Ако вчера бев исполнета и сигурна, денес празна и осамена. Ми фали се и доста ми е од е.ани борби! Утре нов ден, нови моменти, нови портрети! Надеж!
.... Лежам и солзи капат од моето лице ... Се осеќам како детенце на кое му паднал штотуку купениот сладолед ... како снегулка која паднала во вулкан .... како море без сол ... како око без зеница ... како ајвар без пиперка ... како зима без снег ... .... што ми се деси не ми е јасно ... до прееска бев супер расположена .... пмс ли е што ли е... не знам ... ама сега сум никаква ... Тегаво створење што лежи и едвај и куца по тастатурава ... тоа сум !!!!
Денес во неколку наврати посакав да не сум јас. Посакав да најдам храброст длабоко во себе и да се решам од нешто што ме мачи. Ама не, не сум јас таа, само си замислувам дека можам да бидам некоја похрабра, што ризикува... Како и да е, секогаш останува надежта за подобро утре А утре е убав ден. Прекрасен ден. Ден за простување и за помирување. Ден за поминување со семејството и вртење на некои броеви што одамна се избегнувани. Ама ако сум згрешила, знам да си ја признаам грешката и да се извинам.
Денес се чувствував тмурно, затнато, болно, изморено, пренатрупано со обврски, поспано, нервозно, разгалено, возбудено ... Доста ви е со овој подетален опис на моето променливо расположение во овој дооооолг ден .
Никако...нерасположено,разочарано.тажно А денеска е прочка сите се радосни простуваат,се веселат јас никаква сум...плус тоа имам за учење и не можам да го искористам убавово време.....дали од пмс или нешто друго не нзам оти сум ваква,цел викенд
Денес сум турни ме да кинисам. Мрзоволна влечуга, море каква влечуга? Амеба сум! Ни времево не успева да ме оправи, а за друго да не правиме муабет, затоа што другото го НЕМА. Брат ми спие како кифла свиткан, ни радиово ни ништо не му пречи и не може да го натера да се разбуди, ни моево штракање по тастатура. Ми треба некој денес да ми рече:Ама кој, кога ме мрзи и на тераса да излезам, а камо ли нешто повеќе... А треба и да учам....
Jа дишам Љубовта. Простете ми сите што сум ве навредила, некако. Чисто чувство, после долго време. Благодарам.
Уфф, како да ме прегазил бус и тоа оној новион, двокатен. Се преценив синоќа во моите алхохолни способности. И многу јасно има последици, ме боли глава, чудно чувство во стомаков, ме боли секое можно делче од телово, како да сум копала! Ама беше тоа добра причина за малку повеќе алхохол
Конфузно. Хаос ми е главава. По ѓаволите да одат и капитализмот и глобализацијата. Преку глава ми е да ги губам драгите луѓе кои решаваат да одат во странство. Ги разбирам причините за нивните одлуки, ама со секое заминување на некој од нив, дел од срцето ми останува празен. И џабе се муабетите - ќе контактираме, се ќе биде исто... кога не е. Воопшто не е! Мачно ми е на душава, заради сите кои отишле, и ќе одат.
Се чувствувам многу убаво... ми годеше одморот, разговорот и неколку испиените чашки во друштво на брат ми . Знае да ми го разубави денот , ми ја полни душата и срцето , ми краде насмевки
Како зденка, малечка, мека но толку многу вкуснаааааа, се топам во неговите усни и се мачкам на леб секако
Исполнето, уште ги варам случките од вчерашниот напорен ден и ми овозможуваат да се чувствувам прекрасно.