После толку години гледам дека фали дел во сложувалката наречена живот.Толку полно а и толку празно.Осамена сум,огромна празнина имам во душава... мислам дека нема никој да ја пополни
Их... дремка ме фаќа. 11 в кревет сум станата Очниве капаци ми се на пола, како кога мобилниот ми е на две црти меморија. Не ми се сака, ама ќе морам да ве напуштам. Сакајте се, Феминки Секогаш ваша, Хипи П.С. Заборавив: останете ми во добро расположение Лека ноќ
Се' уште како, популарно народски кажано ќенеф, место кое прима секакви ла*на, го*неници од секакви крлежи, пијавици, тужи-баби и рекла-казала суштества, но има напредок од пред некој ден. Знаете, како место кое било преполно блуеници, кашканици, а сега е барем мирисно, чисто, проветрено. Не можам да се начудам. Сите сакаме да си трачариме - факт бр. 1, во македонштината ни е тоа, ама ова бре ги надминува сите граници. Злобно станува, сосем изопачено, слушам нови кованици, зборови кои македонскиот стандарден речник уште не ги прифатил во нормата, некои шаренолики фрази и описи... Па кај не ставиле сите бројчиња на бесплатен муабет, одиш дома и ѕввврррррррррррр - Ама не ти докажав за неа... Мори жено мавни ми се, најди си живот, се обложувам во главава која плаче за шишање и нов фриз, дека три минути после тоа звони на третата и ме озборува мене со неа, а третата после ќе ми се јави да ми раскаже за оваа која нема очигледно живот. И кафе-трач и се' да ти се одмили од вакви луѓе. А јас вечер ќе си ја почастам душичката со убава храна, а црви да ми роварат по чинијава и душата - јок! Ашколсун. Море аферим. p.s. Не гледам турски серии. Ползувам скромни знаења од Дијалектологија и Лексикологија. И старите македонски народни приказни со Ѓорѓи Колозов (Богдагопрости).
СРЕЌНО, бидејќи, баба ми секако планира да си скине сама конци, следствено, јас нема да одам во затвор!!! ЧВРГОУДИРАЛЕСТО, на машкион родител, од кога се разбуди, не стана од спиење. Од спална горе, си се префрли долу во дневна на кауч да спие, да не може човек музиче да чуе. Чудесија е оваа фамилијава нивна.
По сабајлечки прво отварање очи некоја нервоза ме пукна без причина, па коа почнав да урлам уште од 7 саат - тоа беше чудесии. Се ми сметаше, зашто татко ми ми направил јако кафе, зашто на сестра ми и била празна батеријата на мобилниот ,зошто ме фатил црвен семафор, зошто на неписмениот таксист му се брзало и ми блендирал . И така кога ке ми тргне денот, е*ати денот!!
Го прогласувам денов за баксузен! Трчав по автобус, ме наврна дожд, ветерот ми го скрши чадорот, настинав, си го шинав зглобот при трчање и задоцнив на предавање! Утре дома ќе си седам и ќе одмарам на топло.
Со полн стомак - секогаш супер. Кога сум најадена со мерак ништо не може да ми го расипе расположението И едноставно не се замарам повеќе. Нека ме замени малце
Наспроти мартовскиве климакси, стабилно. Слушам песна што е контра моите чувства, ама ако. Чудесија. Секое утро - будење со неговиот глас. Нештата тргнаа веќе... Промени, многу промени, постојано ќе има. Ако! Мириса на супа во кујна, на миризливи свеќи во соба, на Љубов во мене. Не се плашам, не. Или можеби само така се убедувам? Важно е да не е тажно, мојата вечна максима. Мајка ми ме зеза дека имам повторно 18. Доди го инспирирам, Иван ми купува книги, компјутеров цивка нешто, Префаб Спраут ми пеат - ти си утринска девојка, сентимент. Прекрасно е да Сме нешто. Нежно, навистина нежно. Еј, да. Имам нови еспадрили како од 1987, се чувствувам чакнато по однос на нивната старост со мене.
Заникаде,уморно од болки во грбот,рбетот и зглобовите на секој саат се будев нокеска.Плачеми се едвај издржувам на работа закажав на масер во 17ч белки ке ми потпомине целата сум укочена едвај се вртам.