Форумџика на годината

Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    По пораката што ја добив зачудено до кај мажите одат само да те инспирираат, и се чудам што е чудното и инспиративното во мене? :o Инвазија од мажи, моево се смее кога ќе му пратам да прочита! :emo: Тоа е!
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    I`m in a bipolar mood :x
     
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Ко да ме згазил воз и како полека да се опоравувам :)
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Одлично... до пред некое време. Не знам што се случи, дали се вознемирив од еден разговор, или едноставно сум уморна... незнам. Очекувам јунаците на South Park добро да ме насмеат.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.226
    Допаѓања:
    167.494
    Некако ја расплетов душава по градов и мирисам на пролет,така ми рекоа.
    Ми почна со горчина,а веќе со кнедла од грлото излегов од дома,се потрудив да неутрализирам со блага закуска,но празно ми беше сеуште.Сонував и лошо,се така...тешки ми беа нозете,иако ги носев чизмите по кои се врти цел град!( :D )
    Уште еднаш,луѓето лажат,денес,за да не се почувствуваат помалечки,а јас како и секогаш,ги заштитив,иако не заслужуваат.Дури тешко ми падна зошто дур сме тука имаме потреба да лажеме за такви глупости кои и не се ни толку важни во животов.
    Вдомив 2 фустани,2 пара чевли,1 капут.Наранив и циганче.Не се чувствував подобро.
    Испив едно тешко кафе,со уште потешка личност,со уште потешки зборови и се надевам дека никогаш повеќе.Енергетски вампир...
    Свелуцавки идеи ми се провлекоа,но реков,светкаа...ми треба некој константен извор на светлина,а не да светка,трепка и зашеметува.Нејсе,си одам по она кое го трасирав,но се некако едвај чекам да го заокружам,ме умори,иако,навистина,навистина е тоа што го сакав,а сега...сега се плашам од конечниот успех.Ми делува премногу големо,гломазно и несомнено,ќе ми донесе поголема одговорност.Дали можам да издржам мамата?!
    Секој се смета за поспособен од секој.Тешко ми е кога си имам работа со нереални.Е тие таквите,те тераат да бидеш лоша личност само затоа што ти сакаш да се заштитиш и да ја истераш правдината,ама ете,денес пак застанав на страната на таквите и поделив нешто кое никогаш не би го поделила...е Лилит,Лилит...лоша,рековме лоша...ма какво бре.
    Двајца бивши сакаат назад.Едниот смета дека неправедно ме повредил и дека време е да ме има покрај себе и тоа го кажа со самодоверба,а замислете јас никогаш не сум се почувствувала повредена од него,ниту пак сум му кажала такво нешто! :D Каков самобендисан створ!А другиот...па другиот сака да го слави мојот роденден со мене...што ли им е?!Бог да чува,констелацијата на ѕвездите изгледа ми е таква или ми биле послушани молитивите кажани во време на лудост!Е нејќум сега!
    Ми недостигаше неговата потпора и ја добив како награда на крајот од денот...
    Сега...мислам на една средба која сигурно нема да се случи на овој континент,ами преку барата(не е Мистери дечки,бе берете гајле!)...или Сан Франциско или Атлантик Сити...во немарно облечена рува и накит од силни емоции,еден ден.Има што тука да се разговара и да се прави.Тежи,боли,пече...ме стиска.
    И конечно,не сум јас за тука.Ова ти е земја во која никој не ти го почитува времето и сите мислат дека им висиш на чивило,увредени се ако немаш малку време кога тие имаат време,а кога немаат...епа јбг,сфати,обврски.Ма марш сите!Сакам некаде каде што се знае време за работа,ручек,одмор,гости,кафе и трач!
    Добра ноќ девојчиња убави и паметни!
     
    На Trendafilka, FBI, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.591
    Допаѓања:
    6.744
    Мислам дека денеска ми беше еден од најлошите денови во мојот живот.
    1.Паднав на испит
    2.Се скарав со другарка за глупости
    3.Се искарав со личноста што ми значи многу
    4.Имам главоболка...

