Убаво си е за убаво, не викам не. Само се прашувам ЌЕ ПОМИНЕ ЛИ ЗИМАВА НЕКОГАШ? Па дури и мене ми се смачи да се товарам како магарица секој ден.Патем, се наспав за сите пари и не отидов на тоа едно предавање, а за да не слушам дополнителни предавања од мајка ми, ја излажав дека ОТИДОВ. И сега ф*к, грижа на совест имам. Бре!!! За да избие мојата невина страна и да не се чувствувам како мало лажливо го*це, се загледав цртани... Колку да замачкам очи. http://www.youtube.com/watch?v=bFt71GNd ... re=related * Бре, што расипани деца сме биле Како можело ова да ни биде смешно? Се отепа кутриот.
засега добро ама осекам дека многу ке ми се спие преку ден...офффф шасто легнав синока во 21.40 па станав сабајле во 5.30
Ослободено, малку тешка ми е главата од румот вчера Понеделнички не чини да се занесувам, ама ми дојде. Така, нежно, прекрасно. Малечка собичка, Малиот принц и розата. Доаѓа новата пролет. Пред 4 месеци сум запишала една моја мисла на тетратка, што ја најдов случајно или не - во неа беше предвидено речиси се’ од она што ми се случува моментално. Тие затишја, бури, сила и способност, веројатно ги носам како багаж на искуството во себе. Ти благодарам што ме правиш силна. Вечер сум ноќна, ќе го преспивам денов, така сакам.
многу сум нервозна денес,ме изнервира мајка ми рано насабајле,џабе и објаснив некои работи пак по старо,пак објаснив и добив едно добро...и исклучив телефон се покајав пак се јавив атаа пак по старо е неможам веќе,се надевам че ми мине нервозата оти незнам до каде веќе секој ден со стресови
депресивно времето ладно никакво јас сама да немаш со кого кафе да испиеш,се тесам со помислата што либето ке си дојде за сат време ама па оваква мизерна не би била ни за разговор
Никако. Тажно. Нервозно. Збунето. Би си легнала, ама треба да учам, и така одвај ги држам очите отворени...Уште ова ми требаше, да, јбг. Ме чекаат 5 долги часа поминати типкајќи на тестатура. Не знам ни јас зошто се согласив. Глупача... Не јадев. Книгите ме чекаат. Ако издржам да останам будна арно, ако не...здравјето пред се. Што да се прави.
Не знаев дека навистина некогаш може човек да се чувствува.... евентуално! Не ми се случи ништо добро, а богами ни лошо. Она што го зацртав го остварив, а ни тоа не беше нешто особено Во секој случај моменталната состојба ми е статус кво, немам никакви чувства спрема ништо. Но сепак, има уште многу од денов....а можеби и ќе го редактирам мислењево или ќе напишам ново
спокојно...за прв пат по толку време некако си се гордеам самата на себе...како измегу толку злобни и лицемерни луге успевам да не ме претворат како нив...иако страдам сепак си се гордеам на тоа шо сум...знам ,на никој не сум му направила нешто лошо...си се восхитувам на мојата храброст да бидам искрена и на моето постоење како еден од ретките видови ....а длабоко во мене знам дека постои уште барем една сродна душа слична на мене и уште барем една вистинска пријателка сепак надежта последна умира....тоа шо си е мое ке си дојде
Па изморено,денеска се изнаработев...И иако падна ноќ за мене ќе има уште работа,па и да вежбам,да свртам на орбитрекчето по некое кругче.. После во кревет ко јагненце ќе си заспијамм..
ааааа денес сум најубава,најсреќна,денес уживам и го вкусувам животот баш како што треба.....заљубена сум во еден идиот на кого моментално му се лутам...... се чувствувам духовно богато!
Го знаете она чувство кога ќе ви се наместат сите коцки? Ете така се осеќам сега, пресреќна, исполнета, за среќа се ми тргна во животот и конечно го живеам онака како што јас сакам. Не дозволувам никој да ми го расипе расположението, впрочем не е ни возможно, затоа што дозволувам да ме дружат исклучиво позитивни луѓе.
Релаксирано, опуштено и насмеано! Желим само да свирам, да се откачим и то је све! http://www.youtube.com/watch?v=sFGWXsdT1bI