1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    29
    колку уба била водата од сабјле ...мамурна ко времето со е во битола
     
  2. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    неопишливо прекрасно :o :o
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Кога би почнала да пишувам како се чувствувам моментално, можам да напишам 30 реченици, а никој да не ме разбере, дури ни фемина.
    Што корист од тоа што ќе го напипшам, во ворд ќе почнам да правам нешто оригинално, па ќе видам што ќе направам.
    Не и не, не знам дали е убаво да криеш емоции и кога самите се борат да излелат од тебе, ама се борам јас со нив .
    Се прашувам зошто секогаш ни е полесно да ја искажеме нервозата одколку тагата?
    Моежби ни е страв да не бидеме повредени после тоа или осудени?
    Не знам дали чувствувам некоја доза на тага или среќа истовремено во мене...
    или ни едното ни другото или не сакам да признаам ни пред себе...
    Како и да е Итс а уондерфл лајф, и јас никогаш нема да гив ап , ќе настојувам да си ги остварам целите, чекорам по патот наречен живот и иако никогаш не знаеш што може да ти донесе и зеде истиот, сепак ќе си продолжам во настојувањето.
    Нема да дозволам никој да ми го попречи дури ни да се обидува !
    Кога сум во прашање јас и моите амбиции можам да се претворам во ѕверка само за да се одбранам и да си го постигнам тоа што го сакам.
    А тоа што го сакам, нека не се обиде никој да го уништи, бидејќи и пред да проба лошо ќе го снајде.
    Не сум претерано амбициозна, туку претерано свесна за се што ми се случило и што може да се случи и што ме очекува, па да бидеш амбициозен не е грев.
    Грев ќе биде и покрај толкава амбициозност да не ти се исполнат амбициите.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Најубава.
    Ослободена од секакви мали, ситни и непотребни грижи мирно го чекам крајот на работното време , за да се посветам на остатокот од денот наречен - живот.
    Денеска можам да направам се'.
    Те имам тебе и се имам себе.


    :*
     
    На LivingGlam и anastasija85 им се допаѓа ова.
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Налудничаво со очи широко отворени :o

    После непроспиената ноќ,акробатското утро во кое ги разгибав сите мускулни влакна, со помош на две битни компоненти од телото на дечко ми, јас сеште го слушам тајфунското струење на крвта по вениве....што ми е бре?

    Се дрогирав ли синоќа? :^)


    Се плашам до вечер да не завршам чучната на Крстот на Водно и да зобам пуканки....хиперактивност шо ти значи :talk:

    Кафе за денес- јок.

    Роко синко, кажи алелуја! Денес го занемарувам времево-ѕивра, ќе бидеш прошетан на подолга релација...може и ќе ќариш нешто, редно е да залечиш рани :P :)
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    После вчерашната вечер, и утринската главоболка, прекрасно! Премногу работи за кратко време. :?:

    Денес максимално хедонистички. :$
    Уживам! Ах уживам во мирзливите стапчиња, музиката, книгата што ме воодушеви премногу, и во такото што си го подготвив со слаткото чили мммм! Денес се препуштам во уживање со самата себе, и се изолирам од реалноста! :emo:
     
  7. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Да постоеше таков збор со кој би можела да ви опишам како се чувствувам денес, би го напишала во истиов момент. Чудно, убаво, волшебно. Има и виновници. :rofl:
     
