Бедно, празно, осамено... веќе не знам ни јас самата како да ја објаснам оваа моја емотивна состојба.
Никако. Секако. И јас не знам како. Баш чудно денес. Ако го преспиев денот немаше ништо да изгубам, пропуштам, научам .. Бескорисно.
Можам да кажам дека најубаво од цел ден беше времето надвор,друго се тапа,не ни си ги завршиш обврските кои си ги планирав за денес нити пак нешто друго...
Тешко на тој што ќе се најди пред мене , во моментов најмногу ми треба една боксерска вреќа да се испразнам !
Глупаво, мрзливо, површно Земав да учам, ама немам концентрација, па решив да правам семинарска ама и тоа не ми оди, не знам што ми е, имам некоја тежина која не ми дава да се опуштам
Баааш исто Сеси. Глуп, туп ден... Тооолкава тага има околу мене, па и во мене... Како поминува времето , повеќе боли. И тука.... а таму...? Аххх, тешко е... колку и да се правиме силни... не бива, џабе е. Ме стега внатре... сакам да се исплачам, бесна сум... ама се правам силна... ама не можам веќе, се гушам... бесна сум, лута сум... а нема на кој да се налутам, нема кој да го обвинам! Ахх...
пијано успеав после уморното утро кое го поминав во чистење на собата да се фрлам на ручек и кој фала богу затоа што само ручам со нетрпение го чекам и оп пред ручек салатичка и ракииче на не едно не две ми се угоди и завршив со три не за друго туку ми го релаксира цел ден баш онака ми беше топ а и воглавно морав некако да ја завршам неделата во која очајно се борам со мојот глад и желбата за еден хамбургер. Во целост денес сум екстра расположена и спремна за утрешните нови предизвици
Исполнето. Работа, како работа, неделно уморно. Потоа кафе и смешки во Чаршија, мусака кај Мери на ручек со љубовта, прошетка по празен плоштад, гушкање под сијалици и шмекање низ прозорско стакло од автобус. Го сакам неговото тело и душа, така чувствувам денес. Пријател кој нема да си отиде. А и љубов која може да се сочува и низ најздодевните ќошиња. Едвај го чекам вторник, Иван ќе прави промоција на книгата негова, јас ќе читам расказ и интро, едноставно животот е убав кога има уметност што ти ја чисти душата. Денес, и покрај сиот умор, јас во себе држам хумор. Сонцето посилно свети за мене, А + А = бескрајна забава! Го љубам кога ми доаѓа од позади и ме бакнува за врат со шепот дека сум посебна. Сум. За него.
Несредено, во смисла: не можам се‘ уште да средам импресии од изминатиот викенд. Богат, бериќетен викенд Јас и ти на седмо небо...
Се чувствувам среќно, исполнето, енергично...изгледа ова лажливо сонце што ме ѕирка преку прозорецот ми ја дава оваа позитивна енергија и се надевам дека ќе ја пренесе на сите
Малку ненаспано бидејќи учев ноќеска, а станав сабајлево во 9 Ама ќе одам малку на џогинг со Тара (пекинејзерот мој најенергичен!) па ќе се расонам
Тажно....упорно рушам тешко изградени мостови позади себе..... До кога вака???????????.......од мене зависи...а јас неможам да се сменам...
Срекна Отпочината...им благодарам на маж ми и мама, коишто ми помагаат многу аз и Мартин да сме добри