    Исто како со камион да ме прегазиле. Се надевам утре ке е подобро...
    Ни останува само да се надеваме...
    Гуд Најт Феминки ...
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    Ме “бркаат будалите“ од вчера ама решена сум...нема да ме фатат и точка...веројатно цел ден ќе ми се сведе на оваа борба
     
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Настинато.Со полни синуси.СО глава претешка за носење.Со очи што едвај гледаат.
    И СО СРЦЕ ПОЛНО СО ЉУБОВ.
    Маж ми уште еднаш ми покажа каде е моето место.ВО НЕГОВОТО СРЦЕ. :inlove: :inlove: :inlove:
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Денес ми е подобро од вчера, за утре којзнае.....овој стих ја опишува мојата моментална состојба и искрено....убаво ми е :)
    Го почнав утрово со убава музика, добро е што сеуште постојат радио-станици кои го овозможуваат тоа :)
    И сум по малку збунета, се сеќавам на тоа што се случуваше вчера ....но некако ми изгледа како во магла. Како и да е, денеска сум спокојна.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Склучив пакт дека нема да зборуваме повеќе за работа.
    Сега сум во потрага по нотар , да го заверам и да биде официјално.
    Кратко и јасно - мене ми се доволни две работи да сум мирна и среќна - СЕКС и чоколадо Дорина со кекс.

    А да.
    И мразам феминистки.

    Уживам да чекам на шалтери, посебно ги љубам УЈП и Централен регистар, каде што од другата страна некоја средовечна теткица нервно ги извикува гласните жици, а јас се обидувам да и парирам во дерење.
    Чудесно смешни ми се тие мали прозорчиња, апел - нека бидат со поголеми отвори навистина е глупо - ем да се тртиш за да протнеш глава, ем да викаш безобразно и гласно, и после
    системот не те ебе

    ма

    те ебе бре!!!

    Нагласувам дека ФЗОМ ми е на пиедестал, ама таму поретко одам.
    Вистинска штета.

    Девојки, не знам за вас, ама вечер ќе ги милувам живците со убаво вино, или рум.
    Сфатив - колку се, толку се, токму се, други немам, а треба да си ги чувам за во иднина.

    И ми рече - нема да мораш да работиш,
    ако имаме колку за пристојна живеачка
    - ти ќе бидеш кралица.
    И - огномет од оргазмични водишки,
    небото се отвори,
    а јас кројам план,
    како ќе готвам во потпетици
    и ќе шетам гола
    само со бисери на градите.

    (извадок од Евангелието според Трендафилка 01:16).
     
