Уморно и убаво! За 5 часа работа ги запечалив првите 50 евра. Ахх не е лесно да си студент и да бркаш работа, да учиш јазик! Уморна сум од некои работи ама сам создаваш никој не ти дава, биди горд на себе. Денес сум горда на себе!
Тинејџер кој брмчи и одвај чека да се стемни за да отвори шише алкохол и да земе да лока од среќа што е крај на работната недела - ете баш така. Бројам часови, минутки и секунди до моето последно ѕвоно. Во сериозни планови сум да го преспијам тој меретен ден Прочка. Не ми е потребен специјален ден за да се извинувам некому - ако сум погрешила ќе го кажам тоа сега и веднаш. ИЗВИНИ. А од друга страна, некои персони се токмат да ми побараат мене прошка - а мајке ми, не ми дава срцето да кажам - ти простувам (само зашто денот бил таков кога се' што посакувам е да им влепам една вАспитна. Прочка - no way. Убаво ми е инаку. Се хранам со пирошки од Џамбо и многу Љубов. Во главата веќе ми зуи план за детоксификација на ова масно ткиво кое го негувам на газов. So long.
Некако глупаво, како да цел свет чека на мене денес, а јас баш денес на сите гледам со доза резерва. Чуствувам некој немир кој појма немам од каде дојде, појма си немам најверојатно од сите оние кошмари кои ги сонував сабајлево, и кога сум таква целата у паника згора на се и сама дома со кучето кое го малтретирам да седи со мене зошто ми е страв, да бидам сама. А од што, е тоа и јас незнам, се обидувам да си докажам дека нема потреба од тоа но тогаш уште толку ми се зголемува тој немир ... Никогаш не се плашев да бидам сама дома, едноставно уживав во тоа, а денес седам во исчекување што побрзо некој да дојде дома и ваљда тогаш ќе бидам помирна. Осеќам дека ова ќе биде неверојатно глупав ден, ден кој ужасно започна со кошмари, кој осеќам дека и така ќе заврши доколку некој не се потруди да ми го разведри и да ми помогне да преминам преку сето ова измачување.
Некако збунето,анализирам некои ствари и луѓе во животот за кои не би требало да размилувам ама ај Среќно-конечно си одам домче на викенд,вечер ќе си излезам на бело вино и пилешки прстиња а после по некој џин тоник.... ........долго се немам опуштено вака мераклиски
Супер крај на недела, после толку долго очекуван викенд малку ,,исплашено‘‘ кон толку многу обврски следната недела но...тоа е П.С Убав викенд на сите феминки
Одамна немам почуствувано ваква грижа на совест...ме изеди овие неколку дена,ајде во недела е прочка,ќе кажам да ми простат ама нема да кажам за што сама во себе ќе се јадам а ќе се надевам дека ми е простено....СЕ МРАЗАМ!!!! ЗОШТО_ЗОШТО ТАКОВ КИКС!!!!???
Ми се спие бе Последниве неколку дена турбо живеам, ептен се социјализирав. Ајде уште вечерва и редно е после на книгата да и‘ се посветам. Претерувам
Како да ме згазил камион, благо речено Периодов пресисав од работа, и денес веќе ми се собра, едвај се движев, буквално се влечев цел ден. После работа сум заспала на саат ипол, а сега ги легнав децата, и правец - кревет!
ах мислам дека ако вака си пеам, полесно ќе ми помине што талент ќе бев од минатата зима до сега ниеден вирус не ме утна температура + главоболка + кашлица + болки во цело тело = Гоу во состојба "омлет"
чуствувам дека направив грешка денонокно ме мачи-се нешто тоа па тоа ми се врти во главата се надевам дека ке имам шанса за поправка и ако ми биде укажана втора шанса, се надевам дека ке направам како што треба не за џабе се вели "слушај си го срцето" , ама од сите досегашни искуства, кога и да решам да го слушам срцето, испага погрешно , и секако доагаат на помош солзите спасителки како лек за повреденото срце
Предадено и вознемирено.. Можеби е до мојов ПМС, можеби сепак премногу очекувам од лугето, незнам и јас повеќе.. само знам дека длабоко во себе се надевам дека ова грдо чувство што ме јаде одвнатре ќе си замине заедно со доагањето на црвената ''тетката'' и дека сепак тоа е тоа што ми ја јаде душата..