Дали е до мене или последниве 4-5 коментари се горе-доле негативни ? До времево ќе е, ладно влажно и очајно или општо до периодов после Валентајн.. ипак денеска спаѓам во овие неколку феминки шо имаат лош ден.. т.е ШКЉ ден, ме нервира времево, сакам сонце и +20, насмеани лица и оптимизам околу мене, а се шо глеам се дотепани фаци, намрштени, самобендисани, егоисти.. ми ја одземаат енергијата!!!! ни фитнесот не ми сврши работа, уште сум у катастрофа расположение - едвај чекам друг поубав ден!!!!
Што убаво ми е овде.... ме мрзи да одам ПОВТОРНО на факултет. Значи со акцент на ПОВТОРНО. Што глупав распоред ќе беше брее!!! А и маусов нешто почнува да ме нервира, плаче за нов.
Не наспано, мрзливо, глупаво...ќе ме убие оваа досада аххх знаши и после 14 саати спиење пак сум ненаспана
Се што правам , го правам со доза на резерва . Го правам тоа што го чувствувам ама не се искажувам до крај . Длабоко во мене има голем страв , преголем . Страв за кој никому немам кажано , ама па колку повеќе го чувам , толку поголем станува . И искрено , почнува да ме плаши и обесхрабрува . Ми треба да го кажам сето тоа и не на било кој , туку нему . Ама и од тој страв произлегува друг , дека ќе останам само разочарана . Се прашувам , дали на некој му е до мене ама навистина? Не онака колку да се каже . Тоа е мојот страв , дека можеби се залудни моите жртви , придонеси . Како и да е среќна сум бидејќи знам да сакам , среќна сум кога гледам дека сум расположила некого
Од сабајле рано рано си се успав, ама не многу.....некој феномен сум станала, самоиницијативно се разбудив скромни 10 минути покасно од што требаше според алармот кој сум заборавила да го уклучам Главата пука леле мајче....трк еден аналгин и спремање набрзинка.....зимска опрема на мене и правец на вожња со ЈСП, милина бре - утринско превртување на црева Ме мрзеше да отворам чадор па мижуркав додека одев од билна до рекорд пешки, ете така за инат и капутот од црн стана бел Си купив една пастрмајлија од специјал и правец на работа - на труд После 8 часа поминати со куп документи, папки и регистратори, тука-таму некое кафенце....малце нервози и напнатост.....си се спакував и џом кај другаЧката на еден кеЈфски муабет Срцка таа и ручек ми направила и кафенце ми сварила....јас сакав крофни да купам уз муабетот ама немаше, се потрошиле Тоа беше отприлика денешниов ден, сега вака седам и си размислувам....колку може добро да влијае на мене еден опуштен муабет, најискрен и најотворен....со личност од доверба
Никако...цел ден се осеќам некако депресивно,ми се вртат некои филмови во главава што не би сакала да се реализираат. Кратко и јасно КАТАСТРОФА
Прилично убав задоволителен ден. Па се разбира штом Карак е наспана сите овци и се на број и денот сакала јас или не мора да ми е феноманален. Добро ок да ја исклучам досадата која ме обзема на работа и моменталната умор која веќе ме настасува ќе кажам дека денешниот ден можам да го сместам во графата на убави денови за оваа година.
Прекрасно! Работите мрдаат од мртва точка. После долгиот пат се видов со мојата најмила Ј, отидов да го искористам купонот за масажа (поклон од сонцето мое) , па на вечера и кај мене на долго гушкање. Посебно ми е ах! Сакам многу моменти вакви, едниствени, топли, моќни!