Сабајле се уплашив, мислевме дека ми пукна воденјакот, ама е било лажна тревога. Појдов на доктор и ми рече да сум спремна секој момент...доста се плашам, ама нема бегање...
Душичка бе...не се плаши, најстрашните месеци поминале Така барем вели свекрва ми - ако шестиот месец се е во ред, немај гајле Ти посакувам спокоен остаток од бременоста и добро здравје на тебе и на твоето малечко. Инаку он топик, прекрасно се чувствувам, денеска имав повеќе време па и си зачистив низ дома
Иваноска ти држам среќа се да помине во најдобар ред Инаку, ок се чувствувам - ни добро ни лошо, што е добро
депримирано ке се побркам веке сакам да излегувам аман толку години со бивсиот само дома седев домакинка изигравав во годината два пати бев излезена сега сум без де4ко па сум далеку тука во тугина каде никој не познавам и па само дома се досадувам немам каде и со кој ке се фрустрирам усте малце многу сум осамена да не еовој интернет ке помислам дека сум најосамената на овој свет која иронија на зивотот имам се сто девојка би посакала да има материјално сум осигурана бас се ама ете судбина да бидам вецна цуварка на куката се побркав во овие 4 ѕида
Разочарано во исто време зовривам од лутина, но сепак со трошка надеж.... во секој случај со многу прашалници во глава
неутрално ...не сум ни пресрекна ,не сум ни тажна...едноставно не се замарам со неважни работи...најдобро е кога гледаш дека дома се сите срекни ,весели ..и тоа како ти го подобруваат расположението
Главата ми бучи од сите обврски. Растегната сум на сите страни, а одозгора на се и ненаспана. За прв пат во мојот живот имам подочњаци.
Одморено, наспано, прекрасно! Цел ден по пижами уживав во кревет, си пиев чајче и си гледав филмчиња.
Изморено... Сабајле во 6 излегов, во осум вечерта се прибрав, скапав на работа, на се да му ја мисли човек...Се нервирам што нема на кого да се потпрам, се на мене ми оставиле, ако нешто не чини барем ќе има на кого да се фрли вината... Е најлесно е така знам, ама сите да си ја вршат работата ќе нема потреба од барање кривец, ама некој тоа не може да го сфати, гледа само да си ги испере рацете...Го тупам, ама две недели не сум била слободна, ми плаче срцево за малку одмор, затоа и сум некако депресивна. Ненаспаноста секогаш си носи и депресија...
Ми е тешко,ми се повраќа,ми се плаче,ми се вришти Аман бе веќе преку глава ми е од СЕ. Јас си знам утре што ме чека!
Прилично уморно, омалаксано, со главоболка и натака. Ич не ми се оди на работа утре, ама ајде ќе го турнеме денот некако, чунки викенд шема по дома ме чека! Going to Ohrid tomorrow! Can`t wait!
Како да ме акнал некој со мокар чорап! 5 пати од сабајле го одложувам станувањето, што резултираше со три саати мањак! Имам книга за читање, ама ич не ми се фаќа, го мразам реализмот! Мразам се што е поврзано со школо...Па и вторава смена не можам да ја поднесам...Само што станав, и морам да кажам дека СВЕ ме боли! Едвај чекам да заврши денов, да си се вратам дома и да си останам во кревет, гледајќи филм, ппиејќи топло чајче мммм...