Целата сум во прашалници. Цел ден нешто планирам, размислувам што, како да направам, запишувам, пресметувам (колку пари). И на крај... пак немам ништо испланирано
Денес се чувствувам сакана Насмеана и весела без некоја посебна причина, му се радувам на новиот ден, на првото утринско кафе, на муабетот со баба ми и дедо ми, на разговорот со дечко ми, ја сакам Антена 5 и мојата нова слика "Душа". И таа мене ме сака, понекогаш си мислам дека стврано има душа и како да ми вика - Не таа нијанса! Освежи ме, знам дека ги сакаш мат боите, но дај ми повеќе живот, биди по креативна. (забегав )
Убаво ми е.Се чувствувам среќна,мирно ми е на душичката,денес не ме вознемирува ништо,се надевам така ќе ми заврши денот,затоа што со дечко ми имаме многу убав план за вечер.
Bad, bad&&bad. Чуството кога ќе ти се појави некоја невоспитана, некултурна особа и ќе те извади од такт.
Значи да не беше телефонскиот повик во 6 утрото од мојот ми „драг“ бивши кој пустиот никако да ме заборави (Што направив, го запустив човекот ), сега сигурно ќе вриев од нервоза. Уф Ми доаѓаше вакви да испратам, ама не вреди... нека си останат среќни, насмеани и глупи
.......... Онака на моменти празно,рамнодушно,на моменти исполнето,заљубено.Едноставно сакам промени во животот,сакам волја,желбата што ја имав порано за живот... Таа енергија,таа страст и љубопитност кон многу работи.А сега Каде сум сега Ме нема... Се изгубив во оваа ливада од лошо миризливи цвеќиња и од лошите пчели,што ти го расипуваат животот.Не знам што ми е,сакам разговор со некој.Но ако разговарам можеби ќе кажам нешто што не треба,болната вистина,што ќе повреди некој или пак можеби мене.Толку од мене.
...како прочитана,стара книга, одамна неинтересна, фрлена во некој ќош од некоја полица, со пајажини и тон прашина врз неа...
многу многу тажно душата ме боли зошто јас секогаш знам безизмерно да сакам и све да давам а другите не се такви кон мене зошто ?ми се смаче
Денес сум некако искулирана...ама баш ништо не допира до мене...сочувствувам со сите можам да ги ислушам и да им дадам совет ама некако не се трогнувам како што обично знам...денов ми помина сосема ок само да не се испокарав дома али јбг таа е како и да е ќе ја довршам вечерва најдобор што знам...ке си легнам порано за да не им шетам по ЦНС на домашните