Исто како вчера, некни, исто веќе подолго време... Монотоно е, ништо не се случува, ништо не се менува, како еден ист ден одново и одново. Како животот да ми е на пауза, а јас не можам да го сменам тоа, или едноставно немам волја. Што и да направам тука сум, на истото место. Само се вртам во круг. Без веза е нели? Знам ќе помислите во неа е проблемот. И во право сте. Можеби и нема проблем. Можеби секој се чувствува така од време на време...
Во денови како овој,пред да добијам,(а и откако ќе добијам)се чувствувам како некој да ми става нешто во водата што ме тера постојано да мислам на секс Инаку,денес беше мој ден.Прекрасно чувство на смиреност покрај сите драги луѓе.
Како да ме покакала најогромната птица на светот. Вчера ме фати тешка носталгија! Солзи излеани! Ме убива туѓинава. Зборев со малото малку ми олесна, убаво е да го имаш на некој начин во близина (пријател) за мене е доволно. А нему му ја посакувам најголемата среќа на светот и му се извинувам за постапките мои во Грција и секаде, да не беше тоа можеби се ќе имаше поинаков тек.
ПРЕКРАСНО ! Нов ден, нова недела, нов почеток Одамна не сум се дотерала за на училиште, затоа денес ќе блескам ! И не, не мислам на него Пријатен ден феминки !
Еве и ова јас секогаш си се прашувам. Зошто одат? Зошто јас сум таа што секогаш чекала... И се јадосувала...? Има некои луѓе, секогаш се на страната на Чекалната на постоењето. Веројатно и јас сум една од нив. Друго - се чувствувам добро и конфузно, поради куп емоции што допрва сега ги осознавам. На моменти ме фаќа таков мрак, што се чудам од каде тоа... Но, луѓе сме, двојни сме, во нас имаме Се’ и Ништо. Како библиски текст да пишувам со овие големиве букви Нејсе, сакав да си го опишам емотивниот свет и статус. Како новороденче. Збунето и плачливо. Но, со живот пред себе.
Како чадена сланина. Поточно пушена сланина. Личам на прасенце, а како што враќа чадови огнот заради ветриштава - сосем адекватен опис најдов.
Спротивно од времето надвор. Па јас бе луѓе обожавам вакво студено време (ова го открив пред некое време). Ми ги разгорува страстите.