Мизерно, уморно. Уште фали некој да ме изнервира и ќе биде супер Времево е тако звано ТИЊА! Радо би се вратила во кревет и би навила аларм што ќе ме разбуди во пролет! Сакам лето. Разбираш ли Мајко Природа??? Јас сум метеопат, ова што ми го правиш не е фер. После толку грди, мокри, никакви денови .................заслуживме малку сонце, заслуживме да се зголеми денот
Нетипично, амифибиски, ама се чувствувам. Недостаток на нешто што не е мое, не го поседувам телесно, но, знам дека го имам. Ме учи, го учам преку светлото на денот. Колку пати треба да пресоздаде човек љубов за да се свести дека е архетипска грешка, можеби? Другите знаат, ти не знаеш, ко бајаги! Рационалноста не е иста со страственоста, а богами кога си нечист, не можеш да понудиш простор. Моите љубови за твоите празнини ќе направат и двајцата да сме среќни. Транспарентност - не повеќе. Интимата само за во затскриената соба. Жена и змеј. Нема да прочитаме ништо повеќе од она што гледаме. Се чувствувам како да живеам во нов свет. Со правилните зборови. Нека ме штитат само, од повреди. Ќе љубам пак, знам дека можам.
Во моментов вака И помалце виновна што се лутам на него, а го користам кога сакам секс Не дека не му годи па
Мајчински настроено...бев кај трудната ми другарка и цел ден останав со рацете не нејзиниот стомак,добивав удари од фудбалерчето....ај да го ручнам
Разочарано.... На некои луѓе колку и да им даваш совети,колку и да им мислиш добро,пак ти го вртат грбот.Те прават виновни за нивниот избор и за вистината која е тешка за соочување.Оставена сум без зборови. Не сакам веќе ништо да кажам....
Грозно, омалаксано, ништо не ми оди од рака, немам концентрација за учење, ахх колку се нервирам! ништо не стигнав да направам
Блага депресија ме има земено... Па преку такво ми е веќе да го одбирам погрешното и да ме враќаат на крајот од редот заради недоволни квалификации! Сакам и јас еднаш да се почувствувам ПОСЕБНО! И сакам да ме знаат луѓето таква каква што сум. Не сум ни Бијонсе (фала Богу дека не сум ), ни Тамара, ни Петкана, ни Сава. Сакам да ме знаат како...
Изморена од се!Од глупавото училиште,од професорите,од соучениците па цела недела вака се чуствувам. Сакам да го преспијам месецов и да се разбудам на почетокот на април.Па и времето нека се среди уморена сум и од него.Тмурно мрачно никакво.Ми треба некоја добра пријателка покрај мене да ме ислуша да си поплачеме заедно,толку многу ми е насобрано во душава и мислам дека ќе експлодирам