила да ти кажам те сакам
     
    На ma4e-94 и teddybear им се допаѓа ова.
  19. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Уморно,ненаспиено и со ужасна главоболка.
     
  20. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Мрзлива и ненаспана -.-