    На Bibko, mims-89, girl1985 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Иако сега станав, иако е сеуште рано, денот однапред знам каков ќе ми биде. Знам од вчерашната случка...Вчера вечер се случи нешто страшно. Потресена и исплашена, немав сила за ништо. Едвај чекав да заспијам, затоа што знаев дека само тогаш ќе имам мир. Знаев дека ова утро, кога ќе ги отворам очите, ќе ме преплави ова неубаво чувство.
    Ахххх, луѓе. Правиме милиони грешки, а кога ќе се соочиме со последиците, тешко ни е, плачеме, кукаме. Па зошто на прво место сме го направиле тоа? Самите сме си криви, сами се вовлекуваме во овие ситуации без излез. Добро, излез можеби има, ама јас моментално не го гледам.
    Толку сериозна е работава, што ако ова набрзо не се реши, ќе се нарушат многу односи, многу изгубена доверба, многу проблеми...
    Зошто толку време го одолговлекувавме ова??? Зошто дозволивме да стигне до овој степен, наивно залажувајќи се дека проблемот го нема? Аххх, касно е сега за ова прекорување...Сега треба да се бара решение...Каде? Заспав сабајле во 6, премотувајќи филмови во главата и обидувајќи се да стигнам до некое решение...На крај почнав да развивам и надреалистични решенија, враќање на времето, исчезнување... Станав после преспиени 4 саати, без аларм, без некој да ме разбуди...Офф, камоли сега да ме мачеше само ненаспаноста...Благодарна ќе бев...
    За да биде работата уште полоша, книгава што ја читам овој период, силно ме треска по глава. Војни, глад, постојана страв, тортури, мачење...Од вистински настан... Ме тера уште повеќе да се наострам спрема себе...Што мислевме?? Кај ни беше паметот...Луѓе се соочуваат со страшни проблеми, се будат секое утро прашувајќи дали им е последно, а ние?
    Себична раса сме ние луѓето. Алчност и себичност преовладуваат. Се тепаат за едно парче земја со нафта, а притоа трошат огромни пари на оружје...А фино лепо, да се подели тоа парче, финансиските придобивки би биле поголеми и за двете страни...Аххх, забегав сега во книгата...Ма не ја читам веќе. Ќе продолжам кога ќе бидам подобро. Сега, само уште повеќе ме измачува...Ми ја ниша довербата во луѓето...Јас, која секогаш стоам до тврдењето дека во сите луѓе постои нешто добро...Да, постои, но некои се така талентирани што успеваат да го истиснат. Се заради пари. Заради тие проклети пари. Сум размислувала многу пати како би било кога пари не би постоеле...Кога секој би имал пристап до тоа што го сака... Ама сега да се укинат парите, не во минатото кога луѓето не знаеле за луксуз...И дојдов до заклучок дека планетата земја за една недела ќе биде опустошена, а луѓето ќе се истепаат меѓу себе. Анархија, хаос...Е тоа би било. Мора да има нешто што нас ќе не контролира, земајќи во предвид колку алчни суштества се луѓето, парите се контролна мерка. А сепак, заради нив се случуваат ужасни работи.
    Уффф, доста е. Полудев. Силна сум била јас. Во вакви моменти не сум плачела. Само да знаете сите кои ми завидувате на тоа, колку сакам сега гласно да рикнам, да искршам се околу себе. И можеби тежината ќе помине. Вака само ја носам болката во гради со мене. Постојано. За ситница можам да се расплачам, па дури и да скршам непшто. Кај се солзите сега? Јас ви завидувам вас.
    Се молам за подобри времиња. Се молам прроблемот да се реши уште денес. Ако не, не знам како ќе издржам уште со оваа тежина во градите, оваа грутка во грлото што ме загушува...
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Времето е мрачно, луѓето се за нијанса посветли од него. Дури сега дознав дека имам испрашување ама стварно не ми е гајле. Вечер ќе се собираме машко и женско друштво, ќе има пиење и гревови.
    Но, се чуствувам смирено. Гас со 50% топлина и 50% светлина се движи низ ходниците на моето срце, па и на разумот. Го чуствувам тој внатрешен мир и ме боли увото за сите надвор.
    Средена коса, бело џемперче, приберлив изглед.
    И плус мојот став. И денес ќе нуркам низ сенките на среношколците.
    Јас сум романтичар и овај ден ќе живеам во мојот идеален свет.
    Не, дека не ми е убава реалноста, туку досадна е.
    Здравје, можеби вечер ќе биде интересна.
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Не се чувстувам.
    Крајно време е да си го пронајдам својот дом.
    За да се чувстувам.
    Или почувстувам денес.
    Важна дата ми била 18ти во месецов т.е. денес.
    Важна за да не се чувстувам.
    Утрински трипови.
    Прекрасно.
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Како Месечина во неговите очи.
    Преполна со тишина.
    Како дланка со стиснати латици од рози.
    Воз што тргнува со онакво, меланхолично, чисто, леко задрмување.
    Доаѓа пролет.
    Нови пејсажи, сигурна сум.

    И не, не ова поезија, ова е мојата реалност.
    :wasntme:
     
    На enca.69 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Никако, од сабајле се спречкав со татко ми, уште кафе кога си варев, значи во првите 10 минути од кога станав !
     
  16. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Возбудено.
    Пеперутките ми го кинат стомакот.
    Веќе познато чувство.
    Ти. :wasntme:
     
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Го мразам ова чувство кога ништо не чувствувам.
    Можеби напнатост, несигурност, душевен немир....како и да е, лошо е. Не би рекла дека по утрото денот се познава, па затоа се надевам, односно знам дека вечерва ќе ми се дигне повторно расположението.
     
  18. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Пре-кра-сно ! :inlove:
     
  19. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Ептен глупаво..ова времето ме надвладеа ми го расипа расположението ама ептен ...
     
  20. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Добро, одморено и наспано...и јас конечно да речам наспано... :D