  8. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Исплашена,можеби е од сето тоа што го кријам во мене.Некогаш и размислувам да им кажам се на моите,но не неможам до толку да ги разочарам...
    така да оваа моја исплашеност ќе потрае :(
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Инспиративно.
    Штотоку посакав да понервирам уште малку пред да влезам во вечното почивалиште.
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Еуфорично со причина. Ќе се слави...не во моја чест, ама сепак пресреќна сум. Поминува времето, а јас како дете ги бројам и минутите. Без ни малце грижи и притисоци, пред да дојде моментот, времето ќе го поминам со четките, боите и платното, инспирирана од Црниот лебед и букетот што мајка ми го купила на пазар, се работи на мојата нова слика која сеуште нема име...
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ми фали некоја даскичка сигурно!
    Вчера, со каубојките бев најгласниот дамски примерок низ Скопје. Прво во Менада, па во Калдрма, па во Ла Кања, за да на крај пак во Менада да се церекам како дупната со шило, заедно со пијаното ми друштво, да ја пееме Никола Никола во терца и фалсет, урлајќи и уривајќи ги сите ништожности.
    Згора на се’, кога бев дома, си реков - Сакам мирно пиење вино вечер! Никакви ѓурултии, ништо повеќе од она што ќе ми го издржи срцето.
    И ете, се чкрапав со апаратот, ставав перика на глава, испушив една цигара, ги заборавив нелуѓето, се наголтав комплименти... И знаеш што?
    Многу е добро!
    Сега ќе си правам соини шницли и супа од брокула, ќе си го симнам Часови и ќе мижам стоечки.
    Моиве, не ме разбираат. Мајка ми вика - аман, како да имаш 17години.
    Па толку имам бре.
    Од секогаш толку имам, така чувствувам. Што би рекол ѓаолон, имаш очи како дете. Сите глетки, први и првнати.
    Постојано прашувам.
    Можеби нешто што не сакам, ќе дознаам. Но, лека. Имам оружје и панделка во коса, мошне палава.
    Очудувачка!

    ПС:Кога сте пијани, не рецитирајте поезија, барем не во округ на луѓе кои не знаат што ве спопаднало. :lol: :D
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.453
    Допаѓања:
    5.418
    Како се чуствувам денес (воедно расположението ме држи неколку денови па ќе пишам општо).....
    Несоницата се влече по мене уште од петокот или ќе си земам за слобода саботата сабајле кога успеав да склопам 2 саати мирен сон по враќањето од концертот кој толку време нестрпливо го чекав... саботното утро на работа ех како ли сум изгледала на работното место :x подобро и да не комемнтирам. алкохолот и сето останато уште испарува од моето тело а јас така осмев 6 ка и желба за работа. по завршувањето на работното место правец кај мажулето ми драго две три гушкања и превртувања во кревет со неколку акробации :lol: :lol: :lol: и правец кај друштвото да се заврши прекрасниот викенд од сонот ништо зар треба ли да се спие ??? а со друштвово од нигде никаде се пронајдоа некој слики ааааа кожа ми се крена и фацка ми се откина од смеење до доцните ноќни часови на гримасите и изгледот кој сме го имале и имала пред неколку години и трагедијата да е уште поголема никогаш во живот не сум ги погледнала тие фотографии. И конечно ете следуваат 3 саати спиење и правец денес ете дома со насмевка на лице релаксирано со доза на задоволство и добро заклучен викенд седнав пред компјутер да ви пренесам дел од моите чуства кој ми го окупираа телово и ме краваат во облаци. Си го сакам чуството на среќа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Па до пред два саати супер сеа ми тежи душава си мислам... :|
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    Совршено добро!
    Всушност, целиот викенд ми беше одличен. Со луѓето кои ги сакам на целиот свет најмногу!

    А денес... кафе со љубовта на мојот живот! :D

    Ова речников (мислам на љубовта на мојот живот) не личи на мене, ама разнежнета сум, што да правам :D

    Денов е совршен. Сакам многу вакви денови. Сонце сакам!

    Едит: само да појаснам. Многу сакам денски кафиња, посебно ги доживувам, и тоа е една од причините поради која што сум посебно среќна :) Другата причина е ТОЈ. Го сакам бе, го сакам!!!
    Што изјави дадов на 30 години, сама си се чудам :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Прилично добро.Но кога ќе помислам дека имам за учење,варира до најниско ниво. |(
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Во глобала - супер. Сношти беше весело, грлс најт. Си легнав со ден, се разбудив со ден :)
    Но нон-стоп ме гони таа четврточна ноќ. Ах леле што ми требаше :tmi: :x :(
     
  18. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Покрај тоа што сум мртва уморна се чувствувам убаво. :rofl: :inlove:
     
  19. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Се чувстувам типично како за недела! Баш ова време вака, врнежливо некако тмурно, силен ветер ... ме мава депресија, но сега пред спиење едно добро филмче и 5-10 стр. од книгичката и убави соништа |-) :inlove:
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    па што знам онака опуштено со маалско друство и добро домасно кафе се на се ок :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: