Средно жалосно. Западнав во некоја состојба на самосожалување, на преиспитување, на како и зошто... Најодвратната состјоба...
Еми... гледав англиски филм, каде глумците зборуваа со британски акцент, глумецот ми доаѓаше да го залапам преку екран, а моментот на свршување беше кога ја однесе цурата во Париз..... и сега како да се чувствувам?? Како??? Еве вака Само му се молам на Бога да не ми се манифестира ова во реалноста, надвор од овие ѕидови, зашто фатално ќе биде. Ех... посакувам да бидам Англичанка со работа во Париз... поубава има ли комбинација? - За мене не. Спојлер Destiny... ...or love?
Значи денов ми е кошмар !!! кошмар !!! Новава година од прекрасна се претвори во депресивност и бес . Ќе си пукнам . Мајка ми не ја можам , овој мојов кретен се понаша ко ѓубре кажи нејќам да бидеме заедно а не одбегнува да се видиме цело време е со другарите а звони да праша кај сум и шо праам . и викендов у диско шо ме гушкал другар ми можеше да мрчи за тоа . Па кај си сеа говедо едно ? Покажи се мушки . Учењево ме уби , ме уништи . Другарките ми се кретенки . Све од корист бре . И нешто позитивно има ли ? И како јас да бидам позитивна ? Ти е*ам и живот и се .
Моментално бесно и ве увеверувам не сакате Лукс да ја гледате ваква не, не , не, па камоли да ја читате, да не направам екцес, фино лепо ќе се исклучам и кога не можам на друг фино лепо ќе си манам еден шамар, може? За мене една порција трпение и изолираност во моментов, друго не ми треба, оти побудалев начисто и доста трантам, се исклучувам. ЏГЉ, УПС БАЈ !
Мачно ми е. Од стрес ми се повраќа цел ден. Од сабајле до вечер. Имам работа, ама вројатно сега ќе си легнам, па ќе станам во 5 да завршам. Морам да завршам некои работи. Морам. Ух, како ли ќе се заврши целава ситуација, како се искомплицра, не е можно. А можеше да биде се ок. Можеше. Морам да бранам страна со која ни најмалку не се согласувам. Ни сама не знам како дојдов до овде. Мачно е. Се чувствувам како најголем лузер, неуспешна на ниту еден фронт. Толку се вложив во работата, и не оди. Никако да тргне. Почнав да губам самодоверба, да се сомневам дека воопшто ме бива за нешто. Страшна работа. Дома не сум прибрана. Овој мојов ми е лут. Децата ми кажуваат дека ме сакаат и дека им фалат. Моите ми кажуваат дека не личам на себе, а истото и колегите ми го викаат. Е многу сум успешна. И работа и семејство и се. Аха, да. Ај важи. Сакам да се врати некој што ми фали, и знае да ме орасположи. Барем викендов треба да е добар. Да се видам со луѓе кои ми значат, а не се тука моментално, или не толку моментално. Боли, боли, боли! Волку стрес одамна немам јадено... Едит: лигло една, ајде прибери се! Или оправи се, или легни си. ќе ти помине!
утрото кога станав бев нерасполозена но потоа малку ми се смени располозението...и сега сум супер... се надевам и така ке си остане цел ден..ама се надевам се додека некој не ме изнервира....
вознемирена, полагам утре а баш не сум најспремна пусто што да правам кога ми се спие навечер не ми функционира мозокот е така ми е ќе се тресам сега
Очајничка која моли за малку ред и многу симетрија. Сонувам за работно место каде што ќе казнуваат за 10 минути доцнење. Каде што ќе кинат 5 % од плата ако си тужи-баба, и 10 % ако си паничар или плачко. Ќе дочекам ли ден кога се' ќе сработам и кога најголемата помош од околните фацки ќе биде - да ми се тргнат од патот додека работам? Воен режим, ете тоа го посакувам, сакам правила, сакам строгост, сакам кратко и јасно, сакам прецизно, сакам работно време запечатено со воден мур, сакам пауза во која ќе јадам пита со вишни и ќе си потпевнувам , а никој нема да ме гледа чудно и под око... Сакам ваква обоена Мондријанова кутијка и во неа да си ги сработувам задачките. Сакам да работам работа во која нема да си имам работа со глупави, неписмени, безобразни, арогантни backstabbers. Не знам колкав капацитет од мозокот активно користи човекот, ама на моето работно место, јас користам нецел процент. И верувајте - и тоа е премногу.
Јао, имам грижа на совест затоа што заспав и не отидов на предавање Ама па си се тешам дека се наспав и дека вечерва убаво ќе си поминам, со драги пријатели, а некои посебно драги...
Слободно Конечно немам ништо за бубање. Ќе поседам малку на фемина, па вечерта ќе ја завршам со добра книга. мммм совршено...