Кисело, како лимонов што го јадам. Може еднава киселина ќе ја неутрализира другава ...не не одат така работите, ама ајде.
Загрижено, читајќи ги вестите од светот Ќе да е мирисот на почетокот на крајот. Да беа луѓето подобри, чика Армстронг ќе беше во право кога пееше дека е прекрасен овој свет
Ми се спие.... а кога не? (фразава ми е стандард и присутна во 90% од постовиве ) Ама „крстот“ ми е топол, стомакот полн... да не бев двократно на факултет и ќе си легнев. Ајде, јака сум јас.
Какви глупости сонував, чудо едно. Инаку јас сум како Трнорушка, дури сега се пробудив, а да не сонував дека се љубам кој знае кога ќе станев....оу ноу, тој не е мојот принц, друг си имам јас...ај да си ги средам мисливе , да го испијам кафево па може и ќе кажам нешто паметно.
Ко кебапче, такво стуткано направено од најгрдото мевце што се пржи и вришти на скара, а после го служат со кромид, не за друго за да се расплачам!
Понеделничко бледило ме утепа. Ќутлива и повлечена,уморна и ненаспана. Фемина ја чувствувам несигурна и несвоја. Себе се чувствувам своја и сигурна ако ништо друго,тоа е добро,макар била со стуткани веѓи надоле. Во петок ќе водам љубов на друга бранова должина со Четкар!Ха!И тоа е нешто,едвај чекам,па ете така,малце се радувам. Да се пофалам,убава сум беше саркастична шега,пред да почнете да ме мразите дека сум и нарцисоидна,да потенцирам.Чуприна нека заќути. Имам уште,ама ајде...
Ми се чини или јас денес не прочитав ниедно позитивно мислење во однос на тоа како сме се чуствувале денес? И да се надоврзам на групацијата жени кои се чуствуваат депресивно како и самово време никакво, мрзеливо онака понеделнички, влегуваат во неделава толку песимистички и одвај чекаат да заврши, а таа само што почна. Ништо денес не завршив од планираните обврски НИШТО. Ама затоа одам да си легнам сега и од утре по список ќе шкрткам се што треба да завршам е така. Мене неделата ќе ми почне од вторник! Ах да само и грлово да не ме боли и да не настинам, зашто тогаш е веќе ја пишувам неделава за пропала... Гуд најт, хев а свит дримс грлс!
Како и секој ден. Ненаспана сум денес, гладна моментално, но некоја ѕвезда ми вели „биди силна, биди силна“ ... Не ми се излегува никаде, сакам да седам дома и да гледам филмови цел ден... но реалноста е друга посао зове
ми се спие -ми се плаче, кучето ме разбуди пијам кафе, цигари немам (не одам да купам-страв ми е од времево) седам и пишувам на форумов, наместо да ги пратам пораките-ги бришам??? очигледно треба да си легнам уште малце!
ај феел грејт Незнам од каде сета оваа позитивност на овој тмурен вторнички дена ама ете ме сполета и баш ми годи.За инат на дождот и сите лоши луѓе на светов денес ќе бидам СРЕЌНА!!!! Е така. точка -->.
Не само денес последниве неколку дена ми се никаде. Немам желба за ништо само да лежам и да спијам Ама и тоа е проблемот кога ќе легнам што неможам да заспијам од проклета настинка Аман па нека ми поминува вишее
Среќна сум што сум жива и креативните лупови добро ме служат. Во другиот агол, т.е одразот - ме спопаѓа тага, зошто не сум вљубена повеќе. Како да сте испуштиле душа, а сепак сте живи. За мене, тоа е смрт. Но, добро, имам поетски пориви, па ајде да речеме дека се глупирам. Денес, ден за тмурност, магија, депресија, главоболка, варено цвекло, Дјуран Дјуран на рипит, кенкање, мини цртанчиња на Тим Бартон, розови влечки оставени да се сушат под парното, попладневно вино и колачиња со сите 5 генерации на компаративна, професори, парфем што ќе се изгуби низ џезот... Приказни, денес чувствувам приказни. А малку помалку вистини. Но, и тоа е, вторник, како вторник, празно полн.
Тажно, глупав си животе зошто пробуваш да одземеш тоа што ми значи. Единствена си мамо! А јас беспомошна да помогнам..
Имам огромна потреба од неколку грама позитивна енергија и неколку позитивни мисли да ми набутаат во главчево....а да и огромна ПРЕГРАТКА
деска сум крш т.е овие неколку денови значи толку ме мачат некои работи и толку запаѓам во депресија што нез више што ке биде со мене ми треба помош инку тешко ми се пишува!!