А бе луѓе .. Ги читам сега мислењата на оваа тема од последните неколку страници и забележувам дека преовладуваат негативните чувства кај секој од нас! Да се насмееме, ама како? Кога ќе видиш колу обврски, задачи и што се не не чека и мачи. Инаку, да не бидам офф-топик, јас како и секогаш си имам променливо расположение, па што и да кажам нема да згрешам .
ГЛАДНОООООООООО!!!!!!!!!! Почнав со диета и на ништо не мислам само на храна, но вешто ја избегнувам. Иако ми викаат дека сега сум послатка од порано морам да намалам бар малку. Изморена сум од шетање. ПА денес само 30 мин. бев дома и оп право во град. Малку си го размрдав газенцето и станав од столче. Се на се интересен ден исполнет со многу смеење и среќни фаци
Се чувствувам како мало бисерче. Нежно, заспано, пасивно... само стојам така неподвижно и трепкам, чиниш фаровите ми се расипале... трепкам, ама бледо, безбојно некако.Ах, каде ли ќе најдам енергија ноќва?
Девојки, жени ајде нека ни е среќен празникот. Да бидеме весели, здрави и исполнети со позитивни вибрации. Нема намуртени лица, депресија. Ајде напред. Па нели и тоа било целта на денешниов ден. Утре подарете на сите што го заслужуваат вашето внимание.
Се знае, штом излезе макар и едно зракче од сонцето јас сум вакава Нема да дозволам проклетава настинка да ми го расипе денот, Антена 5, чајче и со возбуда ја чекам мајка ми од работа.
денес денот е супер како ии времето надворр такво е и моето расположение суперр сабајлечки со срценцетоо си се видовме и денес нема школоо!! јухуу подобро не можии
Ммм .. денес некое посебно, интересно чувство. Цел ден го поминав у трка и бев ангажирана и воопшто не почувствував кога помина. Овие денови најмногу ги сакам. А посебно ме израдува и тоа што на мајка ми и се бендиса поклончето за 8-ми март. Ее и да, ќе заборавев, јас веќе можеби доцна е но да ви го честитам празникот на сите ! Да се навратам на темата .. и така по малце заљубенко, збунето, изгубено, малоо .. Се на се убаво се чувствувам!
Ништо посебно... Одам со жените на црвено вино, ќе има трачарње... доколку има, воопшто не ми е до нешто, ама ајде да не го растурам орото. Сакав да им купам бар по некоја шминкичка, лакче... ама ми се истроши џепчето. Можеби сум ваква оти не добив ниту една ружичка Ама знае тој и преку телефон да ми го наполни срцето со нежни зборови, поубави од секоја ружа и орхидеја и.... знае да биде до мене и кога е далеку.
Чудо некое, таква енергија ми надојде и волја за се‘. Волја за утрешниот колоквиум за кој вечерва треба турбо да се спремам. И не се осеќам како бруцош, туку како апсолвент, и тоа како утре да не треба да полагам, туку да се сликам за табло. И си се умишљавам како се појавувам во секси црвен фуста, нога гола, бам!бам! Море опасна сум јас, ај ти
Man ! I feel like a woman <object width="480" height="390"><p...e" width="480" height="390"></embed></object>
И јас сум гладна. Уште не можам да се навикнам на малиов внес на храна. А и ми се пивнува некако Поготово денес(не па дека некој друг ден не ), ќе си пивнев една чашка црвено пред спиење... Ама нејсе. Другото во ред е.