Како ќофте некое огромно се чувствувам. Како буре! Ми се чини се‘ да туриш во мене се‘ ќе собере и плус место ќе остане. Ах како би го смачкала ова сега, иако мразам Кока Кока и иако овие чуденцава од МекДоналд‘с не ме најадуваат.
Аххх денес сум факинг прфект, после вежбање убав туш ми се чини нема ништо поубаво! Вредна, џанам таква сум ти ја уште од понеделникот и цела недела саде чистам низ дома, ако уште еднаш пуштам прафосмукалка ќе ме избркаат од дома Леле да не се пореметив ја малку ? Не дај боже да видам долу на тепих раска, одма ја збирам и ги опоменувам да не трошат (мрват) или во краен случај си ја пуштам мојата партнерка во танцување музиката в крај и си смукам, ем калории трошам, ем душата раат и мириса на чисто, ем ми е мака ако некој ми истроши, а само што сум завршила цк, (како хоби ми е смукањето ) Друго што да ви кажам, научив (т.е прочитав од книга) дека во општество каде преовладуваат омразата, злобата, насилството секогаш страдаат само добрите, така да нашево општество наликува на такво, па поубо да си се претворам во ѓаол Љубов слабо, школо таман, спиење по 5 саати и друго не ви кажувам .
Средно жалосно.. демек ќе учев, а ништо не научив.. само се шетам од тросед на двосед, бар надвор да излезев да прошетав ко човек
Нерасположено!!! Спортска среда, навидум убава, ама сепак прво глава ме боли од ладниот ветер денес, а јас па уште ќе пешачам, абре земи си на ладново такси Па бев на натпревар нашиве ракометари да ги гледам, кои играа како аматери! Смрзнав во сала и се наголтав 1 кило прашина од големото знаме кое не беше спуштено со месеци Па дома си го гледав мојот Милан за да изгуби и да не оди понатаму во Лига Шампиони! И сега ќе си легнам зашто доста ми е од овој неубав ден кој на спортска душа како мене му дава милион главоболки!
Одморено! Се изнаспав некои 12-13 саати, полна сум со елан, а и времево ми го зголеми расположението. Денов ми е посветен на дружби и кафиња, без некои обврски, така што ќе биде ова убав ден
Чудно, вчера викав ми фали љубов, денес изјави на љубов и сум збунета неочекувани личности. После 2 години сингле статус (кој треба да го сменам) освен со малото што се плеткав и се плеткам онака ! Ах не знам! Важно да има љубов!
Без желба за живот, без желба за ништо друго. Со желба да отидам некаде и никогаш да не се вратам. Ете така, утепано, разочарано...
Како океан. Во прилог на тоа, слушнете го албумов во живо -http://www.wdr.de/tv/rockpalast/extra/videos/2008/1022/young_gods.jsp Среќна, исполнета, ќе одам со мачорот низ парк да се фоткаме и да правиме криви фаци. Шеќерна волна и капа љубов полна! Дојдоа моите неважни мигови, гледам јас...